Што правиме со емирот од Катар?

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Нашиве изгледа навистина планираат да донесат пари. Ќе потпишат десет договори на првата средба и неколку меморандуми за разбирање!? А типот доаѓа со три авиони! Организирани средби со Иванов, Груевски и Вељановски посебно и заедно!

Не знам, но мене на добро ми изгледа работава...

Мислења?

Qatar_Sheikh_Hamad_Al_Tani_by_kchemnad.jpg
 
Работава е ок,ама овие како се спремаат да го пречекаат како господ да е...Незнам дали грешно сум разбрал или точно е дека ќе дојде со вториот најголем авион во светот??
 
Планира да инвестира некаде, а сега дали ќе ја одбере оваа држава не знам. После тоа лета за Босна & Херцеговина па Украина.
qatar.gif

малце ОФФ ТОПИК
Плус да се надврзам владата сега ќе му играат на оваа песна :P :P :P

Јак човек бил, ке престојува во александар палас и со него си носи свој мебел.
 
Не му се бендисувал мебелот во претседателскиот апарман :D
 
Работава е ок,ама овие како се спремаат да го пречекаат како господ да е...Незнам дали грешно сум разбрал или точно е дека ќе дојде со вториот најголем авион во светот??
Тоа вториот најголем авион во светот е работа на глупите македонски новинари. Авионот со кој што ќе дојде е Airbus A340-500 кој што дефинитивно не е за потценување
Airbus_A340-500_Qatar_Airways_MUC.jpg

Поголем од него е А340-600 т.е. во должина 75.3 метри. Сеуште мислам дека е најдолг патнички авион во светот, но наскоро со новиот боинг 747-800 кој што ќе излезе кај и да е ќе биде 76.25 метри. А како најголем (патници) е Аирбус А380, па боинг 747-400 итн.
 
Сега цела влада на баци-рака кај Емире. ;)

Инаку, незнам каде прочитав, ама као демек врз основа на протоколот за Емире ниту Аце Палата не била доволна за пречек, ама тој бил скромен и не правел проблеми. Што фин човек. :)
 
Се дупите сите вака така , нема инвестиција , лелеле мајко , сеа идел овај чоек леле фин чоек , леле мебел си носи , леле со најголемиот авион иди...
Македонски народ сме јебига , ни вака ни така не ни чини , сеа ако се инвестира нешто , пак не чини тој не користи ова она , да не инвестира , ааа овој за џабе идеше... :confused:
 
Како нема да инвестира, ова е она староно дојди шеки да ти бацим рака. Абе ајде бегајте од тука, се знае кој е главниот играч во светот, тој што му купува нафта . ЕУ на Грција ќе и прости ПОЛА ОД ДОЛГОТ. Значи 175 милијарди евра. Тоа ти се вика помош, а не ќе дошол, ќе отвори некоја бензинска пумпа и бензинот наместо 80 денара ќе биде 75. Отвори се земјо голтни ме.
 
Дај боже да излезе посетава на добро.И од тие 10тина меморандуми,договори, што ќе ги потпишуваат,јас лично би бил задоволен и 1-2 да се остварат.
 
На циганот му даваш прст ти бара цела рака , прај го ѓуптинот цар , тој пак си тера по свое..
Е јебига, ние не сме Грција,ние не сме во ЕУ,со нас си играат ко шо сакаат.
 
Само за информациja - инвестицкиот фонд на Катар за надвор сека година е от прилика 30 милиарда долара. Катар има интерес тук на Балканот да инвестира предимно во ергетиката, инфраструктурата, земеделство и финансиски сектор.
--- надополнето: Oct 17, 2011 11:04 AM ---
Дај боже да излезе посетава на добро.И од тие 10тина меморандуми,договори, што ќе ги потпишуваат,јас лично би бил задоволен и 1-2 да се остварат.
Не си представуваj договори за изградба, за фабрики или што било друго. Договорите при првите посети винаги са за зачуване на инвестициите, договори за влегуване во државите, правни договори, за сотрудничество во една или друга област на науката (образование, медицина,технологии), обука на персонали,отваране на амбасади, конзулати,поставуване на директна авионска врзка, избегнуване на двоjното оданочуване.... ваков тип на договори.
 
Ќе го купи вардар и пола лига, ќе го опраи спортот, лига на шампиони ќе освоиме, меси конечно ќе потпише за вардар, евентуално пелистер! Друга работа е што може и самата власт да му се продаде па да шетаме со фесови и фереџиња. И најбитното, во секое време ќе има убава баклава. Да живеат братските односи со катар и нивниот ценет емир.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom