Снимањето заврши,што заврши, но татариве никако да престанат со гомна јадење.
Бугарски европратеници му се жалат на Фуле – македонскиот филм „Трето полувреме“ бил навредлив
Европратениците од Бугарија Евгениј Кирилов, Андреј Ковачев и Станимир Илчев се пожалиле на еврокомесарот на проширување Штефан Фуле дека македонскиот филм шири историски манипулации кон Бугарија – пишува „novini.bg“.
Тие дури ги повикале организациите кои го финансираат филмот да ја повлечат поддршката или да гарантираат „дека сценариото ќе биде променето така да не содржи историски манипулации кои поттикнуваат јазик на омраза меѓу соседни држави“.
Без да наведат што во содржината на филмот ја предизвикало реакцијата, тие испратиле писмо до Филе во кое пишува:
„ Очигледно повторно стануваме сведоци на еден од многуте случаи на градење на македонскиот идентитет врз историски фалсификати“.
Во писмото кое го објави агенцијата Фокус стои:
„ Би сакале да потсетиме дека Бугарија е соседна земја која секогаш и помагала на Република Македонија на патот кон ЕУ и прва ја призна независноста на македонската држава во 1992 година. Затоа очекуваме да го поставите прашањето на користењето на јазикот на омраза кон Бугарија во официјалните контакти со македонските институции по повод процесот на присоединување на Република Македонија кон ЕУ“.
Филмот „Трето полувреме“ е љубовна приказна меѓу македонски фудбалер и богата Еврејка која се случува за време на егзодусот на македонските Евреи во Втората светска војна.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=82041