Ако морам да одберам: татковината или парите, што би одбрал?

Кој е вашиот избор?

  • Вкупно гласачи
    360
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
А зашто ти не си ја сакаш државата?
Што му пружала државата па да ја сака?
А и што ни пружа државата за да ја сакаме? -Само не крадат....јас ако би имал можност веднаш би се преселил.
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
703
Поени од реакции
2.089
Македонија пред СЕ!!!...А тие што СЕ бараат државата да им помогне СЕ неспособни луѓе, вечити плачковци и кај и да одат ке зависат од некој друг
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Бидејќи скоро за се треба врски за во било која установа и било што да му притреба на човек :(
Мислиш дека само тука е така.Па за што служат пријателите,мобилните и најважно од се парите
--- надополнето: Oct 20, 2011 7:09 PM ---
Што му пружала државата па да ја сака?
А и што ни пружа државата за да ја сакаме? -Само не крадат....јас ако би имал можност веднаш би се преселил.
Па направи си можност и веднаш напушти ја Македонија.Што чекаш?
 
Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Што му пружала државата па да ја сака?
А и што ни пружа државата за да ја сакаме? -Само не крадат....јас ако би имал можност веднаш би се преселил.
Џиги, што според тебе треба да ти пружи државата, а сеа нашава не ти го пружа?
Мислиш дека ако отидеш у друга држава ќе биде мн подобро?
Најлесно е да речеш, лошо е нема работа итн. Али работата не доаѓа сама кај тебе, треба ти да ја најдеш и да се потрудиш да имаш подобро утре.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Што му пружала државата па да ја сака?
А и што ни пружа државата за да ја сакаме? -Само не крадат....јас ако би имал можност веднаш би се преселил.
А што си и пружил ти на државата? Си направил нешто за неа?
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Elena92 напиша:
Sakam samo da kazam deka Cento imase nerealni ideii cisto utopisticki sudbinata na Makedonija bese resena na Jalta.Vistinskite heroii na Makedonija treba da gi pobarame vo svetoto ime na Branko Crvenkovski i SDSM.

И да снема за кој да гласам,против нив пак ќе гласам затоа што и името ќе го сменат како што знамето го сменија.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Џиги, што според тебе треба да ти пружи државата, а сеа нашава не ти го пружа?
Мислиш дека ако отидеш у друга држава ќе биде мн подобро?
Најлесно е да речеш, лошо е нема работа итн. Али работата не доаѓа сама кај тебе, треба ти да ја најдеш и да се потрудиш да имаш подобро утре.
Има доста работи што не ми пружа државата (сигурно не е тоа само кај мене), а работата и платата се на последно место. Тие што се прават "патриоти" треба да се запрашаат за што се прават патриоти. Што аир видовме од оваа држава. Да збориме реално. Не велам дека живеам во ептен лоши услови, но не велам дека и во добри услови живеам.
--- надополнето: Oct 20, 2011 7:31 PM ---
Мислиш дека само тука е така.Па за што служат пријателите,мобилните и најважно од се парите
--- надополнето: Oct 20, 2011 7:09 PM ---

Па направи си можност и веднаш напушти ја Македонија.Што чекаш?
Е не се напушта така лесно држава како што мислиш ти. Тебе убаво ли ти е тука? Не ти пречи ништо?
--- надополнето: Oct 20, 2011 7:33 PM ---
А што си и пружил ти на државата? Си направил нешто за неа?
Јас сум направил за државата, но колку направила таа за мене.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Има доста работи што не ми пружа државата (сигурно не е тоа само кај мене), а работата и платата се на последно место. Тие што се прават "патриоти" треба да се запрашаат за што се прават патриоти. Што аир видовме од оваа држава. Да збориме реално. Не велам дека живеам во ептен лоши услови, но не велам дека и во добри услови живеам.
--- надополнето: Oct 20, 2011 7:31 PM ---

Е не се напушта така лесно држава како што мислиш ти. Тебе убаво ли ти е тука? Не ти пречи ништо?
100% Ми е убаво овде
 
stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343

Го обожавам ова парче земја, ќе отидам на одмор 10 дена надвор па ми недостига, не па да треба засекогаш да го напуштам :)

Сме имале многу финансиски турбуленции дома, но дури и кога сме имале многу малку никој од моите не помислувал да се откаже од земјава, планирам да останам доследен на тоа, верувам во тоа дека “ако сакаш-ќе успееш“. Не очекувам државата* да ме “дои“ и со лежење да добивам пари, ама очекувам тоа што сум го заслужил да го добијам и очекувам моите права да бидат почитувани, ако некој сака да ми ги оспори, ќе се борам за нив.

Научени се тука луѓето да добиваат и кога не работат, слично како и кај нашите јужни соседи, ама тоа време помина, сега ако сакаш да имаш мора да работиш за тоа, вистински да работиш. Не може некој да очекува да го плаќаат за џаболебарење.

Нееднакви услови за работа и субјективност при вработување се големи проблеми кај нас и можеби главна причина за бегање на нашите во странство, но се додека бегаме од тие проблеми а не се соочиме со нив, ќе се случува истото.

Знам дека многу од моите довчерашни колеги од факултет што имаат партиска книшка се на чекор пред вработување, јас не...но ја сум прифатил некои принципи кои не ми дозволуваат да бидам дел од нешто ако искрено не верувам во целта на истото. Каде ќе ме одведат моите убедувања, ќе видиме...

* Претпоставувам дека под државата мислите владата т.е. цела онаа бирократска апратура која ја води земјата
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Не дека ја мразам државава (може и на некои им делува така, но не е така) но сакам/барам повеќе од неа. За преселување не е голема работа, можам да се преселам уште следниот месец. Но не е тоа работата. Сакам повеќе да напредуваме, сакам да се отвори повеќе работа за народот. Сакам посреќен народ, а не сите да кукаат нема работа, да се преселиме во Италија, Германија итн. Јас ако би заминал во странство може и повеќе пари да направам и да имам. Нормално во странство повеќе и плата даваат за разлика од кај нас. Но едно што неможам е тоа што ќе ми недостига многу Скопје. роден сум во Скопје и разделбата е тешка. Јас сум дал многу за државата, но сакам и таа да ми врати со истото. Знаете ли пред да го прекинат пописот луѓето (попишувачите) колку ги малтретираа, т.е. тие што водеа евиденција (мајка ми беше во тие што водеше евиденција на пописот), а за парите што им ги дадоа...несакам за зборувам колку МАЛКУ пари им дадоа. Имам и други работа што ми должи државата и затоа сум незадоволен (но секако неможам јавно да кажам за тие работи, лични работи се).
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891

Koлку години имаш.. ?
Кај се берат надвор пари на дрво молим те кажи ми ,уште одма да појдам ?

И што толку си дал многу за државава , а што ние го немаме дадено ?
 
Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Има доста работи што не ми пружа државата (сигурно не е тоа само кај мене), а работата и платата се на последно место. Тие што се прават "патриоти" треба да се запрашаат за што се прават патриоти. Што аир видовме од оваа држава. Да збориме реално. Не велам дека живеам во ептен лоши услови, но не велам дека и во добри услови живеам.
Повторно не си конкретен. Те прашав што конкретно ти недостига т.е не ти го пружа државава а што во други држави би го имал.
Колку што знам можеш да се образуваш(дури и средното образование е бесплатно, со бесплатни книги, превоз итн што е навистина реткос), има факултети еден куп(немој да ми речеш дека нема секој финансиски средства бидејќи ако толку сака да учи ќе може да фати некоја стипендија итн). Имаш театри, кина, спортски сали. опери чуда. Па не сме некоја афричка земја каде што нема елементарни услови за живот. Велиш дека не живееш во многу лоши услови, но не и во добри. Тоа е многу индивидуално она за мене што е лошо за некој е добро, животот што го имаш ти(имаш пристап на интернет, се образуваш, не си гладен итн) е живот што некое дете таму некаде во некоја од афричките земји го посакува и копнее.Најлесно е да се рече лошо е нечини, но прво пробај потруди се да биде подобро, може и ќе ти успее:)
Мислиш ако отидеш некаде во западниве земји ќе тече мед и млеко. Ма јок, не е ко на филмови добра кола, куќа, журки патувања на флорида итн, тоа е реално но за некој кој може тоа да си го дозволи, а верувај и таму повеќето од тие работи(добра) се купуваат на кредит. Да отидеш некаде и да работиш платата почнува од 8$ до 16$ од час(за овие 16 ќе треба да имаш некој човек да те препорача, да имаш сертификат кој е неопходен и нормално да те бива за работата). Епа ти пријателе израчунај што ќе можеш да направиш со таа твоја заработка, за нашиот стандард тие пари се доволни за опуштен живот но за тој стандард таму и не баш, ќе можеш да имаш кола, стан(евентуално) и ќе можеш да шеташ али само у недела пошто недела е само неработен.
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Мојот избор е да имам 2000-3000 евра плата, ке живеам побогато и од најбогатиот. Државата која би ми ги исполнила овие услови ке ми биде татковина, а јас ке бидам патриот и животот би го дал, прв на фронт ако треба.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom