Целата Вистина за бог

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
se gleda deka ti treba ushte uchenje., prvo teorija ., pa dodeka da stignesh ., do praktichniot del ., ihaa., godinite sami ke ti objasnat.......

inaku za bog/ojdov jabana ako prodolzham vaka/...........veruvale ili ne ., ama ., nekoj neshto toa tamu., priroda ., kolibri., cvet ., chovek e kreacija na neshto ., i/ili neshtata /uslovite/ taka da sepak neshto mora da postoi kako prapochetok ., a druga e rabota na lichnoto viduvanje na razvitokot na sluchuvanjata.,
А што тоа ќе ми се објасни?

А што е тоа нешто?

А ти веруваш во „Бог“?

А ова што до сега ти го зборуваш, не е лично твое видување на развитокот на случувањата?

И побогу, што ти значи ова - видување на развитокот на случувањата? Можам ли таа фраза да ја употребам, еве да речеме ако зборувам за тоа како создадена хартијата, или шо знам, еве првиот кондом на пример, а? Каков е тој развиток на случувањата?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Аргумент за што?
Бараше да ти кажам дали има смисла во еден живот.
Доби одговор, што аргументи сакаш?
Аргумент за тоа што е според тебе смислата на животот и постоењето.
Ти велиш дека е вечноста, но не кажа зошто баш таа?
Нели пред да настане конечното, си постоело бесконечното? Ако смислата е во бесконечното, зошто тогаш настанале ограничувањата и конечните вредности?
Времето и просторот како еден од аспектите на постоењето, си имаат почеток, со што автоматски знаеме дека не се бесконечни. Пред нив, бесконечното си постоело, и ако смислата била само во него, тогаш немало потреба да се создава нов концепт, кој ќе содржи, конечност.
Ти како самопрокламиран мистик, би требало да си ги поставиш одамна овие прашања на себе.
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.688
Поени од реакции
31.683
leleeeeeeeee a jas mislev deka samo malku raboti ti ne se jasni: koga ke ti se objasni samoto ke nema potreba da go postavish ovoa prashanje toa neshto e ispolneto nishto iskluchivo moi viduvanja na rabotite ., a zoshto bi bilo poinaku i ete na krajot sam si kazha deka si vernik ., /pobogu/., a i vprochem shto i da si ako nemash tvoe lichno gledanje na rabotite ., vremensko prostorni kako se odvivale ., ., ke trebe da angazhirame profesionalen crtach izvini ama za vaka elementarni raboti ., majtapot tuka prestanuva
 
1. Па не ми се јасни, а еве гледам ти „се декларираш“ како стричњак, па затоа и тебе ти се обраќам.. (чекам одговор БДвеј).

2. А зошто да не биде поинаку? Од каде знаеш дека тоа нешто е исполнето?!? како тоа исполнето (твое видување - ако грешам при толкување, биди појасен во тоа што го пишуваш)? Исполнето со што?

3. Од каде ја тоа верник? Не мешај лингвистика и граматика со вера т.е. религија... побогу...

4. Од кај тоа дека немам свое лично мислење?

5. Зошто мислиш дека личното мислење е важно (бидејќи гледам дека аргументираш стриктно врз тоа - ако воопшто ова што го говориш ти е некој аргумент) при објаснување на „Вистината за бог“? Односно, мислиш ли дека е клучно личното мислење за да ја објасни вистината за она што некој го нарекува Бог, а други го објаснуваат тоа преку науката?

П.С. професионален цртач сум.. кажи за што сакаш да ме најмиш?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Тешко... :)
Ако не го надминеш твојот „асполутно спознаен универзум“, нема што да се зборува... ќе тапкаме и ќе повторуваме цели пасуси... едно та исто...
--- надополнето: Oct 17, 2011 11:04 PM ---

Игорче или кој и да е, изгледа заборава дека годишните времиња минуваат, Законот нјиет! :)
Апсолутното не се надминува.....ти си чул нешто ама не си дочул.
Ако има закон има законодавец...така?
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Bodhidharma, жалам што ќе се вмешам во муабетот меѓу тебе и Хептаграм, но едно реторичко прашање, следејќи ја логиката на, како што велиш, Ако има закон има законодавец, ...
Ако постои Бог, има ли (еве грубо да се изразам) богокреатор или граметички еве да го следам законодавец, ќе речам, богодавец?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Аргумент за тоа што е според тебе смислата на животот и постоењето.
Ти велиш дека е вечноста, но не кажа зошто баш таа?
Нели пред да настане конечното, си постоело бесконечното? Ако смислата е во бесконечното, зошто тогаш настанале ограничувањата и конечните вредности?
Времето и просторот како еден од аспектите на постоењето, си имаат почеток, со што автоматски знаеме дека не се бесконечни. Пред нив, бесконечното си постоело, и ако смислата била само во него, тогаш немало потреба да се создава нов концепт, кој ќе содржи, конечност.
Ти како самопрокламиран мистик, би требало да си ги поставиш одамна овие прашања на себе.
Не бладај :)
--- надополнето: Oct 18, 2011 2:22 PM ---
Bodhidharma, жалам што ќе се вмешам во муабетот меѓу тебе и Хептаграм, но едно реторичко прашање, следејќи ја логиката на, како што велиш, Ако има закон има законодавец, ...
Ако постои Бог, има ли (еве грубо да се изразам) богокреатор или граметички еве да го следам законодавец, ќе речам, богодавец?
Дефинирај ми Бог, па ќе правиме муабет.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Нападот е најдобра одбрана! :)
Не сум расположен да коментирам на глупости. :)
Тоа важи за сатанистот, а за Meddle ќе ти стане јасно покасно.
Инаку немам потреба да се бранам или напаѓам.
Ако примети до сега по постовите и не ни го правам тоа.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Не бладај :)
--- надополнето: Oct 18, 2011 2:22 PM ---

Дефинирај ми Бог, па ќе правиме муабет.
А што како ти имаш некоја дефиниција? Односно, сигурно очекуваш да ти кажам дека не може д се дефинира, па сеа оттука да извлечеш некоја филозофско-теолошка претстава за творбата „Бог“?

Те прашав конкретно прашање, очекувам конкретен одговор.. Зошто го ставаш равенството Ако постои закон, има и законодавец, ако однапред знаеш дека при поставена релација Ако постои бог, има и боготворец, таквото равенство не може да псотои, од причина што Бог е олицетворение на создавање?

И друга работа, Бог може и се дефинира, филозфско-теолоши, па и религиски (Битие што го создало целиот универзум, знаен и незнаен). Но Бог пред се, се поима, затоа што како таков, не постои и не можеш да го дефинираш (дефинираш нешто што гледаш, а не нешто што не гледаш), па оттука поимот за Бог е наметнат, т.е. создаден од луѓето, бидејќи преку него тие (а и денес, ние) ги поимале процесите и појавите, во нас и околу нас. Од друга страна Бог, па ако размислиш, и не е ни поим, туку е претстава, а претставата е, одраз на сите наши сетила за нас кои што се во содејство со светот околу нас.

И сеа од овде, од ова што го реков„затоа што како таков, не постои и не можеш да го дефинираш“ галиба пак ќе извлечеш, се надевам, дека се плеткам во сопствените зборови, кога во суштина не е тука проблемот, проблемот е што концептот бог е неодржлив, и како таков е излишен во денешно време. Само очајните и неинформираните сеуште се ослонуваат на концептот Бог - Творец. Не ме сфаќај погрешно, како и многумината овде, не го навредувам тој концепт или не знам што сеа вулгарно му правам (онанирам на него ебаго!), туку како што човекот некогаш многу одамна го напуштил концептот за анимизам, тотемизам, политеизам и сл и сл. така треба да го напушти (а гледам и го напушта) концептот за Бог (т.е. монотеизам) и нема ништо страшно и трагично тука.

