Атеистите и бракот

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.780
А политеизмот бил... што?
Монотеистичките религии само попримиле елементи од политеизмот кои им оделе во полза за да го држат народот сервилен.
Бракот е еден од тие преживеани мамути меѓу општествените норми. Тој дел со црквата најчесто атеисти го применуваат поради мама и тато или за да ги замолчат злобниците. И деца крштеваат за туѓ атер. :)
Хах, повеќе би стапила во брак, заради ,,сигурност,, односно, да имам црно на бело, ако утре мојот ценет сопруг реши дека повеќе не му одговара. Ако живееме пример, на негов имот, и ако не сме во брак, се што јас сум вложила - отиде со ветерот.
Реков, рационални причини.
Крштевање на деца...
абе дечко ми верник е и неговите, уште не е крстен :)
 
P

Princ

Гостин
Јас би стапила во брак, иако не гледам ништо посебно во тоа. Би стапила во тој момент кога ќе сакам на сите да им кажам ,,е, баш со овој, ќе правам деца, одлучив,,.
Точно ова се бараше, значи ова е типичен став на (мнозинство, нели да не генерализирам) атеисти. Значи ќе стапам во брак за да правам деца.
Но, тука имаме едно голем проблам
- зошто стапуваш во брак кога Господ/Алах наложил ако планираш со некого/некоја да правиш деца, првично да стапиш во брак со неа/него?
Ова значи е збор на секоја од поголемиве религии што ги знам.
Е сега, кај мене настанува конфликт. Значи ти фино-лепо, планираш, со овој ќе правиш деца, па стапуваш во брак со него. Дали ти тоа зимаш религиозна особина во твојот секојдневен живот? Зошто не направиш со некого дете сосем случајно, па да го чувате после заедно, без да стапите во брак? Дури и во унија некаква да сте ми е разбирливо, и на нотар ако треба договор потпишете, но не знам зошто тоа морате да го нарекувате брак?
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Бракот не е врзан со религиите, simple as that.
Има многу даночни, социјални, општествени, финансиски итн. итн. причини зошто да се стапи во брак, а не верувам ни дека религиозните стапуваат во брак затоа што религијата им го налага тоа, туку затоа што општеството и државата индиректно им го налагаат тоа.
Презадоволна сум од одговорот на атеистите токму така и си мислев, атеистите влегуваат во брак чисто од материјални причини, не се венчаваат во црква и нема потреба зашто тој брак е граѓански брак а и за да ги поштедат децата да не ги викаат у школо на идно именце што почнува на буквата К.
Дури им чини, дур имаат корист од тој брак, ќе бидат во него послем развод, во осталом нив не им е ниту тешко да бараат развод со оглед на тоа дека не прават никаков грев..
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.780
Точно ова се бараше, значи ова е типичен став на (мнозинство, нели да не генерализирам) атеисти. Значи ќе стапам во брак за да правам деца.
Но, тука имаме едно голем проблам
- зошто стапуваш во брак кога Господ/Алах наложил ако планираш со некого/некоја да правиш деца, првично да стапиш во брак со неа/него?
Ова значи е збор на секоја од поголемиве религии што ги знам.
Е сега, кај мене настанува конфликт. Значи ти фино-лепо, планираш, со овој ќе правиш деца, па стапуваш во брак со него. Дали ти тоа зимаш религиозна особина во твојот секојдневен живот? Зошто не направиш со некого дете сосем случајно, па да го чувате после заедно, без да стапите во брак? Дури и во унија некаква да сте ми е разбирливо, и на нотар ако треба договор потпишете, но не знам зошто тоа морате да го нарекувате брак?
Зошто бракот не е ексклузивно право на религијата.
Значи - не е.
Всушност, би рекла, дека верниците попримаат човечки карактеристики со бракот. Само што тие и понатаму ќе се самолинчуваат.
Зошто од аспект на државата, е пожелно да си во брак, од аспект на правата кои ги добива детето, и од аспект на тоа дека ако сум немажена ќе плаќам на државата заради тоа (знаеше за ова?).
Нема разлика во ,,договорот,, освен тоа што не се колнам на никого дека некого ќе сакам до смрт. Само кажувам дека свесно прифаќам да имам обврски према друго лице.

