Фотошоп автомобили (CAR CHOPS)

  • Креатор на темата Креатор на темата zocc
  • Време на започнување Време на започнување

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Не знам дали припаѓа темава овде, барав по форумов ама ништо не најдов, чат-пат по некоја слика од пред 3-4 години.

Тука може да праќаме автомобили обработени (tuning) во Photoshop. Еве неколку коли што ги имам изработено пред едно 2 години, од тогаш слабо работам зошто почнав да осеќам проблеми со очите. Не е лесно да си по 2-3 саата во денот на 30 сантиметри од екранот. :D

Оригинал:

Обработена:

Оригинал:

Обработена:

Oригинал:

Обработена:

Сега за сега толку, ме мрзи да аплоадирам :D Од утре повеќе.
 
Браво за трудот. Замерка има за последната само, премногу се познава дека е преработена. Другиде две се во ред, посебно втората одлична е:vozbud:
За жал јас не обработувам автомобили, но можеби ке добијам некоја идеја
 
Ете идеја за македонски “пимп мај рајд“ ќе му ја сликаат колата (кршот) и 2-3 копиљаци шо се разбирааѕ во компјутери, то фотошоп... ексел.... ќе му ја стросаат нешо вака и ќе му ја испечатат сликата во поголем формат за да си ја клаи на зид...
 
добро е добро интересни модификации, имаш учествувано на некој напревари за ВТ ? член си на некој од форумите за ВТ или онака тјунираш за задоволство само
 
Види првите две се со позадина од надворешна средина и затоа светлото и контастот се послаби, третата е studio shot и затоа е појако. Баш ме интересира од твоја гледна точка што се познава премногу дека е обаработена??
--- надополнето: Oct 19, 2011 8:56 PM ---
добро е добро интересни модификации, имаш учествувано на некој напревари за ВТ ? член си на некој од форумите за ВТ или онака тјунираш за задоволство само
Порано кога работев активно учествував на се и сешто и бев (сум) зачленет на сите (светски) car chop форуми.CRX-от дури ми го земаа за едно видео за реклама не знам за што беше. Сега немам толку време а и желба, сепак треба едно недела дена секој ден да работиш за да направиш нешто.
--- надополнето: Oct 19, 2011 9:00 PM ---
Еве и една Impreza бонус:

Јаооо брате свака част ! :D

Ај ако не ти е тешко процедурата што како иде онака ме занима
 
чудно како се немаме сретнато на некој од форумите зошто и јас до пред година дена бев доста активен на ВТ форумите и бев во контакт со уште два тројца македонци кој исто активно се занимаваа а ете со тебе се немаме сретнато, кажи ми имаш профил на Dart, активен си таму ? еве иначе мој DA може имаш наидено на некој мој Chop http://sumar4e.deviantart.com/
 
Ете идеја за македонски “пимп мај рајд“ ќе му ја сликаат колата (кршот) и 2-3 копиљаци шо се разбирааѕ во компјутери, то фотошоп... ексел.... ќе му ја стросаат нешо вака и ќе му ја испечатат сликата во поголем формат за да си ја клаи на зид...
(y)

Он: zocc ај ако не те мрзи, пимпни ми ја мојава омилена кола ;)

mopp_0712_15_z%201969_dodge_charger_pro_touring%20side_view.jpg
 
инаку јас имам желба голема за photoshop само незнам програм некој за тоа ако има некој вака да ми каже некој програм со кој можам добри фотки да правам инаку топ се сликиве :D
 
инаку јас имам желба голема за photoshop само незнам програм некој за тоа ако има некој вака да ми каже некој програм со кој можам добри фотки да правам инаку топ се сликиве :D
Пеинт.
Зоц,браво за сликите,вака одприлика за колку време ги правиш?
 
Јаооо брате свака част ! :D

Ај ако не ти е тешко процедурата што како иде онака ме занима
Фала, фала, ......а за процедурата..... ахххх не можам да ти ја објаснам тука треба да ти пишувам едно 10 дена :) , не е така едноставно. Ако сакаш може да ти пратам форуми кај што има туторијали и се е објаснето. После даунлодирај фотошоп и удри на вежбање. :D
--- надополнето: Oct 20, 2011 7:53 AM ---
чудно како се немаме сретнато на некој од форумите зошто и јас до пред година дена бев доста активен на ВТ форумите и бев во контакт со уште два тројца македонци кој исто активно се занимаваа а ете со тебе се немаме сретнато, кажи ми имаш профил на Dart, активен си таму ? еве иначе мој DA може имаш наидено на некој мој Chop http://sumar4e.deviantart.com/
Не немам профил на deviantart а и не ми ни требало, единствено нешто што сум даунлодирал од таму патерни, четки итн. Инаку идев на овие форуми Carchops, PS garage, Photoshopchop.........хммм сум ги заборавил другите. :confused:
--- надополнето: Oct 20, 2011 8:00 AM ---
(y)

Он: zocc ај ако не те мрзи, пимпни ми ја мојава омилена кола ;)

mopp_0712_15_z%201969_dodge_charger_pro_touring%20side_view.jpg
Вака сега, прво, сликата што си ја ставил е во многу мала резолуција, обично работам на минимум 1600 x 1200 px. Второ, на колава нема што да се доработува топ е. Ова е доработена верзија (вистинска), стандардната не е оваква. И трето, кога би имал време би изработил еден ваков масл кар :D Инаку имам нешто вака слично незавршено мислам на компјутер ако го завршам ке го ставам тука.
--- надополнето: Oct 20, 2011 8:04 AM ---
инаку јас имам желба голема за photoshop само незнам програм некој за тоа ако има некој вака да ми каже некој програм со кој можам добри фотки да правам инаку топ се сликиве :D
Па нели го пиша Photoshop, така и се вика програмот, симни го од нет и почни полека. А Paint батали, не го бива, играчка за мали деца. (n)
--- надополнето: Oct 20, 2011 8:10 AM ---
Пеинт.
Зоц,браво за сликите,вака одприлика за колку време ги правиш?
Фала ти, зависи што сакаш да постигнеш, значи релативно е, можеш и за еден ден а може и за 10 дена. Мене од прилика ми требаа од 7-10 дена пошто некогаш ми се случува да немам инспирација и така си стои колата.
 
ајде и јас да споделам некој мој стар Chop и да ја збогатиме темата

ова е еден од моите најомилени Chop-ови а може да се каже дека на неа имам потрошено најмногу време, иначе орг нема бидејќи се работи за Full Brush во кој и позадината е Brush

bmw_3_0_csl_final_by_sumar4e.jpg

еве и уште една за која може да се каже дека е Full Brush освен мал дел од колата цели бандаши и позадината ма да и таа претрпе доста измени.

bmw_e30_by_sumar4e.jpg

еве и за крај барем за сега еден мој почетнички Brush ако не и мојот прв или втор обид за Full Brush колку за споредба со погорните и можностите на усовршување ако се има желба и ако си упорен

fiat_126_by_sumar4e.jpg

доволно е сега за сега ако има заинтересиранос ќе следат и др.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom