Лурц не збори така ти се молам.. Општина Куманово има над 20 милиони евра буџет,плус заеми , грантови, разни фондови триста врагови, а со прст не се мрда..во Скопје барем се гледа колку - толку се работи нешто, во Куманово ништо! Се заташкуваат работите со мачкање очи на народ,со по некоја закрпена уличка или тротоарче,поголем проект ја од кој знае кога немам видено,последниот голем во наводници беше реновирање на плоштадот пред 5 години.
Зборам за Скопје, но ете ако можеш, најди вложување во инфраструктура (и привлекување станбени инвеститори) во тие градови. Постои министерство за ЛС, постојат контроли...Куманово не е вон државата.
Дали постои еден ваков поголем зафат кој се финансира од ЈП за станбен и деловен простор во делот од Битпазар преку Автокоманда околу Топаана до Радишани. Освен Скендербег, никаков зафат не е направен ниту во инфраструктура (освен клучката која реално и не е инфраструктурен зафат во смисол на привлекување градежни инвеститори), а не знам и урбанистичките планови дали воопшто некој ги менува, развива во тој дел. Знаеш каде учат децата? Во лимена барака од земјотресот без прозори и прокиснат кров. Се лекуваат во иста таква барака, во период на полураспаѓање (од илјада години).
Комплекс згради Аеродром, уште еден комплекс со трговски центри и пропратни служби, Сити Мал во општина Карпош, комплекс згради покрај Вардар во општина Карпош, комплекс градби во Тафталиџе...една административна зграда најавија за Бутел и тоа е се. А зошто? Затоа што ниедна улица не е проширена, ниту проширена во булевар, да не кажам ниедна сијалица не е сменета, да не кажам не личи на град туку на тенеќе маало...Потегот карши стадионот Чаир, потегот од факултетите до Асуц, просторот во и околу топаанско поле, Циглана, потегот од Словенечка до населбата железара...има големи површини каде може да се понуди на инвеститори или да инвестира ЈПСДП на Скопје, но дали е изменет планот, дали сеуште некои од тие зони се водат како индустриски (што е голема глупост среде град) на инвеститорите им е битно да има сообраќајници, поврзаност, инфраструктура, да се среди тој простор.
Сеуште улиците се на она што Тито ни го оставил. Доволно е да се извозиш низ Скопје од Лисиче преку Карпош до северниот дел на градот...разликата премногу боде очи. Како да не се буни човек за нерамноправно распределен буџет? Кој ги дели граѓаните, кој девалвира некои реони од Скопје, кој форсира развој на дел од градот? Освен берберот, чевларот и водоводџијата, други бизниси едвај живуркаат.
Затоа и голем број од северно Скопје се преселија во Јужно, каде се вложува и каде ќе прошетаат, ќе живеат како луѓе, да спортуваат во базените и салите, да џогираат... Ја можам да прошетам едино до семкара на џафте корзо...епа таков буџет, таква поделба...не ја бива. А која будала би инвестирала во простор каде прв сосед ти е отпад од лево, стовариште од десно, а позади некои неидентификувани површини? Башка што за греење треба да конструира и лифт за дрва и нафта пошто ниту гасификација, ниту централно греење не се средија...пуфки.