Промена на стрелките на часовникот (зимско/летно сметање на времето), за или против?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за прифаќање на рускиот модел -неменување на стрелките еден час понапред?

  • Да

    Гласови: 50 69,4%
  • Не

    Гласови: 22 30,6%

  • Вкупно гласачи
    72

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Медимите велат:

Русија останува во „летното време“, по Законот за сметање на времето, кој е донесен на иницијатива на Претседателот на Русија Димитри Медведев.

Подоле во информацијата се наведува:
Според истражувањата на руската Академија на науки, во периодот на менувањето од летно во зимско и обратно сметање на времето се зголемува бројот на срцеви удари за 1,5 пати, а стапката на самоубиства се зголемува за 66%(!)

Јас сум сигурен дека скратувањето на денот кај сериозна бројка од луѓето влијае врз расположението и кај многу од нив предизвикува депресивно и мелахнолично расположение. Во суштина реално многу е лошо кога работно време завршува во 17 часот, а надвор веќе е темно.

Следејќи го примерот на Русија, на истата одлука се подготвуваат да прејдат и Белорусија и Украина, а за нејзините добри страни се повеќе говорат жителите на Данска.

Каков е вашиот став, Дали Македонија треба да го прифати системот на Русија и стрелките да не ги поместува во согласност со зимското сметање на времето?
 
Многу е супер сабајле кога ќе ставаш пред петлите во црна темница и до 8 часот ќе се осеќаш како да е 10 вечерта.
 
Шо е до мене, јас сум за да не се менува. Не дека ми смета којзнае колку менувањето на времето, ама пак и негледам зошто мора да го поместат сатот. Логично е пладне да биде на средина од денот. Со ова, пладне е во 11 сатот... Башка после работа ништо дома неможиш да чепниш. Се стемнува во 4.

Многу е супер сабајле кога ќе ставаш пред петлите во црна темница и до 8 часот ќе се осеќаш како да е 10 вечерта.
Aко живејш во Шпанија, ова ќе ти биди секојдневие...
 
Ама ако живеам во Шпанија.Е сега дали јас живеам во Шпанија?
 
Јас сум за да не се менува. Ептен е заебано првиот ден, ако не го наместиш саатот претходниот, особено за тие што се на работа. И нормално дека ќе делува депресивно кога стануваш темница, се враќаш од работа пак темница. Работава кај работам јас во рудник !?

Море треба цела зима да не се оди на работа. Како мечките да хибернираме.. ;)
 
Ако се покаже добро кај Русите т.е. тоа да не им прави проблеми зошто да не го прифатиме. Светот не стои, го движат промените. ;)
 
Море треба цела зима да не се оди на работа. Како мечките да хибернираме.. ;)
Убава мисла, само треба со земјоделие и сточарство (зимно време кога ќе ти здосади од седење по дома) да се занимаваш.
Инаку немав некоја замерка порано, но одкога почнав на работа да одам првата недела не можам да се стабилизирам ниту добро спиење ниту добро работење, нервозен, си ставал секоја ден во 6.30, сега тоа е 5.30, како што Медведев вика како знаат кравите ако вчера си ги молзел во 5, а денес во 4 дека е сменето времето треба да си остане летното сметање на времето, или првата недела при промена да се прогласи за неработна за да можеш да се акомодираш.
 
Ние со сила го затемнуваме денот и се водиме од тоа како светот така и ние.Во скандинавија плачат за што повеќе светли денови ние обратно правиме.
 
Не ми е јасно на кој му текнало да се менува времето и која е причината за тоа.Нека појасне некој ако знае.

Јас сум против,нема логика да менуваме нешто вештачки. Се знае едно време и тераш по тоа,не е воа оро 2 назад 3 напред.
 
Мене пак ми е сеедно, не сфаќам како им влијае на расположението и слично, мене ми е исто.
Можеби ќе има некои економски последици но за тоа и не се засегам ја.
 
Кога се воведуваше, се збореше за наводно некоја заштеда. Дека повеќето фирми работат главно претпладне, ако разликата од еден час е еднаква на разлика во температурата зиме од 1-2 степени и ако времето за кое ќе светат сијалиците исто се намали за 1 час...така некако им одеше пресметката.
Една година утнавме со менувањето летно зимско и се направи хаос со авионскиот превоз.
 
abe normalni se ovie od kulturoloshkiot zapad ., ili nozete im smrdat ., ta toa tie si go napravile ovoa za nivni potrebi ., za nas vo makedonija nema potreba od menuvanje na chasovnite zoni/ da dobro prochitavte /., isto ko so vozenje so svetla prekuden., ., vo anglia mislam beshe sega so promena na vremeto moraat da palat svetla na kolite a ne cela godina ., zborot mi beshe ., sekoj si raboti zavoite potrebi i uslovi., ., a ne samo bukvalno preneseni nivni zakoni., ., e aj tie ., vo juli neka imaat +40 ., ., e nemaat ., i taka se odnesuvaat:D
 
Нон-стоп да е на летно сметање на времето - за да иаме повеќе сонце дневно.
И онака е докажано дека веќе не е од никаква корист менувањето на саатот.
 
Јас сум за да не се менува. Ептен е заебано првиот ден, ако не го наместиш саатот претходниот, особено за тие што се на работа. И нормално дека ќе делува депресивно кога стануваш темница, се враќаш од работа пак темница. Работава кај работам јас во рудник !?

Море треба цела зима да не се оди на работа. Како мечките да хибернираме.. ;)
Ќе си земеш некој смарт фон, кај мене само се смена времето. :D
 
Не ми е јасно на кој му текнало да се менува времето и која е причината за тоа.Нека појасне некој ако знае.

Јас сум против,нема логика да менуваме нешто вештачки. Се знае едно време и тераш по тоа,не е воа оро 2 назад 3 напред.

Пепси, природно е тоа менувањето а наше е да ги смениме само стрелките.
Во зима денот е пократок а во лето е подолг. За пример, порано кога сонцето ќе било точно на средина, со стап мереле и тогаш било точно 12 часот среде пладне. Е сеа ако ги оставиш ти стрелките исти, кога ќе биди во зима, ќе биди 13 часот, а сонцето точно на пладне ќе стои, а треба да биди 12 часот.
Тоа е логиката. Дека не ме бендисува мене , не ме бендисува, посебно шо ќе се навикниш да стануваш во 6, а коа се потерува напред иди 7 часот значи фактички ќе станиш како во 5 сатот. Сјебано е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom