Збогум „Чичко Стоилко“ и компанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Таруно
  • Време на започнување Време на започнување
Можеме колку сакаме сите да крекаме, ама да не испоцркаа за нас многу луѓе, ние денес немаше да имаме можност да бидеме слободни луѓе (ова условно го кажувам, никој не е слободен, но јасно е што мислам), туку ќе бевме нечиј покорен народ. Затоа не гледам спорно во тоа што се гради - освен што е премногу на едно место.
Wow, каков начин на изразување на почит кон тие луѓе, едноставно остава без зборови.
Ме чуди како сите што пишавте дека тоа е само место каде продаваат сендвичи со недопржени компири и не-знам-какви плескавици (да не се враќам назад низ темата) досега, после 20 страни, не сфативте дека не се работи за сендвичите, трафиките, времен-невремен објект, туку се работи за начинот на кој се спроведува сето тоа. Систематски се уништува духот на градот и тоа насилнички, без можност за избор, без место граѓаните кои живеат во тој град да дадат свое мислење за тоа и да воопшто имаат впечаток дека некој ги слушнал, па макар и после било игнорирано истото. Граѓаните кои го избрале тој кој ги носи тие одлуки се комплетно игнорирани. И, да, можеби беше време да се смени тој дел од градот, можеби беше време да се направат сите тие измени, но не на овој начин. Тоа е она што ги фрустрира сите кои вистински се чувствуваат и се жители на градот.
Иако, морам да се согласам со Везилка, треба да си погледнеме малку подалеку од носот. Ако ништо друго, таа топилница ни е на 50 километри од Скопје, мислите кај нас не стига загадувањето? Да, друга тема е тоа, последниов пасус ми е офтопик, ама не можев да не искоментирам.
 
Конечно едно разумно размислување, наспроти оние (каде и покрај укажувањата на крајот никаков ефект) каде свесно се удира со глава во ѕид.
 
25 страни за сендвичара.. значи стварно ние Македонците со глупости се занимаваме,наместо со суштински работи
 
Да, тешко е на помалку страни да објасниш нешто на некој кој одбива (или не може) да сфати :unsure:
 
Иако, морам да се согласам со Везилка, треба да си погледнеме малку подалеку од носот. Ако ништо друго, таа топилница ни е на 50 километри од Скопје, мислите кај нас не стига загадувањето? Да, друга тема е тоа, последниов пасус ми е офтопик, ама не можев да не искоментирам.
Да појаснам само... Не ми беше поентата кога ја спомнав топилницата да постигнам ефект на сожалување спрема нас. Туку ми падна на некој начин глупо што ете, вие се замарате за некоја си сендвичара и 25 страни се убедувате дека компирите биле недопржени, ви ги рушат спомените од детството итн, додека ние овде сме исправени пред сериозен проблем, ама на тоа ретко кој обрна внимание. Поважен е Стоилко од иднината и здравјето на цел еден град. Кога сте веќе поборници за нешто, дајте поддршка за проблем од ваков сериозен карактер, а не да ја тупите за Стоилко кој ќе биде сигурно преместен на некое друго место. Вас ви го силуваат градот со споменици, а ние силувани 30 години и допрва пак сакаат, што да речеме?
 
Со сета почит, но каде беа Велешани да не поддржат во протестите против полициска бруталност !?
Да бараш од некој поддршка, а притоа ти да не даваш своја за него или барем разбирање за тоа што го збориме тука, е тотално без осет.
Као работава, нашиот проблем е поголем и посериозен, кој ве врти за вашите глупави и мали проблеми.
Не можеме да си помагаме, ако првенствено не се разбираме и поддржуваме.
 
Имаше мирни протести и во Велес. Не беа во голема бројка, ама имаше. А сигурно имало и меѓу Скопјани на протестите некој од Велес. И споредбава не држи вода.
 
25 страни за сендвичара.. значи стварно ние Македонците со глупости се занимаваме,наместо со суштински работи

Како преродбата, така?

Иначе пак се занесовте а? Ај враќајте се на сендвичарата проблемот. За мене хамбургер со повеќе кечап. Фала.
 
Терај ти работа, не ми наметнувај мене мислења, ја што сум сакал да кажам или што мислам.. има икс други многу побитни проблеми у државава од една обична сендвичара
 
Да појаснам само... Не ми беше поентата кога ја спомнав топилницата да постигнам ефект на сожалување спрема нас. Туку ми падна на некој начин глупо што ете, вие се замарате за некоја си сендвичара и 25 страни се убедувате дека компирите биле недопржени, ви ги рушат спомените од детството итн, додека ние овде сме исправени пред сериозен проблем, ама на тоа ретко кој обрна внимание. Поважен е Стоилко од иднината и здравјето на цел еден град. Кога сте веќе поборници за нешто, дајте поддршка за проблем од ваков сериозен карактер, а не да ја тупите за Стоилко кој ќе биде сигурно преместен на некое друго место. Вас ви го силуваат градот со споменици, а ние силувани 30 години и допрва пак сакаат, што да речеме?
Се работи за два различни проблема, а и ти изгледа го прескокна првиот дел од мојот пост во кој објаснувам за што се работи. Најмалку се работи за спомените од детството, сендвичарата, сендвичите, теткиците, но, ете, пак ќе кажам, два различни проблема се и не може да се споредуваат.
Во секој случај, и ние и вие сме "силувани", принципот е ист, само последиците од "вашиот" проблем се многу посериозни. "Вашиот" го ставам во наводници затоа што тоа е проблем на целата држава, не само на Велес и се согласувам дека треба сите да се вклучиме и да дадеме поддршка во тоа. Но, не се согласувам дека ова е банална тема и дека не треба да се дискутира на темата.
Јас воопшто не те сфатив како да сакаш да постигнеш ефект на сожалување.
Сфатив дека сакаш да го банализираш она со што се занимава темава, но она што ни ти, ни другите не го сфатија е она што го пишав погоре. Само неколку члена всушност успејаа да сфатат дека на темава се протестира против силувањето и дадоа мислења во согласност со тоа, останатите кои изгледа не го сфаќаат тоа затоа што се или премногу заслепени или премногу млади за да го сфатат, за жал, ја банализираа темата со дискусии околу квалитетот на компирите.
 
Имаше мирни протести и во Велес. Не беа во голема бројка, ама имаше. А сигурно имало и меѓу Скопјани на протестите некој од Велес. И споредбава не држи вода.

Не држи вода за тој што не сака да држи вода. Тоа е моето мислење, а ти како сакаш протумачи го.
 
Wow, каков начин на изразување на почит кон тие луѓе, едноставно остава без зборови.
Ме чуди како сите што пишавте дека тоа е само место каде продаваат сендвичи со недопржени компири и не-знам-какви плескавици (да не се враќам назад низ темата) досега, после 20 страни, не сфативте дека не се работи за сендвичите, трафиките, времен-невремен објект, туку се работи за начинот на кој се спроведува сето тоа. Систематски се уништува духот на градот и тоа насилнички, без можност за избор, без место граѓаните кои живеат во тој град да дадат свое мислење за тоа и да воопшто имаат впечаток дека некој ги слушнал, па макар и после било игнорирано истото. Граѓаните кои го избрале тој кој ги носи тие одлуки се комплетно игнорирани. И, да, можеби беше време да се смени тој дел од градот, можеби беше време да се направат сите тие измени, но не на овој начин. Тоа е она што ги фрустрира сите кои вистински се чувствуваат и се жители на градот.
Иако, морам да се согласам со Везилка, треба да си погледнеме малку подалеку од носот. Ако ништо друго, таа топилница ни е на 50 километри од Скопје, мислите кај нас не стига загадувањето? Да, друга тема е тоа, последниов пасус ми е офтопик, ама не можев да не искоментирам.
Се согласувам со ова одлуките ги носат без никаква консултација, ко да се Избраните...
 
Не дека сум јадела многу многу од кај Стоилко па да сум против неговото рушење,ама па властиве наши се доволно паметни да направат цел проект Скопје 2014 а не знаат да изнајдат решение за Стоилко и останатите сендвичари таму и да не ги рушат (n) Попрво нека си ја срушат портата што си ја направија, и онака е како чир! И онака никој нема спомени кај портата, има спомени од пред Стоилко.
 
Веруј имаат они идеи за кои ние појма си немаме. Само со нивната моќ расте и нивната инертност која на крај ќе им го сврти столчето наопаку.

Исто и за нив и за сите останати во централно градско подрачје. (книги, тезгите кај кулата кај зелен пазар, цигнаите, стоилко, вили .... )
Иако има разлика помеѓу времениот на стоилко (времен ~40 години) и тезгите кои се ставаат пред новогодишните празници, тие се стварно од времен карактер после празници ги снемува.
.

Има разлика? ги снемувало веднаш после празниците? Ајде беее.. Од 2005та чичето што продава пиратерија = времето кога двд-та станаа во масовна продукција? Книжарите кои веќе 2 години продаваат книги вон своите продавници каде плаќаат висока кирија? За крофнарот да не зборам, веќе 7 години сигурно успешно си го тера бизнисот.
Поентата ми е, не е толку до сендвичарата колку до селективната правда. Ме иритира тоа дека после ова некој друг ќе дојде на истото место и ќе го изобличи за свои потреби. Исто како што се збори карши бристол градење на нова градба. Чуму ни` е и тоа таму?
Отидов офтопик но ја сфаќам вистинската порака што некои овде ја кажуваат со тоа што стојат зад зачувувањето на ова место.
 
Веруј имаат они идеи за кои ние појма си немаме. Само со нивната моќ расте и нивната инертност која на крај ќе им го сврти столчето наопаку.

Има разлика? ги снемувало веднаш после празниците? Ајде беее.. Од 2005та чичето што продава пиратерија = времето кога двд-та станаа во масовна продукција? Книжарите кои веќе 2 години продаваат книги вон своите продавници каде плаќаат висока кирија? За крофнарот да не зборам, веќе 7 години сигурно успешно си го тера бизнисот.
Поентата ми е, не е толку до сендвичарата колку до селективната правда. Ме иритира тоа дека после ова некој друг ќе дојде на истото место и ќе го изобличи за свои потреби. Исто како што се збори карши бристол градење на нова градба. Чуму ни` е и тоа таму?
Отидов офтопик но ја сфаќам вистинската порака што некои овде ја кажуваат со тоа што стојат зад зачувувањето на ова место.

Не водам евиденција за крофнарите, а мислам дека не водиш ни ти, цифриве се некако истресени од ракав, а и да не се, се надевам дека побрзо ќе ги избркаат да не грдат простор.
Средината во која живееме сите се менува, пола центар се промени за пар години, тоа е непобитен факт, места кои мене ми биле драги исто ги нема, и на нивно место нема ништо, па не вриштам по форуми.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom