Ваша поезија!

S

smexy

Гостин
Многумина од оние кои битисуваат во оваа дистописка денешница,
егзистираат во константен страв од сили перцепливи само ним.
Очигледна е паранојата во нивните очи,
хоророт кој ја мрзне коскената срж
главата светка од парчињата алуминиумска фолија.
Жално е нивното секојдневие.
Освен во петок, можеби.

Ни тони шминка, фотошоп и празни зборови
не можат да го прикријат трагикомичниот израз на нивните лица,
непријателската настроеност маскирана во цврст став на стаклени нозе.
Пудра која полека се растекува.
Не сакаш да претпоставуваш, кога и зошто
јадосаните ментални евнуси,
во грб ќе ви го забијат ноктето од малиот прст.

Никогаш надвор, засекогаш затворени внатре,
пештера која го симболизира стакленото ѕвоно,
кукавичлук сомелен во фин прав,
претстава на Јуда Искариот и неколку капки Квислинг.

Кретенизмот е во подем во новиот еон,
а Хорус лично ќе им ги клука очите на мекушите,
и оние кои не ми се на видик.
Противници на замислени непријатели,
создадени во горната глава
бидејќи долната ја чуваат во нафталин.
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
хммммм, хммммм, хммммм

Ништо не ме прашувај
знаеш дека пак ќе те излажам
мирисот кој те опива е толку лажен
правејќи од тебе марионетка
чии конци ги држам јас
а лажен сум јас,
како што е лажен и животот

и се` е false
и последното ветување
дека од утре поинаку ќе биде
и утре лажно ќе те љубам,
зашто лажго сум во душа,
нема вистина во мене
се` е false

А ти пак ми велиш

Dime la verdad, dime su secreto. Toda la verdad, no le tengas miedo.

Dime La Verdad

 
Член од
20 октомври 2011
Мислења
59
Поени од реакции
18
и да сакам неможам а да не ја забележам
болката во твоите очи е очигледна,толку
мил таков нежен поглед топол, а сега расплакан.
има убавина во твоите расолзени очи некоја чудна
еликсирска лесно оочлива чистота.....
како ли само преку експресијата на лицето на твоите очи
се гледав себеси како во огледало.......
пријателке драга не е вреден за него да страдаш
со твоите атрибути ке освојуваш височини. се останува
во минатото засекогаш заборавено,ова е само лош сон
од кој ке се разбудиш и по нов пат продолжуваш без да се свртиш

ке започнеш одново побогата со искуство А како понатаму????????
незнам јас само фино ги одбирам зборовите ако ти помогнат како утеха кој знае
можеби ќе се најдеш во некоја поема .
--- надополнето: Oct 20, 2011 9:02 AM ---
сенки низ градот насекаде преплавени темни ликови
шетам низ улици празни сам на себе оставен ,
сам од себе заборавен талкач залутан
каде ли е светлината каде ли е искреноста
се се изгуби се беше уништено заборавено
како детството кое знаеш дека си го имал
но сепак некако постепено сеќавањата се
изгубиле некаде далеку ....ТЕ НАПУШТИЛЕ
и сега без сеќавања без емоции без срам
грабиш кон нов ден кон некоја си иднина но чуму
сето тоа кога се е заборавено се е изгубено некаде
далеку ........
не се враќа изгубеното не се враќа минатото,
а како ли да се продолжи понатаму...........
--- надополнето: Oct 20, 2011 9:04 AM ---
ко книга непрочитана мистериозно
во некој ќош зафрлена така мојата
љубов не ти беше доволно дадена
А ти кутрата само премолче и ништо
не рече....
и после толку време како ли да сфатам
дека грешките од минатото ме пратат
ко некој невидлив круг се ми се врати
како ти што патеше и мене тоа ме
погоди...
ние сме сега само странци кои говорат
јазици различни..и како сега да се разбие
тој ѕид од спротивности дали останавме во
срцата исти???? се прашувам до ден денес
ќе се сврти ли и среќата за нас и дали и ти
ќе го зборуваш мојот јазик или ќе се губиме
во преводот ....а незнам кој ли беше поводот
да те оставам сама и незаштитена да бараш
љубов од луѓе кои не ја заслужиле...
а требаше кругот да биде комплетен
јас и ти гушнати под небото во магичен круг
заедно прегрнати..............................
http://www.youtube.com/watch?v=cLme08aUqgY&feature=related
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
UPATSTVO ZA UPOTREBA