Обезбедувам сигурност, како што образложив, дека утре тоа што сум го вложила, нема да го изгубам само зошто ми било сеедно дали ќе се потпишам или не.

Со црковниот брак, жената се доделува на мажот (од таткото), со граѓанскиот, две индивидуи прифаќаат да живеат заедно.

И, зошто да не? Бракот како што кажав, не е ексклузивно право на религијата.
Како што знаеме, исламот признава полигамен брак. Што со тоа? Демек, тие се многу морални зошто се верници?
 
P

Princ

Гостин
Е што има толку за чудење де? Не значи ако си атеист и не смееш да стапиш во брак. Љубов си е љубов...религија сосем трето
Фала Богу дека нема проблем, но има нешто што се коси со разумното размислување.
Не верувам во Бог, но ќе правам нешто што Бог го наложува. Значи не се, некои критериуми ќе ги измегнам, атеист сум јас, не верувам ни во дрво ни во бутур, но бракот ќе го присвојам.
Зошто?
Даночните, социјалните, општествените, финансиските итн. причини под дифолт ги отфрлам бидејќи сите тие поединечно можат многу едноставно да се решат, само прашање е дали сакате да се решат. Не може сега Princ од пун стап атеисти да ве учи како да ги решите многу едноставно тие поединечни проблеми од нестапувањето во брак, ваљда има попаметни од мене молим фино-лепо.
Дискутираме исклучиво за бракот како институција и атеистите како група неверници.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.780
Презадоволна сум од одговорот на атеистите токму така и си мислев, атеистите влегуваат во брак чисто од материјални причини, не се венчаваат во црква и нема потреба зашто тој брак е граѓански брак а и за да ги поштедат децата да не ги викаат у школо на идно именце што почнува на буквата К.
Дури им чини, дур имаат корист од тој брак, ќе бидат во него послем развод, во осталом нив не им е ниту тешко да бараат развод со оглед на тоа дека не прават никаков грев..
Хах, еј, смешно е.
Дај некаков аргумент, што само си шпекулираш.
А демек, ако во црква кажеш оти вечно ќе се љубите, по дифолт нема шанси за неверство?
Колку што јас знам, од генерација на нашите родители 90% се венчани во црква. И да, баш така, има многу неверства....

Едноставно, немаш аргумент.
Ако имаш, не го криј, кажи го.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
А политеизмот бил... што?
Монотеистичките религии само попримиле елементи од политеизмот кои им оделе во полза за да го држат народот сервилен.
Ги спомнав монотеистичките религии, од причина што кога ќе се спомне религија, најчесто се мисли на таква, инаку поентата ми беше дека брачната заедница се појавила од практични причини, не од религиозни побуди.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.780
Фала Богу дека нема проблем, но има нешто што се коси со разумното размислување.
Не верувам во Бог, но ќе правам нешто што Бог го наложува. Значи не се, некои критериуми ќе ги измегнам, атеист сум јас, не верувам ни во дрво ни во бутур, но бракот ќе го присвојам.
Зошто?
Даночните, социјалните, општествените, финансиските итн. причини под дифолт ги отфрлам бидејќи сите тие поединечно можат многу едноставно да се решат, само прашање е дали сакате да се решат. Не може сега Princ од пун стап атеисти да ве учи како да ги решите многу едноставно тие поединечни проблеми од нестапувањето во брак, ваљда има попаметни од мене молим фино-лепо.
Дискутираме исклучиво за бракот како институција и атеистите како група неверници.
Значи.... разбери.

Бракот не е ексклузивно право на религијата.
Имаш црковен брак, и граѓански.
Во напредните земји, граѓански брак е и хомосексуалниот.
Во исламските, верски брак е полигамниот.

Не присвојувај нешто што не е твое.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Хах, повеќе би стапила во брак, заради ,,сигурност,, односно, да имам црно на бело, ако утре мојот ценет сопруг реши дека повеќе не му одговара. Ако живееме пример, на негов имот, и ако не сме во брак, се што јас сум вложила - отиде со ветерот.
Реков, рационални причини.
Крштевање на деца...
абе дечко ми верник е и неговите, уште не е крстен :)
Само пример дадов. Твое е тоа колку си сигурна во себе и тој до тебе. ;)
Околу крштевањето, мала дигресија само; Пред месец дена извршував должност на кум од втор ред(брат ми беше задолжен за држење бебе, држење крпа, држење свеќи). И малиот, ни крив ни должен, во име на бебето даваше заклетви дека се покорува, се потчинува, дека е верен слуга, јагне и што ти ја знам...
Едно е свесно, во име на друг, да направиш компромис и свесно, како возрасен човек, да му дозволиш на некој брадат бетмен да ти благословува заедница....сосем друго е несвесно бебе да "осудиш" на христијанство. За првото имам разбирање, второто е чист садизам.
 
P

Princ

Гостин
Зошто бракот не е ексклузивно право на религијата.
Може не е ексклузивно право на религијата, но е дел од религиозната пракса.
Религијата е онаа која вовела точни правила на игра во бракот. Дури и она што ти страшно многу го сакаш и те интересира - поделбата на имотот во случај на развод :)))))

Она за данокот ако не си во брак нема да ти го коментирам, колку што знам беше само оговарање, слушнав чичко ми ми кажа. Имам 29 години, не сум женет, не ми има стигнато фактура од влада.

Обезбедувам сигурност, како што образложив, дека утре тоа што сум го вложила, нема да го изгубам само зошто ми било сеедно дали ќе се потпишам или не.
Тоа по милионити пат може да се среди со не повеќе од 5 потпишани документи на нотар.

Почна да ми станува јасно дека и на атеистите не им е јасно зошто сакаат да стапат во брак.
Princ е разочаран :/
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Љубовта е религиозно индицирана???
Сакаш да кажеш дека луѓето кои не веруваат во некакви измислени божества не можат да сакаат?
Ова е дефинитивно влегува во топ 3 најглупави работи што сум ги прочитала, не само на форумов, туку во животот.
Што се однесува до верноста, нема да ти се верува, ама постојат луѓе кои можат да бидат верни и без закани дека ќе горат во пеколот.
И гледам колку е бракот света заедница за тебе, голема верничке, затоа на темата Брак без секс го советуваше човекот да има брак на хартија, а да има секс на страна.
хахахах нема врска:) не го советував даима секс на страна туку реков пред да стапиш со некого во брак треба добро да ги отвориш очите, на тој пар сексот не им идел уште дур биле во врска, сега се се искомплицирало тоа е друга тема да се навратиме на темата атеистите и бракот............

Не ми требаат пеколни закани за да бидам верна, самата религија ми ја вградила верноста како мој чип во мозокот и во мојот ментален склоп, доколку ти како атеист немаш некој основни религиски начела кои биле дел од твоето воспитување и доколку тие не си ги вградила до сега во твојата личност џабе ти е и граѓански брак на хартија и се, тој брак ќе се распадне веднаш одкако ќе престанат материјалните причини поради кои си го склучила(партнерот осиромаши, или се разболе)

ми зборуваш за љубов,.... љубовта помеѓу брачните партнери преоѓа во навика,,,, ти си глупавата што мислиш дека љубовта трае вечно, неможеш само на љубовта да се ослониш за да го зачуваш бракот, ти треба нешто повеќе, нешто повозвишено од љубов а ТОА драга моја е светото заедништво на бракот благословено од Единствениот Возвишен Бог, што ти како атеист не мораш да го почитуваш,............. beat that
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.780
Може не е ексклузивно право на религијата, но е дел од религиозната пракса.
Религијата е онаа која вовела точни правила на игра во бракот. Дури и она што ти страшно многу го сакаш и те интересира - поделбата на имотот во случај на развод :)))))

Она за данокот ако не си во брак нема да ти го коментирам, колку што знам беше само оговарање, слушнав чичко ми ми кажа. Имам 29 години, не сум женет, не ми има стигнато фактура од влада.

Тоа по милионити пат може да се среди со не повеќе од 5 потпишани документи на нотар.

Почна да ми станува јасно дека и на атеистите не им е јасно зошто сакаат да стапат во брак.
Princ е разочаран :/
Па не ти е јасно, зошто не сакаш да ти биде.
Секој атеист е приказна за себе, ние не сме слични по ништо, освен по тоа дека не веруваме во бог.
Верниците, горе доле, треба да бидат исти. Зошто имаат специфични правила на однесување.

Бракот не е уреден на единствен начин од ниту една религија. Можеш само да си веруваш дека е така, што е одлика на верник.
Бракот е различен во различни религии, зависи од потребите на општеството во кое настанала дотичната религија. Па така, исламот настанал меѓу племиња кои постојано војувале, со тоа имале и дефицит на мажи. Погоди како тоа дошле до полигамен брак.

Бракот по желба може да биде и религиозен, но тоа не е неопходно. Прво секогаш бил општествена категорија, подоцна религиите го имаат усвоено. Но не го измислиле религиите.
--- надополнето: Oct 23, 2011 2:44 AM ---
хахахах нема врска:) не го советував даима секс на страна туку реков пред да стапиш со некого во брак треба добро да ги отвориш очите, на тој пар сексот не им идел уште дур биле во врска, сега се се искомплицирало тоа е друга тема да се навратиме на темата атеистите и бракот............

Не ми требаат пеколни закани за да бидам верна, самата религија ми ја вградила верноста како мој чип во мозокот и во мојот ментален склоп, доколку ти како атеист немаш некој основни религиски начела кои биле дел од твоето воспитување и доколку тие не си ги вградила до сега во твојата личност џабе ти е и брак и се, тој брак ќе се распадне веднаш одкако ќе го склучиш,

ми зборуваш за љубов,.... љубовта помеѓу брачните партнери преоѓа во навика,,,, ти си глупавата што мислиш дека љубовта трае вечно, неможеш само на љубовта да се ослониш за да го зачуваш бракот, ти треба нешто повеќе, нешто повозвишено од љубов а ТОА драга моја е светото заедништво на бракот, што ти како атеист не мораш да го почитуваш,............. beat that
Полека, полека....

1. Ако ти имаш претстава што кажува твојата религија, рака сечам. Зошто треба да бидеш верна, според религијата, знаеш? Што кажува твојот Бог?
2. Моралот и верноста не се религиозна категорија, туку морална. Што правиме со атеистичките бракови кои опстојуваат за цел живот? А во комунизмот? Забранети се религиите, а сепак повеќето бракови се за цел живот? Хм?
3. Prove it. Or it didn't happen.
4. Не смееш да навредуваш, христијанке. Поим немаш од религијата твоја.
5. Тоа е почитта, наклонетоста, пријателството. Никаква света заедница.
6. Ни многу т.н. верници не почитуваат... јебига.
 
P

Princ

Гостин
Прво секогаш бил општествена категорија, подоцна религиите го имаат усвоено. Но не го измислиле религиите.
Одлично, одиме понатаму. Значи бракот пред христијанството/исламот бил општествена категорија. Откако се појавиле религиите и вовеле кодекс на правила (кои се релативно различни од религија до религија, тука делумно се согласуваме) стигнуваме до 21ви век. И во 21ви век има некој што со умот е пред појавата на христијанството/исламот (нели не верува во Бог) но сепак со пракса не се враќа во тоа време, туку филтрира правила (кои му одговараат) и се одлучува нив да ги почитува, правила кои ги наложуваат религиите.
Значи според атеистичката религија не мораш да стапиш во брак за да имаш дете. Но сепак атеистите (доста голем дел, демек потенцирам за да не испадне дека генерализирам) сакаат да стапат во брак ПРЕД да имаат дете. Наводно за пензија и социјална помоч, ама нема врска тоа, знаеме дека тие работи можат во денешно време да се решат на мнооооогу лесен начин, без да се стапи во брак. Но сепак сакаат да стапат во брак. Fucked up, ain't it.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.780
Одлично, одиме понатаму. Значи бракот пред христијанството/исламот бил општествена категорија. Откако се појавиле религиите и вовеле кодекс на правила (кои се различни од религија до религија, тука се согласуваме) стигнуваме до 21ви век. И во 21ви век има некој што со умот е пред појавата на христијанството/исламот (нели не верува во Бог) но сепак со пракса не се враќа во тоа време, туку филтрира правила (кои му одговараат) и се одлучува нив да ги почитува, правила кои ги наложуваат религиите.
Значи според атеистичката религија не мораш да стапиш во брак за да имаш дете. Но сепак атеистите (доста голем дел, демек потенцирам за да не испадне дека генерализирам) сакаат да стапат во брак ПРЕД да имаат дете. Наводно за пензија и социјална помоч, ама нема врска тоа, знаеме дека тие работи можат во денешно време да се решат на мнооооогу лесен начин, без да се стапи во брак. Но сепак сакаат да стапат во брак. Fucked up, ain't it.
Не, не почитуваат правила кои ги наложуваат религиите. Не давај толку голема важност, нема. Почитуваат законски правила, а бидејќи си верник, дај објасни ми, што кажува црквата за бракот. Знаеш? Да те подучам треба? Кој е кој, какво место, статус, положба има. Кај атеистите тоа го нема - има слободна волја, нешто непознато за верниците.
И тоа е тоа, ќе ти потврдат и другите, многу поначитани од мене. Дека бракот и неговите односи, не зависат од црквата. Зависат од волјата на партнерите.

Не постои атеистичка религија, со ова ми докажа дека не знаеш многу нешта за религиите.

И како што кажав, атеистите немаат ништо заедничко, освен неверувањето во бог. Јас кажав зошто јас би влегла во брак. Има атеисти кои влегуваат од љубов, кои влегуваат од страв од осуда, кои влегуваат чисто онака, ради забава и журка, кои влегуваат за пари... итн итн итн. Секој со своја приказна, нема единствено начело зошто го прават тоа.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Па не ти е јасно, зошто не сакаш да ти биде.
Секој атеист е приказна за себе, ние не сме слични по ништо, освен по тоа дека не веруваме во бог.
Верниците, горе доле, треба да бидат исти. Зошто имаат специфични правила на однесување.

Бракот не е уреден на единствен начин од ниту една религија. Можеш само да си веруваш дека е така, што е одлика на верник.
Бракот е различен во различни религии, зависи од потребите на општеството во кое настанала дотичната религија. Па така, исламот настанал меѓу племиња кои постојано војувале, со тоа имале и дефицит на мажи. Погоди како тоа дошле до полигамен брак.

Бракот по желба може да биде и религиозен, но тоа не е неопходно. Прво секогаш бил општествена категорија, подоцна религиите го имаат усвоено. Но не го измислиле религиите.
--- надополнето: Oct 23, 2011 2:44 AM ---

Полека, полека....

1. Ако ти имаш претстава што кажува твојата религија, рака сечам. Зошто треба да бидеш верна, според религијата, знаеш? Што кажува твојот Бог?
2. Моралот и верноста не се религиозна категорија, туку морална. Што правиме со атеистичките бракови кои опстојуваат за цел живот? А во комунизмот? Забранети се религиите, а сепак повеќето бракови се за цел живот? Хм?
3. Prove it. Or it didn't happen.
4. Не смееш да навредуваш, христијанке. Поим немаш од религијата твоја.
5. Тоа е почитта, наклонетоста, пријателството. Никаква света заедница.
6. Ни многу т.н. верници не почитуваат... јебига.
Во социјализмот луѓето имале многу предрасуди и се плашеле од стигматизација на општествено маргинизираните групи како што се разведените, атеистите и денес се плашат да не бидат стигматизирани па затоа и склучуваат брак,
а се дрзнуваат и некој од нив се дури и лицемерни во црква да се венчаат само заради народот,. се е правење лице и ставање маска.
Зошто треба да бидам верна, како бре зошто треба да бидам верна, Бог рекол не врши прељуба тоа е едно од 10те Божји заповеди не тресуљави само зелени те молам...ѓ
И не ти требаат толку потточки за реченици што не претставуваат ниту аргумент:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom