Фан Клуб: Пелистер

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.120
Поени од реакции
8.061
грешка си, јас зборав со Бале ;) :)
грешка сум бил..кај нас велеја дека бале бил Алумина али нема везе играчиште е детето треба во металург да игра а не втора или трета лига
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.298
Поени од реакции
8.254
3 000 беа не 300
Da da 3000 evra jas gresno sum napisal ;)
Sega treba da se svesti ovaa uprava i da ne gi pravi istitte greski kako od minatot koga sekogas nasi deca Bitolcani vo bilo koj klub da igraa ne pobedvaa ili ni davaa golovi Ne smeeme da gi pustame za sitni pari !
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.324
Поени од реакции
5.297
Како можеше од овие умрените да изгубиме :tapp:
Ако не собериме бодови на гости ништо не прајме, овие се крепат само на домашни натпревари....
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Како можеше од овие умрените да изгубиме :tapp:
Ако не собериме бодови на гости ништо не прајме, овие се крепат само на домашни натпревари....
Па додека играат некои играчи како Бојата и Циле нормално е да губиме...не знам што е толку неочекувано кога толку ни е силата и реално не сме кој знае колку квалитетни..дома зарем не гледате сите победи ни се на сила и на име..а на гости кој знае дали ќе победиме барем уште 2-пати до декември..
 
Z

ziko bt

Гостин
Па додека играат некои играчи како Бојата и Циле нормално е да губиме...не знам што е толку неочекувано кога толку ни е силата и реално не сме кој знае колку квалитетни..дома зарем не гледате сите победи ни се на сила и на име..а на гости кој знае дали ќе победиме барем уште 2-пати до декември..
Цилето денес изгледа беше на работа пошто воопшто не беше земен, :D а Бојата стандардно потфрли(заебанција настрана Цилето ко ке игра ми се чини поубоити сме во нападо) :D
Иначе кажав денес многу потфрливме во средината вонглавно во Локомотива беше топката,некам да испаднам 'хејтер' или било пошто лично не го знам детето,играч од средината шо го 'барат' во странство,а да не вези во средината со една екипа како Локомотива то брате мене воопшто не ми држи вода.После нападо,Драганчо даде многу за Пелистер ама неговото помина уште пред две сезони и мислам редно е да се фокусира со работата во клубот или нешто друго,пошто еве 8-9 утакмици поминаја,а чоеко нема даено гол,а и тешко се снаоѓа сам во нападо.Одбраната океј беше ама веке ко ке немаш контрола на топката редно е да се случат киксој.И ко за крај голмано денес беше добар и на висина на задачата ко за чудо. :D
Следната со Ѓорче одиме на победа,Пелистер сезонава ретко ке губи бодој дома,а и како шо се најавите за сјачвање на составо ке гледат да соберат шо е можно поке поени на домашен терен до полусезона оти за настрана се виде колку ни е моментално капацитетот.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.900
Поени од реакции
73.082
Многу е слаба втората лига годинава. Само да имате амбиции и сто посто влегувате. Нема екипа која што се одвојува. треба да користите на домашен терен да победувате, а на гости и со топло-ладно стил може да го осигурате местото во првата лига. Според мене Миравци е најак тим во втора лига, а после него има неколку кандидати. Скопје, вие, Ѓорче, Тиквеш, Еуромилк и Гостивар можеби. Мада од Гостивар најавија дека немаат амбиции а истото го кажаа и од Тиквеш...
Нрацо ќе сака да си го бутне Еуромилк во прва лига, ама не ми се верува...
Запнете малку со пари и сигурно влегувате на крај...
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
69
Поени од реакции
14
Сеа ке внедела мора да се победи... иако ке игра ПЕЛИСТЕР без штопери така што Христијан Драгарски заработи црвен картон Зоран Шалевски е повреден и Тони Магловски повторно е повикан за репрезентацијата до 19 години ... така што останува само Никола Пановски ....
но се можи без секој :D :D :D
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.298
Поени од реакции
8.254


17 OCTOBER 2011

Ништо од најавената победничка серија на фудбалерите на Пелистер, но и покрај поразот остануваат во борба за освојување на првите две места кои водат во првата фудбалска лига.

Спортскиот директор на Пелистер, Сашо Здравевски по враќањето од Скопје ни рече:
-Примивме два гола по наши грешки кон крајот на натпреварот во 72 и 84 минута, но тоа не единственото нешто со кое не сме задоволни. Нема во екипата професионална атмосфера, а некои фудбалери и не заслужуват да го носат дресот на Пелистер. Не е правена никаква селекција на фудбалерите, а тое излегува на виделина. Слабостите кај некои фудбалери не чи-нат бодови потребни во трката за првото место. Но, мора да се издржи со овој фонд на фудбалери бидејќи до крајот на оваа полусезона, немаме можност ние да доведеме некои засилувања кои очигледно ни се потребни. Мора да се доигра вака, па на паузата да се преземаат посериозни чекори за играчкиот кадар и со нови фудбалери да го смениме односот кон фудбалската игра и однесувањето.
Пелистер по поразот во Скопје се наоѓа на петтото место на табелата заедно со групата од четири екипи кои имаат по 16 бодови, три помалку од водечката екипа на Миравци.
 
Z

ziko bt

Гостин
Се реновира стадионот под Тумбекафе

Она што неколку години го очекуваа битолските љубители на фудбалот, деновиве, конечно, почна да се случува на Градскиот стадион под Тумбекафе.

Иако по ладно време кое не им оди во полза на работниците, сепак, почна реновирањето на просториите на стадионот на Пелистер. При нашата посета на стадионот прво што видовме беа дваесетината купишта земја пред службениот влез, а како што ни рекоа, се очекуваат уште толку. Сета оваа земја е заради рамнење на теренот на помошното игралиште кое се наоѓа пред стадионот, кое повеќе наликуваше на неискосена нива, отколку на она за што беше наменето. Прво со булдожери ќе се разнесе земјата насекаде, а потоа ќе се израмне и ќе се посее со семе за трева, а некаде напролет тука ќе можат да тренираат најмладите категории и првотимците за да не се оштетува теренот на Градскиот стадион.
Напоредно со изградбата на помошните терени се работи и на поправка на соблекувалните. Во соблекувалната на Пелистер се поправа, или поточно, се поставува нова електрична инсталација, бидејќи старата не ги исполнуваше ни основните потреби. Неизменично работеа или бојлерите или другите потрошувачи, а сега по поставувањето нов доводен кабел тоа ќе биде минато и со секое време ќе има топла вода, а ќе работат и машините за перење на дресовите и другата опрема.

Просторијата за судиите беше бојадисана, а се поставуваше и осветлувањето. Исто така, се бојадисуваше и ходникот и просториите каде се сместуваат делегатот и гостинските фудбалери, а за брзо време ќе се работи и на покривот кој е речиси целосно оштетен.
Иако се работи секаде, сепак, стадионот не ќе може да добие лиценца за меѓународни средби, а целосна реконструкција може да се очекува кога ќе биде во владение на локалната самоуправа за што постапката е почната.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.298
Поени од реакции
8.254
Се реновира стадионот под Тумбекафе



Иако се работи секаде, сепак, стадионот не ќе може да добие лиценца за меѓународни средби, а целосна реконструкција може да се очекува кога ќе биде во владение на локалната самоуправа за што постапката е почната.
Со други зборови ова е само шминкање и мора да се направат трибини позади головите па и ако сакаат нека бидат монатжни и се рабира да се постават рефлектори !
За тоа дека стадион ќе му го дадат на гардот ќе почекаме уште некоја година ова е само мачакање на очи истото како и со спортската сала младост за која постапката за префрлање под ингернеции на локалкната власт се направен пред некоја година и се уште нема ништо до тоа , сепак доборо е и ова што се прави за разлика од тоа што до сега беше стадионот во зоната на самракот и отфрлен од сите до сега
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.028
Поени од реакции
623
рефлекторите од градски се во Битола веке 2 години, и од непознати причини сеуште не се монтирани :confused:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.298
Поени од реакции
8.254
рефлекторите од градски се во Битола веке 2 години, и од непознати причини сеуште не се монтирани :confused:
Eпа тоа де двојче велеше уште порано дека тие се тука во дворот на општината но дека не ги поставувале тие оти немале ингенрнции па ете изгледа поради тоа ете сега дури поднесле документи да подпадни стадионот под локална власт
Инаку има муабети дека стадион повеќе ќе се реновирал вгодина кога ќе влеземе прва лига ...
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Eпа тоа де двојче велеше уште порано дека тие се тука во дворот на општината но дека не ги поставувале тие оти немале ингенрнции па ете изгледа поради тоа ете сега дури поднесле документи да подпадни стадионот под локална власт
Инаку има муабети дека стадион повеќе ќе се реновирал вгодина кога ќе влеземе прва лига ...
Не мислам да провоцирам. А ако не влезете сакате да кажете дека нема да сакат да го реновират? Ако тоа е причина тој што донел таква одлука, треба да го обесите на рефлектори, кој викате дремеле во општината.Па за таму ли се бе,или некој сака да исчезнат мистериозно.Ова само кај нас го има.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.028
Поени од реакции
623
Не мислам да провоцирам. А ако не влезете сакате да кажете дека нема да сакат да го реновират? Ако тоа е причина тој што донел таква одлука, треба да го обесите на рефлектори, кој викате дремеле во општината.Па за таму ли се бе,или некој сака да исчезнат мистериозно.Ова само кај нас го има.
Се распрашав точно зошто не се поставени баш пред малку дознав.Треба да се постави трафостаница која кошта 500 000 евра, затоа не се поставени.Наводно во план било и понатамошна реконстуркција на стадионот за од другата година и ке било земено и ова со рефлекторите ке било вклучено.Останува да видие
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Нека застани еднаш клубот на здрави нозе.....
За рефлектори,трибини и слично има време...
Најважно е сега едно...
ДА СЕ ВЛЕЗИ(со молење,колење,бесење)..... ВО ПРВАТА ЛИГА,КАЈ ШО НИ Е МЕСТОТО...
Недела со Ѓорче..
Најавени се навивачи од Скопје...:)

 

Kajgana Shop

На врв Bottom