nisto ne postoi se tece
se trosi kako sapun
nisto ne stoi
nisto ne ostanuva bez posledici
nisto nema smisla
si bila mlada kucka
sega si stara kucka
ko sto sega e ovaa mlada
ti si bila togas
a ovaa sega
ko tebe ke ostari
ako pozivee
a gledam saka da zivee!
taka da stvarno
nisto nema smisla
osven ko sapunot
cija smisla se trosi
i na kraj
koja bila negovata smisla?!
eve ti nov sapun
eve ti nov primerok
zivotot nikakov glupav i besmislen
ma neka e i najsreken
kako velat duplo nesreken
e onoj koj BIL sreken
i kojznae zosto se zivee
nikoj pojma nema
samo znaat goli informacii
upotrebuvaat zborovi
a nemaat definirano poimi
koga se rodi dobi garancija
vo genite
deka smrtta ti e zagarantirana
a baska sto ne znaea
kako da te upotrebuvaat
za da im traes podolgo!
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
474
Поени од реакции
152
You search for the sky,
you're sure you know why
you should reach it,
trying to clear you mind,
it doesn't seem to work that way.

You tried to unlock the gates,
you guess there's the secret,
you climbed up you're own way
and that seemed OK.

Felt like the earth is crumbling,
underneath your feet there,
moving 100s of miles in a second
and damn girl you liked it.

Now you're rolling in the ashes,
of the burned down sea,
you look yourself into the eyes,
and see a red star blinking neat.

The things are what they used to be,
you'll never get that same old feel,
you try to get the moments back,
you know they'll stay right in your mind,
say there's hope?-that might be true,
but now again you're not ready to rule.

The seventh one is never the one,
who will leave you,
he's always there,
watching you fail once again.
He knows you'll come back,
to meet him again you won't have to beg.

Be a hip cat,
take care from Blue,
you know it won't do you any good,
search for the green the colour of it,
the colour of Elf,
don't you remember?
-it's the colour of the sea.
 
Член од
20 октомври 2011
Мислења
59
Поени од реакции
18
се чувствувам лошо те повредив
знам згречив болкава во градиве е
преголема како да помине...
после многу години те немам видено
и незнам дали пак ке го осетам тоа
чувство како првиот пат некоја нео-
обична хемија се створи меѓу нас
ни јас самиот до ден денес што беше
тоа незнам....
велат кога маж плаче плаче со гордост
и достоинство но непробол мој остана
и кога би те видел пак можеби ке се
вратат старите неизгаснати емоции
кои тлеат ко мирен вулкан...
што би правел без те бе жено брлава
целиот ме поремети ..
уште малку и 26 господови лета
2 поминаа не го видов ликот твој
најверојатно и ова така ше помине
како и да е ти си остана убава каква
што одсекогаши беше..а јас пак кутриот
после тебе неможам да заљубам овој не
е сонетот на петрарка ова е само пораз
за мене губејки те тебе..
немир владее во моите гради затворен
во 4 зида мислејки колку е среќен тој
што те има за жена империи се растурале
но јас не сум воин и помина времето на инквизација
заради тоа ке си останам сам со себе да си говорам
како ЕДГАР АЛАН ПО. то. е .то
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Блескаш се смешкаш
играш некои манипулативни игри
како да си тешка за добивање
цврста однадвор ранлива како мало девојче
те обожавам мое слатко бонбонче
би те отпакувал за да видам што криеш внатре
слатко или горчливо изненадување
вредно или никакво пакување
Изненади ме па патот накај мене дома
немора да ти кажам знаеш што те следи
љубов слатка и груба тоа денеска е на моето мени
Затоа престани да зборуваш
Повеќе акција малку зборување
Јас сум твојата екстаза
Да започенеме со одбројување

Ми даваш сигнали јас се правам незаинтесиран
те погледнувам во очи
се доближувам кон целта
а твоето тело молчи
но сепак инсиситрам и јас продолжувам да те гледам
твојот јазик на тело кажува се нема потреба да те следам
поглед по поглед танцот на страста е крајот
успехот е сладок затоа сега сме во рајот

Девојки слатки,ранливи,цврсти и пмс кралици
ве обожавам за вас секогаш отворам нови страници
се што треба е да се однесувате добро
и да бидете какви што се
за вас ќе бидам правиот џентлмен
за вас ќе направам буквално се

Се доближуваш и се одалечуваш
твојот јазик на тело си игра со мене
извини но да не си по професија стриптизета?
Затоа извини не си прва ни последна
плус не ми е ни прво одбивање
Но пак те обожавам
нема граница моето сакање
секогаш можеш да се јавиш кога сакаш
секогаш имаш поправен испит
слатка си но твојата душа треба да е чиста
можеби си модел
но треба да заслужиш да бидеш на мојата писта
Работи на себе не само на твојот изглед
и тогаш ќе бидеш кралица заедно ќе владееме на тронот
сите твои желби се ништо
со мене ќе го живееш животот никогаш нема да ти биде монотоно

Девојки слатки,ранливи,цврсти и пмс кралици
ве обожавам за вас секогаш отворам нови страници
се што треба е да се однесувате добро
и да бидете какви што се
за вас ќе бидам правиот џентлмен
за вас ќе направам буквално се

Молчи и уживај во возењето со мене
дозволи да ти покажам дека грешиш
за да не се вратиш дома осамена
и со самата себе да се тешиш
еднаш засекогаш прекини со игрите
и со мене како ѕвезда сјајна ќе светиш
ќе те водам до патот дома
не треба да те следам само јави се
да не се грижам
сонот да ми биде сладок кога рано ќе станам
и кога ќе ти го чујам твојот глас
да се чувстувам добро
и да се радувам за нас

Девојки слатки,ранливи,цврсти и пмс кралици
ве обожавам за вас секогаш отворам нови страници
се што треба е да се однесувате добро
и да бидете какви што се
за вас ќе бидам правиот џентлмен
за вас ќе направам буквално се

Дојдов малку покасно
и со твојата нервоза ме проколна
знам дека сум крив
но следниот пат ќе се поправам
не вреди да се нервираш,знам како се чувстуваш
може ли да се смириш,да се релаксираш
и наместо со нервоза со зборови да присустуваш
биди цврста на земја немој сега да отсуствуаш
ќе се напиеме едно кафе и муабет
и веднаш подобро ќе се чувстуваш
Те запознавам подобро од што се познавам самиот себе
те испратив и ти благодарам за прекрасното време
поминато со тебе

Девојки слатки,ранливи,цврсти и пмс кралици
ве обожавам за вас секогаш отворам нови страници
се што треба е да се однесувате добро
и да бидете какви што се
за вас ќе бидам правиот џентлмен
за вас ќе направам буквално се
 
Член од
20 октомври 2011
Мислења
59
Поени од реакции
18
се разбудив и ова утро пак некако успеа и самата без да сакаш
во моите мисли се појави твојот ангелски лик се насмевна и исчезна
тивка мелодија душава ја милува ,а таа тажна те нема веќе крај неа
зошто ли мораше да се појавиш требаше без траг и срам да ме оставиш
да може и друга срце да засака ако тоа и некогаш се случи. заробен сум од тебе
ослободиме сакам пак да сакам а се додека си ми во мисли тешко дека ќе биде така
не не можам да речам опсесија не не е љубов тогаш што е тоа што не те вади од ум
во секој мој сон си присутна се чувствувам како заробен во пајжина емотивно блокиран
за секоја друга девојка оправдано отсутен замини со тивки чекори ослободиме ме од прангии.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Дечко и девојка

Ние сме дечко и девојка
за рака се држиме
со ланец сме заедно
а не знаеме како самите себе се издржуваме

Ние сме дечко и девојка
совршен пар
сите со мерак не гледаат
кога сме сами
само караници ни следат

Ние сме дечко и девојка
љубов голема помеѓу нас има
кога не сме заедно
ладни сме како пустава зима

Ние сме дечко и девојка
за 3 години ако не се земеме
ќе раскинеме и нема да се познаваме
љубовта отиде во неповрат
сега се ни стана навика

Ние сме бивши дечко и девојка
веќе очи не сакаме да си видиме
веќе не сме заедно
но понекогаш ќе се минеме
ќе се правиме дека ништо не било
после ќе пцуеме
и никогаш пак нема да се видиме

Ние сме бивши дечко и девојка
веќе долг период не сме делеле нежности
и страста пак ќе се запали
и се тоа кога ќе заврши
некој од нас ќе зажали

Ние сме бивши дечко и девојка
очи веќе не сакаме да си видиме
понекогаш ќе се појавиш
би ти направил клон
за да ти бидам утеха
а јас да би имал мирен сон
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Несопирлива

За сите оставени стапалки
од снегот
Кутрињата,
ведрите носиња на излозите.

За сите шолји кафе,
какао, наутро, напладне.
За сите зборници
и книги што ги ловам
со јадица под креветот.

Во овој златен маглив свет
постои едно место
што те држи посилно од прегратката на денот.
Има ќоше кај што
се бараш себеси
како отпечаток врз фотографија.
Мала ноќна препирка
дали јас
или ти
на тоа место
градиме иднина.

Знам, за сите весници
и утринско млеко искапано на паркет
зелени дамки паста за заби
што му пречат на огледалото
си велам - Ох, па животот е за да се љуби.
Одново.
И одново.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Јас сум спонзоруша
излагам најконтроверзно и секогаш сум најсекси
во било кое место си наоѓам спонзор јас
ако ми е супер ќе ме почасти неколку пијачки
и во неговото бмв ќе се клецам јас

Јас сум спонзоруша
ни сопствената мајка не си ја слушам
не сум образована и немам мозок
но за изглед секогаш машките паѓаат уверена сум сто посто

Јас сум спонзоруша имам скапи работи на мене
се што треба да ме освоиш се скапи подароци
и на паркинг можеш да ме е***
не ти треба мозок дај ми само пари
работи деноноќно и твоја сум со пари ме ќари

Јас сум нејзин спонзор
имам црно БМВ
го возам редовно во град
сакам да се покажувам
и оставам траги на секој асфалт

Јас сум нејзин спонзор
толку сум несигурен во себе
зафатен сум редовно
па секоја женска со пари сака де се е** со мене

Јас сум нејзин спонзор
тоа што неможам да го добијам
со пари го купувам
мислам дека сите се вртат околу мене
толку сум глуп што одамна не разбрав
дека оваа ме остави без банка пари
а можев да ја најдам правата за себе
 
S

Stef Bachatero

Гостин

Здраво јас сум охриѓанец

на Билјанини извори мочам

и кога ќе дојдат Скопјанчиштана

јас морам да молчам

Јас сум од Охрид

преку цела година во Скопје студирам

бркам женски провинцијалки само не Скопјанки

само за да скопјанчиштата не ги мирисам

Јас сум од Охрид

и цел свет го мразам

се што е живо и мртво пред себе го газам

затоа езерото се суши

не можит никој да не поднеси

дури и рибите си идат

како и езерото и нив ќе ни ги однеси

Јас сум од Охрид

за мене цени ниски има

за сите други ги креваме цените

само за Охриѓани леб да имаат

Јас сум од Охрид

и горд сум со тоа

единствен збор без т е тос

не ми е галје за ништо

иако Езерото ни мириса

и ништо не ни штима

Јас сум од Скопје

ги посетувам Охриѓаните секоја втора недела

им оставам бакшиш

никогаш не се задоволни

пуста традиција останала

и ништо кај нив не се сменила

Јас сум од Скопје

често во Охрид излагам

не смеам лош збор за нив да кажам

зашто веднаш толпа излага

за мене да ме истепаат

Јас веќе не сум од Скопје

Охриѓани ме натурализираа

од сите модринки и повреди

моите заби отидоа

Сега сме другари

а пред тоа не сакаа да ме погледнат

се што требало е охридски ќутек

за да на мир ме остават​
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Здраво јас сум охриѓанец​

на Билјанини извори мочам​

и кога ќе дојдат Скопјанчиштана​

јас морам да молчам​

Јас сум од Охрид​

преку цела година во Скопје студирам​

бркам женски провинцијалки само не Скопјанки​

само за да скопјанчиштата не ги мирисам​

Јас сум од Охрид​

и цел свет го мразам​

се што е живо и мртво пред себе го газам​

затоа езерото се суши​

не можит никој да не поднеси​

дури и рибите си идат​

како и езерото и нив ќе ни ги однеси​

Јас сум од Охрид​

за мене цени ниски има​

за сите други ги креваме цените​

само за Охриѓани леб да имаат​

Јас сум од Охрид​

и горд сум со тоа​

единствен збор без т е тос​

не ми е галје за ништо​

иако Езерото ни мириса​

и ништо не ни штима​

Јас сум од Скопје​

ги посетувам Охриѓаните секоја втора недела​

им оставам бакшиш​

никогаш не се задоволни​

пуста традиција останала​

и ништо кај нив не се сменила​

Јас сум од Скопје​

често во Охрид излагам​

не смеам лош збор за нив да кажам​

зашто веднаш толпа излага​

за мене да ме истепаат​

Јас веќе не сум од Скопје​

Охриѓани ме натурализираа​

од сите модринки и повреди​

моите заби отидоа​

Сега сме другари​

а пред тоа не сакаа да ме погледнат​

се што требало е охридски ќутек​

за да на мир ме остават​
Дечко, одмори малку, греота сме...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
SUDBINA

Zivot li e ova
spijam bez son super
ne me boli nisto
ne mislam na nisto
se budam vo teska depresija
realnosta za nikade
bolje bese koa spiev
zemam helex pet sest tableti
za pak da spijam
znaci jas ne sakam da ziveam
ne vo vakva realnost
i zatoa svativ
koga ke umram
ke zaboravam golema taga
ke se lisam od ogromna bolka
ke se spasam od makata
Sekoe budenje mi kazuva se pojasno
deka smrtta voopsto ne e strasna
postrasna i postresna e realnosta!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom