Како ќе изгледаат четирисеткатниците во Аеродром?

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
SKOPJE DRZAVA
skopje se gradi so vasite pari taka navivaa komiti
ne e bitno sto ne sum od skopje sepak sum zadovolen sto ke ima investicii vo Makedonija
ke dojde den i ke se investira i vo drugite gradovi
ove se privatni investicii
 
Не се само приватни инвеститори. Се работи за концентрација на пари и од јавен буџет, од јавно скопско претпријатие во аеродром, карпош, центар. Се работи за градски пари со кои се осовременуваат булевари, осветлување...инфраструктура погодна за инвестирање само во тие три четири општини. Така да, другите скопски населби и општини се на рамниште на остатокот од Македонија...се снаоѓаат сами како знаат и умеат.
 
Ептен се сложувам со тебе...Само у Скопје нешто се гради, ај не можат цела Македонија да ја натрупаат у еден град и да се погушиме.

Така делува работава после се чудат зашто сите во Скопје сакаат да живееат други градови и нивни потреби како да не постојат ,изгледа емирот од Катар ќе ја купува земјата надвор од Скопје:)
 
Малку надвор од темата зошто никој не ги користи срествата за рурален развој па да живнат и другите градови? Може и мора владата да направи стратегија за развој на сите средини има такви работи на пример ако изградиш фабрика во Мариово 20 години не плаќаш данок и комуналии па зошто никој не инвестира стварно не разбирам
 
Уште прашуваш??? Па заради корупција!!! Бараат пари (под ракав) за да отвориш таму било што.
 
Не се само приватни инвеститори. Се работи за концентрација на пари и од јавен буџет, од јавно скопско претпријатие во аеродром, карпош, центар. Се работи за градски пари со кои се осовременуваат булевари, осветлување...инфраструктура погодна за инвестирање само во тие три четири општини. Така да, другите скопски населби и општини се на рамниште на остатокот од Македонија...се снаоѓаат сами како знаат и умеат.

Лурц не збори така ти се молам.. Општина Куманово има над 20 милиони евра буџет,плус заеми , грантови, разни фондови триста врагови, а со прст не се мрда..во Скопје барем се гледа колку - толку се работи нешто, во Куманово ништо! Се заташкуваат работите со мачкање очи на народ,со по некоја закрпена уличка или тротоарче,поголем проект ја од кој знае кога немам видено,последниот голем во наводници беше реновирање на плоштадот пред 5 години.
 
Треба Скопјево да се прошири а не да се згуснува.
Најдобро би било овие облакодери да ги постават некаде на влезот на Скопје, кај населбата хиподром. Тука има мнооогу место, и така ке се издвојуваат од натрупаноста, ке можат да дојдат до израз.
По мене треба да се остава празен простор, Аеродром и ново лисиче имаат доволно згради. Кога ги гледам од Водно како натрупани лего коцки ми изгледаат населбите.
 
Недајбоше и онака на тараса ги чуваат колите :) тек тогаш ќе мора во кревет да ги паркираат
 
Кај влегуваат инвестиции во Македонија и само плукање од сите страни... Де ова де она му фали, само мани да се наоѓале. Како деца од градинка сте.
 
Лурц не збори така ти се молам.. Општина Куманово има над 20 милиони евра буџет,плус заеми , грантови, разни фондови триста врагови, а со прст не се мрда..во Скопје барем се гледа колку - толку се работи нешто, во Куманово ништо! Се заташкуваат работите со мачкање очи на народ,со по некоја закрпена уличка или тротоарче,поголем проект ја од кој знае кога немам видено,последниот голем во наводници беше реновирање на плоштадот пред 5 години.
Зборам за Скопје, но ете ако можеш, најди вложување во инфраструктура (и привлекување станбени инвеститори) во тие градови. Постои министерство за ЛС, постојат контроли...Куманово не е вон државата.
Дали постои еден ваков поголем зафат кој се финансира од ЈП за станбен и деловен простор во делот од Битпазар преку Автокоманда околу Топаана до Радишани. Освен Скендербег, никаков зафат не е направен ниту во инфраструктура (освен клучката која реално и не е инфраструктурен зафат во смисол на привлекување градежни инвеститори), а не знам и урбанистичките планови дали воопшто некој ги менува, развива во тој дел. Знаеш каде учат децата? Во лимена барака од земјотресот без прозори и прокиснат кров. Се лекуваат во иста таква барака, во период на полураспаѓање (од илјада години).
Комплекс згради Аеродром, уште еден комплекс со трговски центри и пропратни служби, Сити Мал во општина Карпош, комплекс згради покрај Вардар во општина Карпош, комплекс градби во Тафталиџе...една административна зграда најавија за Бутел и тоа е се. А зошто? Затоа што ниедна улица не е проширена, ниту проширена во булевар, да не кажам ниедна сијалица не е сменета, да не кажам не личи на град туку на тенеќе маало...Потегот карши стадионот Чаир, потегот од факултетите до Асуц, просторот во и околу топаанско поле, Циглана, потегот од Словенечка до населбата железара...има големи површини каде може да се понуди на инвеститори или да инвестира ЈПСДП на Скопје, но дали е изменет планот, дали сеуште некои од тие зони се водат како индустриски (што е голема глупост среде град) на инвеститорите им е битно да има сообраќајници, поврзаност, инфраструктура, да се среди тој простор.
Сеуште улиците се на она што Тито ни го оставил. Доволно е да се извозиш низ Скопје од Лисиче преку Карпош до северниот дел на градот...разликата премногу боде очи. Како да не се буни човек за нерамноправно распределен буџет? Кој ги дели граѓаните, кој девалвира некои реони од Скопје, кој форсира развој на дел од градот? Освен берберот, чевларот и водоводџијата, други бизниси едвај живуркаат.
Затоа и голем број од северно Скопје се преселија во Јужно, каде се вложува и каде ќе прошетаат, ќе живеат како луѓе, да спортуваат во базените и салите, да џогираат... Ја можам да прошетам едино до семкара на џафте корзо...епа таков буџет, таква поделба...не ја бива. А која будала би инвестирала во простор каде прв сосед ти е отпад од лево, стовариште од десно, а позади некои неидентификувани површини? Башка што за греење треба да конструира и лифт за дрва и нафта пошто ниту гасификација, ниту централно греење не се средија...пуфки.
 
Кај влегуваат инвестиции во Македонија и само плукање од сите страни... Де ова де она му фали, само мани да се наоѓале. Како деца од градинка сте.
Точно е. "Инвестиции" има. Тоа е во суштина работата на голема бројка бркачи на странски инвестиции (амбасадори) под државна капа (буџетарски пари) кои "работат" по светот.

Туку, темава сеуште е во подфорум економија и бизнис (иако некои спомнаа дека требало да замине во архитектура), па можеме малце да уфрлиме некои скромни економски вести.

До ваква идеја општинарите дошле по посетата на нивни колеги од Општина Вандсворт, Лондон, кои ги подучиле како се земаат кредити и грантови за успешно водење бизнис

Европските грантови се занемарливи во споредба со сумата на пари што Европскиот систем Ќе Ја исцица од вашата земЈа. Тогаш Ќе се претворите во ЕУ-колониЈа коЈа Ќе нема никаква друга функциЈа освен да ...

Средствата се однесуваат пред се за реализација на проекти во енергетиката и железницата Македонија доби грантови од над 5,67 милиони евра за осум проекти.

Бонус, линк.

Кредити и грантови, враќа рајата, враќаш и ти. Ами ќе враќаш, кога има "инвестиции" во твоја земја со позајмени пари.
 
У секој случај од авион и од Крстот од Водно ќе изгледаат као низ магла :coffee:
Кредити и грантови, враќа рајата, враќаш и ти. Ами ќе враќаш, кога има "инвестиции" во твоја земја со позајмени пари.
не се разбирам...ова у ствари испаднаа кредити што ќе ги плаќаме ние?
 
У секој случај од авион и од Крстот од Водно ќе изгледаат као низ магла :coffee:
не се разбирам...ова у ствари испаднаа кредити што ќе ги плаќаме ние?
Кредитите кои се позајмица, најчесто од ММФ (IMF) и се враќаат на подолг временски период по претходно договорена стапка на камата која расте од година во година. Освен ММФ, задолжување имаме и во Кинеска Банка за обнова и развој.

Начинот на исплата на рати (со камати) директно од буџетот. А буџетот се полни на веќе познат начин.

Едно мало размислување од моја страна, ако не е точно, нека ме поправи некој.
 
И, како и секогаш, и на секоја тема, пола форумџии наеднаш станаа експерти по градежништво и архитектура, па тресат демагогии како не можеле да се изградат зградиве, грди биле бла бла бла....
Видете малце што се’ е изградено во светов, во какви услови и во кои подрачја, па после кажувајте.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom