Ајде да ја пренасочи ме темата во друга сфера еве едно прашање за атеистите.Ме интересира доколку вашиот партнер е некаков си верник како делувате
на него? Или пак пред да го одберете за брачен партнер прашувате за тоа и доколку е верник се откажувате од него-а или се трудите да го промените,да наметнете свое мислење и доколку не би успеале во тоа што би направиле а парнерот или партнерката толку ви се допаѓа,си ја сакате а размислувањата се во обратни насоки тогаш што се случило?
Еве Џулија, мојот пример е таков. Мојата сопруга е верник, можеби не до толку да пости секоја сред и петок, и слично, туку едноставно има верба во Господ и Исус.
Јас лично немам проблем со тоа, ама никаков.
Се декларирам себе си како Христијанин бидејќи го сметам тој збор како синоним на човечност, хуманост, доброчинителство и еден куп други работи со предзнак добро и хумано. Но, едно големо но, мојоот здрав разум и логика (барем за мене се здрави и за голем дел од околината истомисленици) не дозволува верување во повисок ентитет кој влијае врз секоја моја постапка во животот. Ако тој ентитет се нарекува божество, тогаш според горенаведеното јас не верувам во тоа божество, што од друга страна по разно разни дефиниции ме прави атеист.
Значи едно е дебата и дискусија за тоа дали некој е во право или не, а друго е наметнување на став. Ова е дискусија во која тешко може да има било каква наметнување од било која страна. ТОа му доаѓа како до утре да дебатираме дали Милан или ЈУвентус е најдобар италијански клуб.
Немам воопшто проблем да ги испочитувам нејзините желби, кои се поврзани со православната христијанска религија то ест венчавка во црква (го сторив тоа) и крштевање на дете (го сторив тоа) по сите православни обичаи.
Не чувствувам потреба ако нешто на некого му се допаѓа и го чини среќен, а од друга страна за мене не претставува ама баш никаква закана или нешто слично, да му го оспорувам од чиста ароганција и самобендисаност.
Но секојпат ќе си го кажам моето мислење за таквиот чин, нели?
Е сега, на пример ситуацијата со Веронаука во училиштата секако би изреагирал и би бил против изборот на такво нешто во училиштата.
Едно е почитување на Христијански традиции, поради почит кон останатите и поради тоа земање учество во истите, а друго е наметнување на истите како еден вид учење и образование на деца.
Отприлика, се надевам дека ти доловив тоа што те интересираше. А сега ред е ти да кажеш што би сторила со партнерот ако ти е ептен хардкор атеист, и не сака ни да чуе за брак и крштевки. Што тогаш?
Мене не би ми сметала тврдокорна верност и почитување на сите обичаи, бидејќи не се чувствувам засегнат ако ги исполнам истите, а ти како би реагирала на спротивното?