Македонски Stand-Up комичари

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Првите 4 на битолчанецов му добри ама ова петово (n)
Иначе тие шо беа пред нова година беа 50 класи над овие.
Значи тие беа професионални stand up комичари со години искуство... овие се сеуште newbies, и за такви се солидни...

А за ова дека петиов клип на битолчанецов му е катастрофа се согласувам...
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Добар е Битолчанецов се надевам дека ќе продолжи со уште клипови.
Средно училиште Јане Сандански,а живее во Мајами.Како оди на училиште секој ден ? :pos:
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Мене ич не ми се смешни баткиве, океј е што се трудат и може на некој му е смешно али ефтини им се шегите. Мада баш сакам да има повеќе па и некој комеди клуб да се отвори. У друштво е посмешно.
 
В

Вори

Гостин
Вчера Марјан имаше stand up во мојот град,настапот му траеше еден час горе-доле.
Добар е за почеток,некако поинтересен ми изгледаше на видеава,ама во секој случај не зажалив што отидов.
Кажа некои работи кои се на клиповите,ама накратко.Зборуваше највеќе за Идолот и за самопрогласените ѕвезди,така да им удри прилично добар ремeт :)

Арно ама сум сфатил дека народов баш и не е за вакви работи.Даваат аплауз на секои три секунди,зборуваат на телефон,дофрлаат ко недоквакани итн.
Исто така сум приметил дека кој и да спомне безобразна работа,одма народов паѓа во несвест.Највеќе се смее на тоа,тешка работа.
''Значи јас вчера имав СЕКС'' Публикава:-АхахахаххахахХАхахахаххахахххАхаххахахаха,рече секс еј.Ахахахаххахахахах!

Сешто...
 
A

Auditore

Гостин
Да, дефинитивно сум за да се развива сценариово во Македонија, но како што рече Вори првин мора публиката да се социјализира за вакви настани.
Иначе за мене број еден е Сашко, но ќе земам во предвид дека Сашко е и глумец и кумановец и сето тоа го умешно комбинира на вакви ивенти му нема конкуренција, но сигурен дека ќе се појават нови дечки како овие кои и не се толку лоши и да добие малку конкуренција и мотивација, инспирација за повеќе ремет и смешки.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
5.933
Пабло Франциско е најдобриот и најпознатиот можеби стенд ап комичар во светот.Тој има 10 и повеќе години искуство и го работи тоа.Не заебавајте.Нашиве се релативно млади во оваа работа,ова е само почеток.Не се трескајте.
Пабло Франциско SUCKS ASS!!!
Ептен е тапа. Имам гледано многу комичари и овој стварно е безвезе. Да ја немаше способноста да емитира луѓе ќе беше побетер и од Рики Џервејс (ако му ги имате гледано стенд-апите ќе знаете што зборам, ако не - НЕ ги гледајте).

Иначе, ново клипче од Марјан. Првото што ми се допадна.

 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Арно ама сум сфатил дека народов баш и не е за вакви работи.Даваат аплауз на секои три секунди,зборуваат на телефон,дофрлаат ко недоквакани итн.
Исто така сум приметил дека кој и да спомне безобразна работа,одма народов паѓа во несвест.Највеќе се смее на тоа,тешка работа.
''Значи јас вчера имав СЕКС'' Публикава:-АхахахаххахахХАхахахаххахахххАхаххахахаха,рече секс еј.Ахахахаххахахахах!

Сешто...
Епа тешко е во живо, секогаш се наоѓа некој уанаби на твое место и као сака да се докаже во друштвото дека е подобар од тебе, па дофрла додека е во гужва. На вакви стенд ап настапи ја би додал и стенд ап соочувања. Двајцата на бина, два микрофона, па да видиме на кој колку му држи газот. Во гужва сите се јунаци.

Кај Сашко се случуваше токму такви ропаци да му дофрлаат цело време и не знаеш колку е заебано ако не си сконцентриран, може цел настап да ти сјебе. Среќа што е он истрениран, па ги напенали за навек.

Следниот настап пак се појавија ропаците, ама овој пат уста не отворија, знаеја дека ќе си го добијат уште повеќе.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.814
Поени од реакции
11.434
Не сте ме чуле мене, да видите што е паѓање од стол комеди :P:icon_mrgr:
 
I

indigo child

Гостин
Ова е уствари муабет што и го праиш на Драга Кајгана во 5 сабајле, само снимен и качен на youtube.com.
И плус треба да си мушко нели, иначе, со Boxxy ќе те споредуваат и ќе си умно пореметена...
И нема да си кул и женските нема да те обожаваат и да се смеат на твоите „шеги“ -.-

Добри се иначе ( :

Не сте ме чуле мене, да видите што е паѓање од стол комеди :P:icon_mrgr:
mans, сакам ја да те чујам, ми те имаат фалено ( :
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Мене па овој Марјан воопшто не ми е смешен, дури ми е гревен така. Вештачки делува, се пекмези многу(n)
Му гледав едно клипче,као коа свадба и после оноа за интервју за работа и се изнасмеав ок ми беше и си реков "Не е лош ко за почеток" кога излегоа после клипоив,клипови и сите некако наликуваат еден на друг и богами досадни ми биднаа:(
 
M

Moon Child

Гостин
Мене ме напна типот. Го пуштив еден клип да видам шо е, многу се пекмези, некои глупи фаци прави, пренападно и вештачки делува. И без лутење ама дијалектот ме нервира. Можел малку да се потруди околу тоа. Жаре ми е каде-каде подобар, иако во последно време малку ме разочара али се врати во форма со Стечајни рецепти.:)
За Сашко Коцев нема збор, створен е за тоа.
 
Член од
22 август 2011
Мислења
326
Поени од реакции
346
Има некои смешни клипчиња човекот, тоа за навивачите и ова за студентиве интересни ми беа.
Иако Сашко Коцев си е најдобар, дечково има фурни леб за јадење.
А за дијалектот мислам дека намерно си го користи, демек некој шмек да даде.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.605
Поени од реакции
14.437
Balkan Stand-Up 2

На огромно задоволство на публиката во вторник, 15 ноември во клубот 69 се случува Balkan Stand-Up 2, подеднакво квалитетен со првиот.

Учество ќе земат Тони Михајловски, интернет сензацијата Марјан Ѓоргиевски, и 4-цата странски гости засилени од маестро Игор Џамбазов.

За поголемо уживање, картите овојпат се во ограничен број и удобноста е гарантирана. Можете да ги купите преку продажните места на "Купи карти за се" (http://kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Цената на картите е 250 ден до 07.11.2011, 300 ден од 07.11.2011 до 15.11.2011 i 400 ден на врата.

Помагатели на настанот се:
Adidas Sport М, Sanda, Gorica Trejd, Hotel Mramor, Antenna 5, Life radio, Kanal 5 и Playboy Macedonia. Генерален спонзор и официјален парфем на комедијата - Hugo Just Different by Hugo Boss.

http://www.facebook.com/event.php?eid=167475103346169
 

Kajgana Shop

На врв Bottom