Како се убаво изгледа кога е на хартија и во муабет. Тука зборуваме за човек кој 42 години владее со една држава. Зборуваме за човечки судбини кои ако се било супер,немало да се решат на вака крвава цивилна војна. Никој од нас не знае како му било на просечниот Либиец,ама сигурно не живеел во ваква утопија како што е на листава. Па Гадафи има изнесено 200 милиони долари од Либија.народни пари. Дајте луѓе,знам дека е ин да си анти-глобалист и против САД и ЕУ,но дај размислете, и за Титова Југославија може да се напише ваква утописка листа,но сите знаеме како заврши сето тоа. Не може едно општество така црно бело да се набљудува.
Колку е лесно од страна да коментираш,а никој од нас не знае како живееле луѓето таму. Запрашајте се себеси,што би требало да се случува во вашата татковина за да вие решите да земете оружје во рака,и да кажете доста е,јас ќе се борам против овој човек, па макар завршил и мртов. Многу е лесно да ги обвинуваме западните сили за падот на Гадафи,но сепак обичниот либански народ повлече линија во песокот. А зошто би го направиле тие тоа,ако се било совршено?
Ај ако не да го браневме и оној фрик од Туркмекистан,што сакаше да ги прекрсти месеците по неговите синови и внуци. И таму беше ефтин лебот и нафтата.