Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
И каков е проблемот? Што ако е мачор, мене помили ми се мачорите и поприврзани се со домаќинот, мачките се шмизли и кога им е ќејф само идат да се мазат :confused: Инаки за проверка крени опашот ако има две топчиња мачор е (освен ако не е кастриран)
Сака да ја пари он.зато така рече :)
 
Моето бебе- мачорче, иако веќе не е баш бебе, 6 месеци е (ама јас така си го викам)...јаде сува храна + млекце + водичка најнормално + манџичка (ориз, леќа, компирчиња (тавче) + чат пат кити кет + му давам секој 2 ден пивски квасец (таблетки) да пие... Доволно е? Или уште нешто ви иде на памет?! Слободно пишете ми :p
 
Еве го мојот мачор! Ми го подарија пред некој ден, веќе има година и некои 4 месеци, јаде мачешка храна стрикно и кака во специјален песок за какање :pos:
Многу е убав, ми го подарија поради тоа што повеќе време било само дома, а кај мене редовно има некој, така да мачето е опсипано со внимание сега :)
307179_309591445724196_100000200293131_1458697_1963541738_n.jpg

309631_309616025721738_100000200293131_1458756_998319062_n.jpg
 
ЈАс еднаш го избњав бишето мое,ама грбење ем нараквиците ми ги скина и ме одрази цела ем и наместо мачката да ја бањам јас се избањав.Првиот пат со туш и очи извади,а вториот демек ај по полека во еден сад полн со вода и шампон ја пикав ама и таму не сака е сега проблемот како да а избањам 6 месеци е а чуваме и надвор и дома...и сега извалкана е.
Кога ја носам во WC ми се качува по вратот и срцето му чука сто на саат.Ме стра да не цркне сред банањеo_O
 
Сакам да знам дали можам да го сушам со фен откако ќе го избањам !? ...на тој начин крзното му е помеко, поубаво и побушаво, но дали е во ред...не знам
 
Сакам да знам дали можам да го сушам со фен откако ќе го избањам !? ...на тој начин крзното му е помеко, поубаво и побушаво, но дали е во ред...не знам

Можеш,само гледај со некој по тивок фен и од по далеку...
 
Така се изнасмеав, чудо!:pos:

Ја предлагам ваков начин на бањање маче: го фаќаш мачето, го наводенуваш неприметно галејќи го со мокри раце, ги сапуњаш рацете а после и мачето; потоа го фаќаш мачето и како топка, од далеку, го фрлаш во леген со вода-како кога се дава кош. Мачето излегува бањато од легенот. После можеш да го сушиш со тивок фен! Ако го фатиш. :pos:

Тивок фен, бе!:pos:

Ваљда полуто од избањато маче, може да биде бањато и исфенирано маче!:pos:

Абе, многу сте заебани, да му се сневиди!:pos:

А, сеа ќе бидам озбилна и кратка-маче НЕ СЕ БАЊА!

Да бидам искрена, не се бања ниту куче!:coffee:
 
Имам избањато една мачка, поточно тоа беше обид да ја избањаме. Ни се моташе во двор долго време и јас сестра ми и братучедка ми решивме да ја избањаме. Ја пикнавме во ВЦ и ја намокривме со тушот, почна да драска и ни избега зад шољата. Кога ја отворивме вратата од ВЦ истрча надвор, и повеќе не се врати кај нас во дворот. :(

Сега се чудам како ќе го бањам ова што го чувам, aма кога ќе се случи тоа ќе го овековечам моментот Пред и ПОТОА (персиски е:pos:)
 
а како ги цедите мачките по бањање??
моите не издржуваат повеќе од 2 цедења
 
Они сами си се бањаат, со јазикот.
Поарно убиј го отколку да го бањаш, тоа за нив е мачење.
 
Zar samo moeto macorce e tolku mirno, dusickaaaaaaaa e saka voda i banjanje ne mu smeta voopshto!
 
Кога се мали се бањаат, после кога ќе пораснат не треба, а и не сакаат да се бањаат. Тие сами си се бањаат како што напомена Иван погоре со јазикот.
 
Мојата се дере "мањаааак" кога ќе се обидам да ја избањам, така да ја оставам сама да си се грижи за хигиената по нејзиното здравје.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom