Трето полувреме

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Јас колку што знам снимањето треба да заврши некаде на крајов од месецов,а може и да е веќе завршено.За статистни незнам дали викат уште,зашто јас додека идев се збореше дека тоа се меѓу последните сцени со статисти што се снимат.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
29
Поени од реакции
15
аха...на тв уште не кажаа дека е завршено снимањето
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Другар, ама не е баш за во чаршија, мислам дека ја сменија локацијата. Зошто?
Не знам претходно кај се снимало во чаршија, ама сега беше во Капан Ан.
Инаку денес е последниот ден од снимањето:


Последна клапа на „Трето полувреме“

Скопје, 26 октомври - Утре во 11часот во Меморијалниот Центар на Холокаустот во Скопје, ќе се снима последната клапа од играниот филм „Трето Полувреме“ во режија на Дарко Митревски.

Филмот започна со снимање на 10 септември и трае речиси седум недели.

Главните улоги ги имаат Сашко Коцев и Катарина Ивановска.

Почнувањето на снимањето на филмот беше проследено со низа скандали. Незадоволниот српски актер Сергеј Трифуновиќ, кој требаше да ја игра главната улога, ја напушти екипата, истото се случи и со актерката Камка Тоциновски, која била исфрлена од екипата во текот на преговорите за хонорар.

извор: журнал
 

Tako

Student
Член од
26 октомври 2011
Мислења
23
Поени од реакции
11
Najverovatno najsamouverenata devojka sto nekogas sum ja videl u zivot

...a pak ima drugi devojki sto mi se poubavi (don't know why)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Снимањето заврши,што заврши, но татариве никако да престанат со гомна јадење.
Бугарски европратеници му се жалат на Фуле – македонскиот филм „Трето полувреме“ бил навредлив

Европратениците од Бугарија Евгениј Кирилов, Андреј Ковачев и Станимир Илчев се пожалиле на еврокомесарот на проширување Штефан Фуле дека македонскиот филм шири историски манипулации кон Бугарија – пишува „novini.bg“.
Тие дури ги повикале организациите кои го финансираат филмот да ја повлечат поддршката или да гарантираат „дека сценариото ќе биде променето така да не содржи историски манипулации кои поттикнуваат јазик на омраза меѓу соседни држави“.

Без да наведат што во содржината на филмот ја предизвикало реакцијата, тие испратиле писмо до Филе во кое пишува:

„ Очигледно повторно стануваме сведоци на еден од многуте случаи на градење на македонскиот идентитет врз историски фалсификати“.
Во писмото кое го објави агенцијата Фокус стои:

„ Би сакале да потсетиме дека Бугарија е соседна земја која секогаш и помагала на Република Македонија на патот кон ЕУ и прва ја призна независноста на македонската држава во 1992 година. Затоа очекуваме да го поставите прашањето на користењето на јазикот на омраза кон Бугарија во официјалните контакти со македонските институции по повод процесот на присоединување на Република Македонија кон ЕУ“.

Филмот „Трето полувреме“ е љубовна приказна меѓу македонски фудбалер и богата Еврејка која се случува за време на егзодусот на македонските Евреи во Втората светска војна.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=82041
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Снимањето заврши,што заврши, но татариве никако да престанат со гомна јадење.
Бугарски европратеници му се жалат на Фуле – македонскиот филм „Трето полувреме“ бил навредлив
Ахаххаха... на што се жалат бе, филмот не го погледнале, не ни можат, оти е во постпродукција сега, а тие се жалат дека бил навредлив. Врз која основа, кога не знаат ни за што се збори во него. Смешни Бугари. :icon_lol:
 
S

Sagan

Гостин
Ау, сега дознавам за испадите на бугарските европратеници. Кои историски невистини? Цар Борисовата фашистичка окупација на Македонија? Депортацијата на македонските Евреи? За што конкретно приговараат?
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Ау, сега дознавам за испадите на бугарските европратеници. Кои историски невистини? Цар Борисовата фашистичка окупација на Македонија? Депортацијата на македонските Евреи? За што конкретно приговараат?
Верувај и они самите незнаат за што приговарат.
Изгледа ги боли вистината.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.200
Ај сега да видиме кои постови ќе се бришат. Го ценам тоа што сте пишеле долги исцрпни постови, ама со оглед на тоа што подфорумот Политика е одамна затворен, Историја ви е на располагање во секое време, а ова е Филм и Тв, правилата се јасни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom