Таксират 13 од 25.11 до 3.12.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум им фан ама ги поштуем и затоа ќе идем, и за нешто друго.. :D
 
Buraka Som Sistema доаѓаат на Таксират!

Атмосферата околу новиот Таксират полека се вжештува, големите имиња веќе го најавуваат своето доаѓање на најпознатата зимска јужноевропска фестивалска дестинација. Фановите на Таксират од целиот регион ќе ги израдуваме со првиот хедлајнер на главната фестивалска вечер која ќе се одржи на 3. декември во Метрополис арената - Buraka Som Sistema доаѓаат на Таксират!
Кога би се запрашале кој би бил бендот на сегашноста што ја претставува новата светска електронска сцена, Buraka Som Sistema би биле сериозен кандидат. Португалската супергрупата, составена од дабстеп диџеи, MC-а и танчери од сите страни на светот ја нуди, во моментов најсвежата и најактуелна популарна електронска музика. Нивниот трејдмарк - африканскиот кудуро ритам, жанр кој оригинално доаѓа од Луанда, главниот град на Ангола, музика која ја создале младите на компјутери, обидувајќи се да направат нова хаус и техно музика, притоа не копирајќи го оригиналниот - го мешаат со разни мултиетнички музички влијанија и тоа го прават на посебен начин.
Формирани се 2006. година во Амадора, таканаречениот сателитски град на Лисабон, како тинејџерски сон на четирите пријатели João Barbosa (Li'l John), Rui Pité (DJ Riot), Andro Carvalho (Conductor) и Kalaf Ângelo. Нивниот прв голем хит "Sound of Kuduro", еден од апсолутните мегахитови на YouTube, со вокалите на популарната M.I.A и битовите на DJ Znobia им го отвори патот кон европскиот успех. Деби албумот од 2008. година "Black Diamond" ја смени глобалната слика за она што вообичаено го нарекуваме world music, а нивното последно издание од оваа година "Komba" веќе е омилено и од публиката и од критиката.

303071_225813250816954_100001648412300_686092_9814569_n.jpg


Buraka Som Sistema изградија репутација на бенд со најексплозивен настап, проследен со атрактивен перформанс на нивниот заштитен знак - брзите и снаодливи диџеи и MC-а, сценските ефекти, како и танчерската трупа која ѝ пркоси на гравитацијата. Нивниот концептуален кудуро доби повеќе светски потврди - 2007. година на MTV Europe Music Awards беа номинирани во категоријата New Sounds of Europe, во 2008. година од MTV ја добија наградата Best Portuguese act, а магазинот Fader во 2009. година ги прогласи за најоригинален изведувач на годината.

Она што можете да го очекувате од нивниот настап е уникатната смисла за хумор, адреналински ритмови и потење кое не сте го доживеале досега. Глобалната гето-фанк револуција доаѓа и во Скопје, подгответе се за Buraka Som Sistema.

http://www.facebook.com/notes/pаѕѕw...m-sistema-доаѓаат-на-таксират/226604324070252
 
Во продажба онлајн влезниците за Таксират 13

by Pаѕѕwоrd Рrоduсtion on Sunday, 23 October 2011 at 12:45

316593_226736740724605_100001648412300_689394_2074752067_n.jpg


Започнува продажбата на влезниците за овогодинешното фестивалско издание на Таксират. Новината во овогодинешната продажба е online продажбата на карти која стартува во среда, 26. октомври. На интернет адресата mktickets.mk посетителите на Таксират за првпат ќе имаат можност online да нарачаат влезница.
Online постапката за купување влезница е во неколку едноставни чекори. Потребно е корисникот да се регистрира на mktickets.mk и откако ќе го одбере бројот на влезници кои сака да ги купи добива пополнета уплатница која може да ја плати преку e-banking или во најблиската пошта или банка, по што автоматски на својата e-mail адреса ја добива влезницата за фестивалот која треба само да ја испечати на било кој домашен принтер, на обична хартија во A4 формат. Ова е најлесниот начин од дома да нарачате влезница за Таксират.
Како и секоја година најбрзите фанови ќе имаат и најефтини влезници. Првите 1000 влезници ќе чинат 600 денари, вторите 1000 - 800 денари, наредните 1000 денари, додека на врата влезницата ќе чини 1200 денари. Продажбата на влезници ќе започне и во Србија на Gigstix, како и во Бугарија на Ticketstream. Физичката продажба на влезниците стартува на 1. ноември во продажната мрежа на mktickets.mk.
Оваа година Таксират off програмата започнува на 25. ноември, a главната фестивалска вечер ќе се одржи на 3. декември во Метрополис арената.
Сега е лесно, кликни и купи карта за Таксират.

www.mktickets.mk

304207_226736924057920_100001648412300_689395_1723477663_n.jpg
 
Бунт на Таксират


by Pаѕѕwоrd Рrоduсtion on Tuesday, 25 October 2011 at 10:54​



Таксират ги најавува Atari Teenage Riot, во моментов најголемата светска „digital hardcore“ ѕвезда, бенд кој ќе настапи на 29. ноември во рамките на off програмата на овогодинешниот фестивал.
Аtari teenage riot е германски состав кој е особено познат по својата музичка радикалност која ја воведе во 90тите, револуционерен пристап кон музиката кој дотогаш никој не го практикувал. Нивната идеа електронските инструменти да ги комбинираат со панк филозофија ги дефинира како еден од бендовите со најоригинална естетика. Нивниот, сериозно ангажиран политики став е приказна за себе. Формирани во Берлин во 1992. година, практично како одговор на нео-наци субкултурата, Atari Teenage Riot ќе се промовираат како бенд со остри анархистички и антинаци ставови, критикувајќи го насилното опшеството во кое живеат. По неуспешната авантура со Phonogram Records веќе на стартот на својата кариера ќе ја формираат сопствената Digital Hardcore Recordings, со кое име ќе го дефинираат и жанрот. Alec Empire и Nic Endo, клучните членови на ATR, веќе во 90тите ќе добијат култен статус во современата музика, најпрвин поради трите албумски ремек дела Delete Yourself! (1995), The Future of War (1997) и 60 Second Wipe Out (DHR 1999), но и популарните бунтовни хитови „Destroy 2000 Years Of Culture“, „Delete Yourself!“, „Deutchland (Has Got To Die)“, и „Start The Riot“. Во 2000. година бендот го расформираат, за да повторно ненадејно се вратат на сцената во октомври 2009. година. Во Скопје доаѓаат во виститински момент, промовирајќи го нивниот овогодишен албум "Is This Hyperreal?. Познатите приказни за нивните фуриозни концертни настапи, пријателството со Beastie Boys, Rage Against The Machine, Wu-Tang Clan и Beck, успешните светски турнеи и политичките "испади" можат само да се дефинираат како "електроника со став".
По минатогодишниот настап на Manu Chao, еве уште малку анархистички вкус на фестивалот. Топло ви се препорачуваме со концертот на Atari Teenage Riot да нé посетите на 29. ноември. Atari Teenage Riot, палецот горе.

316113_227636087301337_100001648412300_692724_1534744864_n.jpg


Воедно, потсетуваме дека од утре започнува online продажбата на карти за опвогодинешниот фестивал. На интернет адресата mktickets.mk посетителите на Таксират за првпат ќе имаат можност online да нарачаат влезница. Online постапката за купување влезница е во неколку едноставни чекори. Потребно е корисникот да се регистрира наmktickets.mk и откако ќе го одбере бројот на влезници кои сака да ги купи добива пополнета уплатница која може да ја плати преку e-banking или во најблиската пошта или банка, по што автоматски на својата e-mail адреса ја добива влезницата за фестивалот која треба само да ја испечати на било кој домашен принтер, на обична хартија во A4 формат. Ова е најлесниот начин од дома да нарачате влезница за Таксират. Како и секоја година најбрзите фанови ќе имаат и најефтини влезници. Првите 1000 влезници ќе чинат 600 денари, вторите 1000 - 800 денари, наредните 1000 денари, додека на врата влезницата ќе чини 1200 денари. Продажбата на влезници ќе започне и во Србија на Gigstix, како и во Бугарија на Ticketstream. Физичката продажба на влезниците стартува на 1. ноември во продажната мрежа на mktickets.mk.

Оваа година Таксират off програмата започнува на 25. ноември, a главната фестивалска вечер ќе се одржи на 3. декември во Метрополис арената.

mktickets.mk
 
Вртев нешо по јутјуб од овие Atari Teenage Riot... бесна музика имаат че го бит интересантно :D
 
Ако се пак Дубиоза стварно лошо :S
 
нез мене не ми се верува за дубиоза .... ама не викам дека нема шанси можно е
 
Добро е, Дубиоза се у оф програма :D Кој си сака нека ги глеа :)
 
Добро е, Дубиоза се у оф програма :D Кој си сака нека ги глеа :)

Според тоа што B-Real, Atari и ланските учесници во главната вечер Дубиоза, ќе бидат се во офпрорама - се очекува ептен од главната вечер.
 
305836_228584513873161_100001648412300_695620_1620930725_n.jpg


http://www.facebook.com/event.php?eid=209910115749040

Бујрум евентот за Дубиоза. Се молев да бидат во off програмата, поубаво е чувството да ги слушаш/гледаш цела вечер само Дубиоза. :)

Oва е бенд за кого навистина не е потребна никаква особена најава. Важна е само датата: Дубиоза Колектив настапуваат на Таксират на 25. ноември во клубот Колосеум во рамките на фестивалската off програма.
По минатогодишниот феноменален настап на главната вечер на Таксират, Дубиоза Колектив доаѓаат во Скопје, по, навистина успешна година за нив - стотина концерти ширум Европа промовирајќи го нивниот последен албум "5 до 12", како и титулата MTV Best Adria act и трката за номинацијата за MTV World Wide act.

297049_228562433875369_100001648412300_695558_1684097176_n.jpg


Дубиоза Колектив е група која се создаде од потребата да се прозбори за важните проблеми на босанскохерцеговското општество и да му се покаже на остатокот од светот дека животот на Балканот постои и надвор од рамките на медиумскиот стереотип. Бендот во 2003та година го основаа Адис Звекиќ и Алмир Хасанбеговиќ (поранешни членови на групата „Gluho doba against Def Age“ од Зеница) и Бранко Јакубовиќ и Ведран Мујагиќ (поранешни членови на групата „Орнаменти“ од Сараево). Подоцна во бендот се приклучија и гитаристот Армин Бушатлиќ, тапанарот Сенад Шута и тон-мајсторот Драган Јакубовиќ, а во 2011та доаѓа и саксофонистот Марио Шеварац. Со текстовите на своите песни Дубиоза Колектив жестоко го критикува повоеното корумпирано општество во кое владеат национализам, негативна селекција и неправда, а истовремено ја промовираат борбата за слобода, рамноправност и праведен општествен поредок.

Зад ангажираните текстови стои бенд кој со својот општествен ангажман покажува дек навистина го мисли она за што говори. Во знак на поддршка на првото босанскохерцеговско активистичко движење Доста! организираа голем протестен концерт пред парламентарните избори во 2006та. Промоцијата на својот четврти албум „Фирма илегал“ ја одржаа пред зградата на босанскиот парламент, силно протестирајќи против корумпираната власт, со што го привлекоа вниманието на домашните и странските медиуми. Во 2010та година се вклучија во кампањата „Предизборно загревање“, која имаше за цел да ги поттикне младите да излезат на избори и да гласаат за промени, а во чии рамки одржаа концерти во сите поголеми босански градови. Кампањата резултираше со зголемен одзив на младите на изборите. Facebook страницата на Дубиоза Колектив, која бендот ја користи за секојдневна комуникација со својата публика, е една од најпосетените во регионот со база од 180.000 фанови. И сега, со интернационална издавачка куќа зад себе, мноштвото отсвирени и закажани концерти, Дубиоза Колектив ја продолжува својата мисија. Звукот на бендот е комбинација на традиционални музички форми со елементи на хип-хоп, реге, даб и рок’н’рол, обоена со единственото искуство кое засекогаш ги промени нивните животи. Нивните енергични свирки во живо се препознатливи како вистинско освежување на балканската музичка сцена.
Дубиоза Колектив досега имаат издадено 5 албуми „5 доo 12“ (2010), Firma Ilegal (2008), со мегахитот Blam (со 2 милиони прегледувања на YouTube), Dubioza Kolektiv (2007), Dubnamite (2006) и Open wide (2004).

Влезниците за концертот на Дубиоза Колектив ќе чинат 300 денари (400 денари на врата), а во претпродажба ќе можат да се купат во Југотон (Градски трговски центар, Скопје) веќе од 3. ноември.

316683_228562637208682_100001648412300_695559_1965143176_n.jpg


По концертот на Дубиоза Колектив ќе настапат Diskobajagi, аудио-визуелен диџеј перформанс на Брански и Ведран (Бранко Јакубовиќ и Ведран Мујагиќ, клавијатуристот и басистот на Дубиоза Колектив). Diskobajagi и нивниот несекојдневен „mish-mash“ музички концепт е создадена во 2008 година. Настапите во живо на Diskobajagi се микс на видео и музика, сегменти од музички видеа, документарни филмови, филмови, реклами и креирање неочекувани аудио-визуелни комбинации.
Diskobajagi ќе настапат на полноќ во рамките на afterparty забавата по концертот на Дубиоза Колектив. Влезот ќе биде слободен.
 
THE PRICKS на Таксират HIP HOP WORLD!

by Pаѕѕwоrd Рrоduсtion on Sunday, 30 October 2011 at 14:22

Ви ги откриваме The Pricks - уште еднa атракција од калифорниското подземје која ќе допринесе за ултимативното хип хоп искуство на претфестивалската Таксират вечер именувана HIP HOP WORLD! Американската група The Pricks ќе настапи како поддршка на концертот на легендарниот B Real (Cypress Hill) & The Psycho Realm кој ќе се одржи на 27ми ноември во клуб Колосеум во Скопје.

297898_229881017076844_100001648412300_700608_1108342202_n.jpg


Оформени во 2005, The Pricks не се само музичка група чиј звук е тешко да се дефинира, туку тие повеќе претставуваат движење кое со нивната музика пренесува порака за надеж. Со стил развиен под влијание на графити, панк и скејтбординг културата, групата ја формираат вокалот Brophy и продуцентот T-Nut, на кои подоцна им се придружуваат Chris Steel на клавијатури и Yoches на тапани. Многу скоро по оформувањето, бендот се здобива со хардкор фанови во андерграунд круговите и прераснува во подземен култ. Комбинирајќи ја панк рок позадината на Brophy со хип хоп пристапот на Tito и традиционалната west coast gangsta музика, групата развива уникатен свеж звук, а нивните распродадени концерти и „смртно посветени“ фанови ќе го привлечат вниманието на Cinematic Music Group етикетата со која бендот потпишува договор. The Pricks ги дефинира нивниот еклектичен и оптимистички став со инспиративни текстови врз цврсти бас, дури и trippy ритмови кои потсетуваат на музичките влијанија од артисти како Sublime, The Clash и Bob Marley. Преку музиката, напорната работа и пријателства, The Pricks движењето е суштински изградено врз идејата преку музиката, негативните ситуации да се претвораат во позитивни. Оваа есен беше одбележана со објавувањето на нивниот деби албум „Pricks4Life“, по што бендот ја започна својата турнеја, а неодамна беше објавен и нивниот најнов видео спот за „Ghetto Blaster“, песна на која гостува Smoke Dza, но и легендарниот B-Real со кој ќе настапат и во Скопје. Подгответе се да му се придружите на кланот!

Продажбата на влезниците за концертот именуван HIP HOP WORLD! започнува на 7ми ноември, во Југотон (прв кат, ГТЦ Скопје). Цената на билетите е 300 денари во претпродажба и 400 денари на влезот во клуб Колосеум.

Воедно, потсетуваме дека веќе е во тек online продажбата на карти за овогодинешниот фестивал. На интернет адресата mktickets.mk посетителите на Таксират за првпат ќе имаат можност online да нарачаат влезница. Online постапката за купување влезница е во неколку едноставни чекори. Потребно е корисникот да се регистрира на mktickets.mk и откако ќе го одбере бројот на влезници кои сака да ги купи добива пополнета уплатница која може да ја плати преку e-banking или во најблиската пошта или банка, по што автоматски на својата e-mail адреса ја добива влезницата за фестивалот која треба само да ја испечати на било кој домашен принтер, на обична хартија во A4 формат. Ова е најлесниот начин од дома да нарачате влезница за Таксират. Како и секоја година најбрзите фанови ќе имаат и најефтини влезници. Првите 1000 влезници ќе чинат 600 денари, вторите 1000 - 800 денари, наредните 1000 денари, додека на врата влезницата ќе чини 1200 денари. Во продажба се и Таксират пакет влезници кои чинат 1500 денари, а во нив се вклучени влезници за сите седум претфестивалски концерти и главната фестивалска вечер на Таксират.

Продажбата на влезници се одвива и во Србија на Gigstix, како и во Бугарија на Ticketstream, а физичката продажба на влезниците стартува на 1. ноември во продажната мрежа на mktickets.mk.

Оваа година Таксират off програмата започнува на 25. ноември во чии рамки, во клубот Колосеум во Скопје ќе се одржат седум претфестивалски концерти. Главната фестивалска вечер на Таксират ќе се одржи на 3. декември во Метрополис арената.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom