Евтини авионски карти

  • Креатор на темата Креатор на темата Kangaroo
  • Време на започнување Време на започнување
Благодарам за информацијата,
но овде нема билети по тие цени, дали може да купи карта по таа цена само за одредени денови или преку некоја агенција?
Има за тие цени само мора малку повеќе да бараш, или порано (2-3 месеца на пример) доколку сакаш да леташ за за нова година...
 
Неможе. Тоа е финтата и затоа се евтини, еднаш кога ке ја купиш нема откажување.

Инаку за најевтини карти треба барем 2-3 месеци однапред да се купи, во авиотот на пример има 10 места по смешна цена а потоа иде се поскапо и поскапо. На пример седиш до човек кој платил 150 евра дека ја букирал пред недела дена а ти на идентично седиште и услуга си платил 30 евра али пред 3 месеци.

Слично е и со регуларните авио компании.

Си пробал дека глеам има нешто 60 евра cancellation преку кол центарот нивни, а македонскиот број што е на страната не постои??
 
Можда. Одамна не сум патувал со евтини компании и тоа само во странство. Али секако е добро пар месеци однапред да се букира.​
 
Си пробал дека глеам има нешто 60 евра cancellation преку кол центарот нивни, а македонскиот број што е на страната не постои??

Забелешката во врска со Call Center бројот е проследена на вистинското место, се надевам ќе биде достапен во најскоро време.

Да, можно е да се откаже резервација, но давачката е 60 евра по лет, така што не се исплати за навистина ефтини резервации, какви што повеќето и се. Алтернативно решение е да побараш да ти ги вратат аеродромските такси доколку не го искористиш билетот. Исто така, можеш и да ја промениш резервацијата за 30 евра по лет + разлика помеѓу старата и новата резервација, или да го промениш името на резервацијата и да го дадеш билетот на некој друг.
 
E за ова фала ти многу само кажи ми ако може каде да го направам ова промена на име односно давање на билетот на друг, дали на овој call centre во англија што е?
 
Во повеќето случаи станува збор за посебни броеви достапни само од локалните мрежи. Ако успееш да добиеш кој било број ќе те услужат.
 
Колку е авионска карта до Дубаи и од каде е најефтино на Балканот да се тргне?
 
Во повеќето случаи станува збор за посебни броеви достапни само од локалните мрежи. Ако успееш да добиеш кој било број ќе те услужат.
Па како да се јавам тогаш од Македонија??
 
Преку некој локален свич / call forwarding. Прашај некој искусен со телефонија.
Знам дека е комплицирано, но не можам повеќе од ова да ти помогнам во моментов - се работи на проблемот.
 
Фала брат и ова многу го ценам.
 
me interesira bilet Skopje - cikago vo eden pravec poslednata sedmica od noemvri ili prvata od dekemvri blagodaram !
 
После Х-тото пропаѓање на домашната компанија ,од 30-ти Октомври одново директни летови на релација
СКОПЈЕ Александар Велики - ROMA Leonardo da Vinci ,засега само во четврток и недела.Цените се од 79 евра / еден правец.A oсвен од Рим летале и од овие места :
Bari ,Brindisi ,Catania ,Genova ,Lamezia Terme ,Milano ,Palermo ,Reggio Calabria ,Torino ,Verona ,па можда во иднина ќе имат уште поврзувања.Компанијата е Блу-експрес со хаб во Рим.

Blu%20Express.jpg

http://www.blu-express.com/it/index.html

Blu-express launches 2 weekly flight to Skopje:

Flight number: BV2140
Departure city: FCO
Departure time: 11.00
Arrival time: 12.40
Arrival city: SKP
Aircraft type: B737-300
Day operating: ---4--7

-------------------------------------------------------------------------------------------
Return

Flight number: BV2141
Departure city: SKP
Departure time: 13.15
Arrival time: 14.55
Arrival city: FCO

Италијанската буџетска компанија „Блу-експрес“ ќе отвори нова авиолинија од Рим за Скопје која треба да стартува на 30 октомври.

Линијата ќе собраќа двапати неделно во четвртоците и неделите. Полетувањата од Скопје се во 11.00 часот, а оние од Рим во 13.15 часот.

Ќе се лета со авионот Боинг 737-300, а во Рим ќе се слетува на тамошниот Фиумичино аеродром, кој е и домицилен аеродром на „Блу-експрес.“ Компаниајта е и единствена буџетска авиокомпанија која полетува од овој аеродром.

„Блу-експрес“ е сопственички поврзана со компанијата „Блу Панорама Ерлајнс,“ која има втора најголема флота за прекуокеански летови во Италија и која е прва европска авиокомпанија која го има нарачано новиот авион на Боинг 787 Дримлајнер.

Билетот за првиот лет на 30 откомври чини 79,50 евра во една насока, а цената е иста во двата правца.

„Блу-експрес“ за себе вели дека се разликува од останатите буџетски компании зашто има соработка со туристички агенции, преку кои можат да се купат билети, ако патниците не сакаат тоа да го прават преку Интернет или со кредитни картички.

Извор
 
Ретко се без промашување нашиве тнр. новинари.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom