Абе шутрак, те мачи нешто?
Не велам дека ме дриблаш, но очекував ваков одговор.. искрено, не си единствениот, такви одговори дава и Чорбаџијата, и МИКИ, и Шутрак, и други слични... Не ме сфаќај погрешно, но гледам дека повеќе го разработуваш филозфскиот аспект на Бог, за кој што повторно велам дека е застарен.. не си ме разбрал друже во она што ти го пишав погоре. А гледам дека си ставил Зен мудрост како „поговорка“, да речам. Се е тоа во ред што ти го зборуваш, и убаво е што така размислуваш, али нели си размислил дека сето тоа за што говориш е еден вид илузија? Сеа еве ми поставуваш прашање што е битие, а ако ти одговорам, па ти си битие, ќе одговориш, а какво битие сум јас, или на пример, зошто јас сум битие, како да се дефинирам јас како битие, дали моето Јас е битие, итн итн. Или на пример ако ти одговорам, битие е и растението, е тогаш одма ќе почнеш, претпоставувам со цикличноста, реинкарнацијата, концептите на будизмот, зен-будизмот и сл. А ако ти одговорам, да речеме, дефинициски, битие е просторно временска материјализација на збир од физички и душевни карактеристики, на еден организам или соединение кое што егзистира. Е тогаш би следувале други прашања, од типот, зошто физички зошто духовни, какви се тие духовни, какви се тие физички, како егзистире, каде, организам, какове тој, кој го сиздал и сл исл..
Види, да не го дрвам, она што се обидувам да ти кажам, а се надевам и повеќемината тука, е дека, како прво, се фаќаш за зборови и ги толкуваш истите според внатрешните чувства, а тоа истото го правеле луѓето пред илјадници години /(и впрочем така настанала религијата), а го прават и денес (не само преку религијата, па погледни само на ТВ една реклама, или оди во супермаркет, се ќе ти стане јасно, го немаш Бог, но го имаш принципот, есенцијата, концептот!). Со други зборови, од една страна имаш лингвистичкипроблем, заот ашто поимите и зборовите што означувале поими и процеси, пред 1000 години, не значат исто денес, а секојдневно ги толкуваме, а од друга страна, човекот нужно еволуира и под никој случај нема да прифати, а и не прифаќа концепти од пред 20, 30 и 50 години, а камо ли од пред 500 и јаче! (затоа ти го споменав ова: „туку како што човекот некогаш многу одамна го напуштил концептот за анимизам, тотемизам, политеизам и сл и сл. така треба да го напушти (а гледам и го напушта) концептот за Бог (т.е. монотеизам) и нема ништо страшно и трагично тука“)
Иначе тоа со Артур Кларк нема основа, а ти пишав и зошто, читај меѓу редови - сепак е научна - фантастика