Креационизам наспроти еволуционизам

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Do Genesis i Miki1

Сликата претставува еволуција на 9 видови риби во рамките на своите видови во поглед на развивање раце и нозе.

Дали е тоа под некој надворешен фактор како радијација, или не, воопшто не е важно.

Јасно е дека мутацијата како дел од ТЕ се случила кај овие видови риби и приврзаниците на ТЕ имаат потполно право да кажат ОВИЕ 9 ВИДОВИ РИБИ ЕВОЛУИРАЛЕ ВО РАМКИТЕ НА СВОЈОТ ВИД (засега).

Како Црквата би ја објаснила појавата на таа риба од сликата?

Ова е одличен момент да се види колку некои луѓе се расположени критички да размислуваат, обсервираат податоци и дадат свои размислувања за одредена работа, макар и спротивставени.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
Хм, со САД можам да разребрам дека има такви дегенерирани битија, оти таа држава се „изнапука„ бомби на нивните полигони во Аризона и Невада, а тоа што до јавноста нема(ме) податок за појава на дегенерирани животинки, не значи дека ги нема.

Само не ми е јасно што бараат Алжир и Казахстан, и кај нив ли имало нуклеарни проби?
Да не постирам слики тука, не изгледаат воопшто пријатно, па и животни со деформитети предизвикани од радиоактивно зрачење.
Се случуваат кај поединки и кај сите деформитетите се различни... Ај, да видиш:





Погоре рибата (која наскоро нема да биде риба) е доказ на адаптација (еволуција). Само се приспособува на новата околина.

Алжир и Казахстан се земји во кои Франција и Русија вршеле нуклеарни проби. Според логикава твоја, досега таму требаше да има дваесетина нови видови со деформитети. ЛоЛ.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Алжир и Казахстан се земји во кои Франција и Русија вршеле нуклеарни проби. Според логикава твоја, досега таму требаше да има дваесетина нови видови со деформитети. ЛоЛ.
Хммм, воа со Алижир и Казахстан не ми е познато, но добро, засега ќе го прифатам. За нуклеарни проби во Алжир прв пат слушам, оти французите вршеа проби на островите во Океанија, а русите правеа проби во Сибир и на северните острови од СССР, а дека правеле нуклеарни проби и во Казахстан, и тоа ми е непознаница.

Што се тиче деформитетите, не знам дали би требало да се токму „дваесетина„ на број, но и на лаиците им е јасно дека радијацијата врши неповратни генетски нарушувања кај новите генерации, а дали тие дегенерирани видови се медиумски објавени и достапни, тоа е друго прашање. Властите секогаш кријат битни нешта од својот народ...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
Хммм, воа со Алижир и Казахстан не ми е познато, но добро, засега ќе го прифатам. За нуклеарни проби во Алжир прв пат слушам, а русите правеа проби во Сибир и на северните острови од СССР, а дека правеле нуклеарни проби и во Казахстан, и тоа ми е непознаница.

Што се тиче деформитетите, не знам дали би требало да се токму 12 на број, но и на лаиците им е јасно дека радијацијата врши неповратни генетски нарушувања кај новите генерации, а дали тие дегенерирани видови се медиумски објавени и достапни, тоа е друго прашање. Властите секогаш кријат битни нешат од својот народ...
Радијацијата врши инстантни промени во гените (во ДНК), и затоа промените кај живите организми се ужасни, како тие погоре (да не поставуваме слики од луѓе). Она што радијацијата го предизвикува е страшно, а тие што ќе добијаат такви деформитети, повеќе не се во состојба да го продолжат видот. Тоа е добрата страна.

Што се однесува до местата каде се вршеле нуклеарни проби:



И не треси глупости дека на рибата и пораснале нозе заради радијацијата.... ти се смеат луѓето.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И не треси глупости дека на рибата и пораснале нозе заради радијацијата.... ти се смеат луѓето.
Важи, а пред да почнат луѓето да ми се смеат, посочи каде напишав дека на рибата и‘ пораснале нозе ради радијацијата.
--- надополнето: Oct 20, 2011 1:07 PM ---
Сликата претставува еволуција на 9 видови риби во рамките на своите видови во поглед на развивање раце и нозе.
Ај прочитај се уште еднаш, не Те разбирам: „...еволуција на 9 видови риби во рамките на своите видови...„?

А тоа што израстоците (не се видливи најдобро на посочената фотка) личат на раце и нозе, мора ли да бидат раце и нозе, и тоа за битие кое живее во водена средина, на кое „рацете и нозете„ повеќе би им биле деформација од колку корисен екстремитет!?

Јасно дека постојат сеуште неоткриени живи битија, но не мора секое од нив автоматски да се вклопи во ТЕ само заради нечии предрасуди.
--- надополнето: Oct 20, 2011 1:09 PM ---
Дали е тоа под некој надворешен фактор како радијација, или не, воопшто не е важно.
Јас мислам дека е многу важно: не е „исто„ дали т.н. еволуција е природо-спонтан процес или е „насила праење убајна„.
--- надополнето: Oct 20, 2011 1:11 PM ---
Јасно е дека мутацијата како дел од ТЕ се случила кај овие видови риби и приврзаниците на ТЕ имаат потполно право да кажат ОВИЕ 9 ВИДОВИ РИБИ ЕВОЛУИРАЛЕ ВО РАМКИТЕ НА СВОЈОТ ВИД (засега).
Мутацијата е, велиш, еволутивен феномен? А да не е неповратно-дегенеративен?
--- надополнето: Oct 20, 2011 1:14 PM ---
Како Црквата би ја објаснила појавата на таа риба од сликата?
Исто како и до сега: Бог Е Творецот на се‘ видливо и невидливо, согласно симболот од верата.
--- надополнето: Oct 20, 2011 1:16 PM ---
Ова е одличен момент да се види колку некои луѓе се расположени критички да размислуваат, обсервираат податоци и дадат свои размислувања за одредена работа, макар и спротивставени.
Убо. Што има овде критично, не „копчам„. Ова на фотката е уште едно од веројатно многуте живи битија, кои се населени на Земјава а за кои не сме знаеле дека постојат, а не мораат да бидат „преодни модели„.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Абе, шупак, рибата има НОЗЕ. Со нозете се движи по карпи и дно. Рибата оди, наместо да плива.

Кој дел не ти е јасен?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Абе, шупак,
...:oops:...
--- надополнето: Oct 20, 2011 2:40 PM ---
Абе, шупак, рибата има НОЗЕ. Со нозете се движи по карпи и дно. Рибата оди, наместо да плива.

Кој дел не ти е јасен?
Не ми јасно, по која логика на рипката и‘ притребале нозе, кога таа ионака живее во „мокра„ средина, во која по логично и‘ се потребни перки за движење, како што на птицата и‘ се по логични крила за летање, а на човекот нозе за движење по копно? Патем кажано, човекот може и без перки да плива, иако не водно животно...

Аааааа, ми текна! Од оваа рипка, ќе следи „преоден модел„ за на копно, не? :rolleyes:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
...:oops:...
--- надополнето: Oct 20, 2011 2:40 PM ---

Патем кажано, човекот може и без перки да плива, иако не водно животно...
Ко не му го кажа оваа на милиони кои се удавиле по реки езера мориња и океани пред да НАУЧАТ да пливаат.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ко не му го кажа оваа на милиони кои се удавиле по реки езера мориња и океани пред да НАУЧАТ да пливаат.
Еххх, па и еволуцијата не е совршена, нели...:icon_lol:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Еххх, па и еволуцијата не е совршена, нели...:icon_lol:
еволуцијата му е јасна на секој па и тебе (само шо мораш по службена должност да ја негираш) освен можеби на отац Јоило - али тој е од друга планета, и сега се чека моментот кога христијаните ќе речат “Ние никогаш не велевме дека нема еволуција (како со вселената, сонцето, земјата) само велиме дека е тоа божје дело...“
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
Важи, а пред да почнат луѓето да ми се смеат, посочи каде напишав дека на рибата и‘ пораснале нозе ради радијацијата.
Не рече директно, туку индиректно сакаше да посочиш дека се работи за некакви си последици од радијација:

читав некој текст, во кој професорот јасно укажува на сите дегенерации, кои се појавија кај морските битија околу островите во Океанија, на кои французите „маваа„ нуклеарни проби до бесвест...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики, не размислувај, верувај .... инаку следен пост ќе ти го стават Јети за анализа :pos:
Во Јети веќе верувам, а како тргнала еволуцијава, ќе почнам да верувам и во Али Баба и неговите 40 багабонти...
--- надополнето: Oct 20, 2011 3:10 PM ---
Не рече директно, туку индиректно сакаше да посочиш дека се работи за некакви си последици од радијација:
Значи, не реков/напишав ниту директно ниту индиректно, туку посочив на можноста од генетски деформации, повикувајќи се на примерот посочен од споемантиот професор, кој (пример) не мора директно да се однесува на рипката од фотографијата. Посочената рипка може да биде сама по себе неоткриен/непознат род, а не производ од радијацијата во Океанија.
--- надополнето: Oct 20, 2011 3:20 PM ---
еволуцијата му е јасна на секој па и тебе (само шо мораш по службена должност да ја негираш) освен можеби на отац Јоило - али тој е од друга планета, и сега се чека моментот кога христијаните ќе речат “Ние никогаш не велевме дека нема еволуција (како со вселената, сонцето, земјата) само велиме дека е тоа божје дело...“
Еволуцијата не им е најјасна ниту на нејзините поддржувачи, кои не кријат дека ТЕ има маани, ама тие маани се „пополнуваат„ со маса од убедливи прикаски и „..мудрувања телесни...„, а мене лично, одамна не ми е прифатлива, оти има(м) и поинаква вистина за Светот и животот.

Се‘ е „ствар укуса„ и личен избор на моделот по кој (модел) ќе ги толкуваме нештата во Светов.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Еволуцијата не им е најјасна ниту на нејзините поддржувачи, кои не кријат дека ТЕ има маани, ама тие маани се „пополнуваат„ со маса од убедливи прикаски и „..мудрувања телесни...„, а мене лично, одамна не ми е прифатлива, оти има(м) и поинаква вистина за Светот и животот.

Се‘ е „ствар укуса„ и личен избор на моделот по кој (модел) ќе ги толкуваме нештата во Светов.
Си побркал работи бе Мики, библијата е конфузна и противречна и нејасна.
Доказ за тоа е што толкувајќи ја таја една иста библија имаме десетици или стотина христијански цркви, секти и правци и сите велат дека тие се оние кои парвилно ја толкуваат
Теоријата на еволуција е една и унверзална. Нема Источна или Западна теорија на еволуција, нема “Еволуционерни сведоци“, Еволуионисти - протестанти......
 

Kajgana Shop

На врв Bottom