П.С. искрено, би бил многу среќен да некад, (научно-фантастично гледано) ако доживеам секако, се утврди со научни факти, да она за што ние збориме за Бог е во суштина некоја си прва пра-цивилизација Артуркларковски речено the firstborns, кои изумреле и дошле до тој степен на развиеност да креираат нови светови, а при тоа да предизвикаат да и сопствениот свет, универзум, го креираат од поново, нешто како перпетум мобиле, но со оглед на тоа дека тие се пра-причината за нашиот постанок, гледано од хемискиот и физичкиот состав на се она што го создале, знаеш, како да оставиле материјален траг, преку био-хемиски инженеринг, да ние имаме оштетено чувство за тоа од каде сме дошле, па нашата смисла за Бог ја сметаме за у пичку матер религиозна. Е тоа би било интересно, нормално ако науката го открие сето тоа (научно-фантастично гледно, нели, оти има овде пациенти што ќе почнат да дркаат на вакви искази)!
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.688
Поени од реакции
31.683
wow ushte eden shto gleda nonstop pornografija ., namesto da druzhi zhenski:coffee: vokabular ., .....lele i jas pochnav ko stav _.,., da bidnuvam:LOL:
 
Тогаш се поставува прашањето што е битие......
Не те дриблам, ама дефинирај до крај ако веќе се нафати :)
--- надополнето: Oct 18, 2011 3:01 PM ---
Инаку делот со Артур Кларк е на место, и има основа :)
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
wow ushte eden shto gleda nonstop pornografija ., namesto da druzhi zhenski:coffee: vokabular ., .....lele i jas pochnav ko stav _.,., da bidnuvam:LOL:
Абе шутрак, те мачи нешто?

Тогаш се поставува прашањето што е битие......
Не те дриблам, ама дефинирај до крај ако веќе се нафати :)
--- надополнето: Oct 18, 2011 3:01 PM ---
Инаку делот со Артур Кларк е на место, и има основа :)
Не велам дека ме дриблаш, но очекував ваков одговор.. искрено, не си единствениот, такви одговори дава и Чорбаџијата, и МИКИ, и Шутрак, и други слични... Не ме сфаќај погрешно, но гледам дека повеќе го разработуваш филозфскиот аспект на Бог, за кој што повторно велам дека е застарен.. не си ме разбрал друже во она што ти го пишав погоре. А гледам дека си ставил Зен мудрост како „поговорка“, да речам. Се е тоа во ред што ти го зборуваш, и убаво е што така размислуваш, али нели си размислил дека сето тоа за што говориш е еден вид илузија? Сеа еве ми поставуваш прашање што е битие, а ако ти одговорам, па ти си битие, ќе одговориш, а какво битие сум јас, или на пример, зошто јас сум битие, како да се дефинирам јас како битие, дали моето Јас е битие, итн итн. Или на пример ако ти одговорам, битие е и растението, е тогаш одма ќе почнеш, претпоставувам со цикличноста, реинкарнацијата, концептите на будизмот, зен-будизмот и сл. А ако ти одговорам, да речеме, дефинициски, битие е просторно временска материјализација на збир од физички и душевни карактеристики, на еден организам или соединение кое што егзистира. Е тогаш би следувале други прашања, од типот, зошто физички зошто духовни, какви се тие духовни, какви се тие физички, како егзистире, каде, организам, какове тој, кој го сиздал и сл исл..

Види, да не го дрвам, она што се обидувам да ти кажам, а се надевам и повеќемината тука, е дека, како прво, се фаќаш за зборови и ги толкуваш истите според внатрешните чувства, а тоа истото го правеле луѓето пред илјадници години /(и впрочем така настанала религијата), а го прават и денес (не само преку религијата, па погледни само на ТВ една реклама, или оди во супермаркет, се ќе ти стане јасно, го немаш Бог, но го имаш принципот, есенцијата, концептот!). Со други зборови, од една страна имаш лингвистичкипроблем, заот ашто поимите и зборовите што означувале поими и процеси, пред 1000 години, не значат исто денес, а секојдневно ги толкуваме, а од друга страна, човекот нужно еволуира и под никој случај нема да прифати, а и не прифаќа концепти од пред 20, 30 и 50 години, а камо ли од пред 500 и јаче! (затоа ти го споменав ова: „туку како што човекот некогаш многу одамна го напуштил концептот за анимизам, тотемизам, политеизам и сл и сл. така треба да го напушти (а гледам и го напушта) концептот за Бог (т.е. монотеизам) и нема ништо страшно и трагично тука“)

Иначе тоа со Артур Кларк нема основа, а ти пишав и зошто, читај меѓу редови - сепак е научна - фантастика
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.268
Поени од реакции
12.271
Апсолутното не се надминува.....ти си чул нешто ама не си дочул.
Ако има закон има законодавец...така?
Не ограничувај момче... Зборот на Гревот е Ограничување... што сум слушнал сум слушнал... не е за овде да се каже со цел за да бидам во право...
Ако ти си слушнал и спознал во твојот апсолутен универзум дека неможе да се надмине... твое си е...

Законот вели:
70. Постои помош и надеж во другите волшепства. Мудроста вели: биди силен! Тогаш ќе можеш да поднесеш повеќе радост. Не биди животно; облагороди ја својата наслада! Ако пиеш, пиј со осум и деведесет правила на вештината: ако љубиш, надмини со префинетост; и ако правиш нешто радосно, нека има суптилност во тоа!
71. Но, надмини! надмини!
72. Стреми се секогаш кон повеќе!
Има Закон и има Законодавец... Deus est Homo :) Читај од која страна сакаш... :)
Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон!
Љубов е законот, љубов под волја!

Мислам дека доволно се исзнаприкажавме... сепак ќе се повторувам во иднина, па ќе прекинам овде со дебатирање за Вистината за Богот, ако воопшто се дебатираше овде на таа тема :)
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.688
Поени од реакции
31.683
Абе шутрак, те мачи нешто?

Не велам дека ме дриблаш, но очекував ваков одговор.. искрено, не си единствениот, такви одговори дава и Чорбаџијата, и МИКИ, и Шутрак, и други слични... Не ме сфаќај погрешно, но гледам дека повеќе го разработуваш филозфскиот аспект на Бог, за кој што повторно велам дека е застарен.. не си ме разбрал друже во она што ти го пишав погоре. А гледам дека си ставил Зен мудрост како „поговорка“, да речам. Се е тоа во ред што ти го зборуваш, и убаво е што така размислуваш, али нели си размислил дека сето тоа за што говориш е еден вид илузија? Сеа еве ми поставуваш прашање што е битие, а ако ти одговорам, па ти си битие, ќе одговориш, а какво битие сум јас, или на пример, зошто јас сум битие, како да се дефинирам јас како битие, дали моето Јас е битие, итн итн. Или на пример ако ти одговорам, битие е и растението, е тогаш одма ќе почнеш, претпоставувам со цикличноста, реинкарнацијата, концептите на будизмот, зен-будизмот и сл. А ако ти одговорам, да речеме, дефинициски, битие е просторно временска материјализација на збир од физички и душевни карактеристики, на еден организам или соединение кое што егзистира. Е тогаш би следувале други прашања, од типот, зошто физички зошто духовни, какви се тие духовни, какви се тие физички, како егзистире, каде, организам, какове тој, кој го сиздал и сл исл..

Види, да не го дрвам, она што се обидувам да ти кажам, а се надевам и повеќемината тука, е дека, како прво, се фаќаш за зборови и ги толкуваш истите според внатрешните чувства, а тоа истото го правеле луѓето пред илјадници години /(и впрочем така настанала религијата), а го прават и денес (не само преку религијата, па погледни само на ТВ една реклама, или оди во супермаркет, се ќе ти стане јасно, го немаш Бог, но го имаш принципот, есенцијата, концептот!). Со други зборови, од една страна имаш лингвистичкипроблем, заот ашто поимите и зборовите што означувале поими и процеси, пред 1000 години, не значат исто денес, а секојдневно ги толкуваме, а од друга страна, човекот нужно еволуира и под никој случај нема да прифати, а и не прифаќа концепти од пред 20, 30 и 50 години, а камо ли од пред 500 и јаче! (затоа ти го споменав ова: „туку како што човекот некогаш многу одамна го напуштил концептот за анимизам, тотемизам, политеизам и сл и сл. така треба да го напушти (а гледам и го напушта) концептот за Бог (т.е. монотеизам) и нема ништо страшно и трагично тука“)

Иначе тоа со Артур Кларк нема основа, а ти пишав и зошто, читај меѓу редови - сепак е научна - фантастика
mene ama bash nishto ., ama tebe ochigledno da., .........tolku si opsednat so temava shto neosetno ushte malku i ke stanesh vernik........

prethodno kazha deka si crtash i deka nudish nekakvi uslugi i si spremen da gi dadesh ., nemoj dete ke prochitaat nekoi pa ke ti se navrtat., pa ke si imash belj a zatoa vnimavaj lesno mozhe da se sopnesh so nudenje na uslugi ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom