Што се случи со неделата?
Каде е она непишано правило- шест дена работи, а седмиот одмарај, или читај книга, или отиди во природа, биди нешто друго- нешто поразлично од она што си останатите шест дена. Забави го ритамот.
Порано таа беше ко рајска градина - ден меѓу јавето и сонот
Ден во кој можеше се’ да почне, а ништо не мора да се заврши. Чардак ни на небо ни на земја.
Порано се сеќавам секоја недела беше празник.
Станување бавно,ништо не беше брзо ,ниту нагло,па расонување со тукушто приготвено кафенце,па семејни ручеци(додуша кај нас ова сеуште важи
![Палец горе (y) (y)](/styles/default/xenforo/smilies/thumbsup.png)
) .
Неделата беше поим за опуштеност, спорост -ден каде никаде немораш да брзаш.
Ден во кој се заборава минатото, и не се мисли на иднината.
Минатото- е изминатата работна седмица -која треба што побрзо да се отфрли од мислите, а иднината - тоа е всушност новата работна седмица која доаѓа со понеделникот.
Крајно време е да ја вратиме НЕДЕЛАТА.
Некогаш неделите беа стварно НЕДЕЛИ- ден за одмор -дури ни продавници не работеа- додуша некаде до 10 часот кога можеше да купиш леб, млеко погачици, па и весници.Се друго беше затворено и се уживаше во неделниот мир.
На пазар се одеше в петок ил сабота .Тоа беше вистинскиот ден за купување пиперки, лубеници....(Моите и понатаму одат на пазар сабота
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
)
Недела беше ден за излети. Ден кога улиците беа празни......
Меѓутоа, кога денес излегов надвор- како да беше среда или петок.
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Се’ работи, сите продавници отворени, пазарите ...што да ти раскажувам, па дури и аптеките.
ЕЕЕЕЕ само банките не работеа, но тоа и го очекувам - оти и онака тие најмалку работат.Доколку банките почнат и во недела да работат- знајте дека наскоро доаѓа крајот на светот.
Во некои држави, ко например Иран, ден за одмор е петок, а работната седмица започнува со сабота. Други муслимански држави одмараат во четврток и петок.