Зависи за што му треба лаптопот - тој што си го предложил - предност му е што не троши многу струја ( поголема автономија при работа на батерија ), има колку-толку добра интегрирана графичка, мана му е што процесорот е ептен спор ( се натпреварува со Atom ). ( зборувам за спецификациите на лаптопот, не за конкретниот модел во смисла на build quality и слично )
Ако му треба малце поголема "снага" јас би одел на некој со вакви спецификации за таа цена:
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?pid=33046 ( HP 620 - T4500, 2GB DDR3 RAM, 320 GB HDD, 4500MHD, LED* )
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?pid=33153 ( Acer TM5735 - P7350, 2GB DDR3 RAM, 320 GB HDD, 4500MHD, LED* )
или ако имаш мерак на AMD тогаш:
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?pid=33045 ( HP 625 - Turion II P520, 2GB DDR3 RAM, 320 GB HDD, Radeon 4200, LED* )
Не мора да бидат овие конкретни 3 модели, поентата ми е дека би одел на лаптоп со малце постари, но помоќни компоненти ( процесори ) наместо лаптоп со нов, модерен процесор кој е осетно поспор. Некој може ќе ти предложи поконкретно некој "асален" модел ( добар build quality, добра батерија, добра гаранција, support од производителот и сл. ), овие 3 ги НЕМАМ пробано, и не можем да ти дадем препорака од прва рука, чекај да се јави некој што има па да ти каже.
* Намерно е напоменато дека се LED-backlit не од аспект дека даваат поарна слика споредено со монитори кои се CCFL-backlit, туку дека трошат помалце струја и со тоа се добива колку-толку поголема автономија ( при работа на батерија ).
Ако ти треба лаптоп колку да отвориш некоја power point презентазија, или да гледаш клипчиња на youtube ( накратко - брзината не ти е битна ) и воедно ти треба голема автономија - земи некој со AMD C-50, ако ти треба малце појќе снага ( не дека кузнае колку се снажни овие што ги набројав, ама ипак се појаки од C-50 ) тогаш оди на лаптоп со постар - помоќен процесор.
На крај, се зависи од твоите потреби. Мада за таа цена немаш којзнае каков избор.