Што загубија Либијците?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин

Крајот на Гадафи значи почеток на крај за Либијците. Многу светски медиуми и аналитичари вака ја опишуваат иднината на Либија по падот на режимот на лидерот Моамер Гадафи.

gadafi-book.jpg500.jpg

Дел од нив не сметаат дека Гадафи преку диктатура владеел во Либија, туку дека граѓаните на оваа африканска земја уживале дури и повеќе права од некои земји каде владее демократија. Овие десет факти негираат дека Гадафи бил диктатор, а вие проценете сами дали уживањето на вакви поволности е диктатура.

1. Електричната енергија во Либија е бесплатна.
2. Банките се во државна сопственост, а каматите многу ниски.
3. Гадафи вети дека секој Либиец ќе има покрив на главата.
4. Образованието и лекарските третмани се бесплатни.
5. Доколку еден Либиец неможе да добие соодветно образование или медицински третман, тогаш владата тоа му го обезбедува во странство, а платено му е апсолутно се.
6. Доколку еден граѓанин на Либија реши да си купи нов автомобил, државата плаѓа половина од цената.
7. За секое родено дете, мајката добива по 5.000 долари.
8. 40 леба во Либија чинат неверојатни 0.15 долари.
9. 25 проценти од Либиците се со завршен факултет.
10. Цената на еден литар нафта во Либија изнесува неверојатни 0,14 долари.

И после Гадафи бил диктатор? МХМ Не баш!
Поздрав на ова добро ви дојде ДЕМОКРАТИЈА!

ЕДИТ имало уште :)
http://forum.kajgana.com/threads/Што-загубија-Либијците.55168/page-2#post-4509389
 
Ако сака да студира во странство на пример во Париз .
Државата му плака стан и сите давачки плус автомоби лплус секој месец џепарац по 2,300 евра .
Оваа го слушав на телевизија .
 
е добро ако било вака од каде толку бунтовници ?? јес да НАТО бомбардираше,ама пешадијата беа “бунтовниците“.....има некој отприлика колкава бројка биле ??!
 
Па примети ли дека имаше помалце бунтовници од „небунтовници“ губеа се до моментот ког асе вмеша НАТО. Не знам колку се точни фактиве ама имам слушнато и порано за ова. Немаше они толку долго да му ќутат да им било лошо
 
Епа НАТО направи се тоа, немаше бунтовници само платеници на Западниот Свет за да направат сценарио за војна!
 
Точно така, ќе се каат Либијците, односно оние кои го бутнаа, кад-тад.
 
е добро ако било вака од каде толку бунтовници ?? јес да НАТО бомбардираше,ама пешадијата беа “бунтовниците“.....има некој отприлика колкава бројка биле ??!

Нели, во Македонија пред 10 години имаше “бунтовници“ за некакви “права“...
Ист е принципот од истите „агенси“. Работи ефикасно на човечката глупост и кратката меморија.

Кај што народот навистина беше незадоволен, не беа потребни неколкумесечни демократски проектили.

И најфрапантно...

Демократијата стапи на сцена со грозоморно убиство на довчерашниот “диктатор“? И тоа беше поздравено од големите демократи од целиот капиталистички свет?
 
Не се бунтовници, туку платеници, среди си ја терминологијата.
 
А зошто ги загубија овие погодности? Зошто Гадафи не остави демократијата да располага со ресурсите наместо сега да ги користат Американските компании?
 
овие од ДУИ велиш платеници се ?!
--- надополнето: Oct 25, 2011 5:50 PM ---
Не се бунтовници, туку платеници, среди си ја терминологијата.
од кај па ти толку сигурен
 
Како се убаво изгледа кога е на хартија и во муабет. Тука зборуваме за човек кој 42 години владее со една држава. Зборуваме за човечки судбини кои ако се било супер,немало да се решат на вака крвава цивилна војна. Никој од нас не знае како му било на просечниот Либиец,ама сигурно не живеел во ваква утопија како што е на листава. Па Гадафи има изнесено 200 милиони долари од Либија.народни пари. Дајте луѓе,знам дека е ин да си анти-глобалист и против САД и ЕУ,но дај размислете, и за Титова Југославија може да се напише ваква утописка листа,но сите знаеме како заврши сето тоа. Не може едно општество така црно бело да се набљудува.

Колку е лесно од страна да коментираш,а никој од нас не знае како живееле луѓето таму. Запрашајте се себеси,што би требало да се случува во вашата татковина за да вие решите да земете оружје во рака,и да кажете доста е,јас ќе се борам против овој човек, па макар завршил и мртов. Многу е лесно да ги обвинуваме западните сили за падот на Гадафи,но сепак обичниот либански народ повлече линија во песокот. А зошто би го направиле тие тоа,ако се било совршено?

Ај ако не да го браневме и оној фрик од Туркмекистан,што сакаше да ги прекрсти месеците по неговите синови и внуци. И таму беше ефтин лебот и нафтата.
 
А зошто ги загубија овие погодности? Зошто Гадафи не остави демократијата да располага со ресурсите наместо сега да ги користат Американските компании?

Што Гадафи зема де кажи ? имаат ресурси имаат се, само финтата е што сега ќе ги користат сите за нив па ќе немаат!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom