Фан Клуб: Рома

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
според мене пеналот беше престрог а камоли црвен картон...но тоа е одиме понатаму.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.926
Поени од реакции
8.803
Ајде да кажам нешто за дербито ... прво да почам со факти, поштено си изгубивме(фактички бишето се самоуби) :D !!!

- Значи немојте да го кривите судијата што на Кјаер му даде црвен, секој фудбалер кој е последен во одбрана и прави фаул над противнички играч кој веќе го поминал по автоматизам добива црвен, за оваа ситуација посубјективна варијанта како фан на Рома која можам да ја искажам или да го обвинам судијата е да кажам дека можеше Кјаер да помине со жолт со оглед на тоа дека голема беше веројатноста Броки да не ја стигне топката, ама на тоа требаше да си мисли самиот Кјаер, судијата нема што да му ја мисли, правила си се правила ... па и да ја стигнеше Броки, па остај го бе, па тоа е Броки мајку му ебем, големи би биле шансите Стек и да одбранеше, бидејќи во прашање беше "тежок" деструктивец кој еднаш годишно се наоѓа во таква позиција !!

-За судијата само може да му се забележи дека влечеше малку на страната на лацио, НО тоа не е оправдување за поразот, се знае еден човек и крив за поразот а тоа е Кјаер, за него неможам да кажам дека нема искуство во Сериа А, но сепак момчето има 22 години и има место за напредок кај него, затоа сеуште имам доверба во него, пред да ја направи глупоста играше одлично и ја одстрани секоја опасност кон голот на Рома ... всушност сите беа одлични до пеналот, се виде дека Рома е помоќен тим од лацио, се виде дека оваа екипа и оваа тактика и формација која ја фура Енрике е надежна(со мали измени од кои се виде дека има резултати) ... овој лацио што го видов вечерва нема долг рок на траење и тешко дека ќе заврши пред Рома оваа година,можеби, но само оваа година, овој лацио едвај успеа да постигне гол со играч повеќе цели 35-40 минути и плус неколку играчи кај Рома кои беа под опасност да добијат втор жолт, нормално и тоа многу влијае, посебно што еден од нив беше Де Роси со еден жолт уште од прво полувреме, затоа јас не жалам многу за овој пораз, криво ми е само што не издржавме ебени 20 секунди ...

-На овој меч увидов позитивни работи ... на почетокот на сезоната многу се плашев од тоа како Енрике ќе ја постави одбраната и како овој тим на Рома ќе се брани во Сериа А, било од контра напади, било од константно напаѓање на противникот, мислев дека човекот од многу мислење на нападот на некој начин би ја запоставил одбраната и тоа би ни било слаба точка оваа година, но како што минува времето се повеќе сум сигурен дека сум згрешил во врска со тоа, вечерва екипата докажа дека може да се брани !

- Добро е што овој пораз не менува многу работи, сепак почеток на сезона е, притисок имаше, но не толку голем, сепак сме на само 4 бода до лидерот на табелата Јуве, на 3 бода до Наполи, исто бодови со Милан и 4-ри бода повеќе од Интер, тоа за нас е најважно, да не го изгубиме чекорот со ривалите кои ги набројав, сепак тие немаат некое оправдување за слабите резултати, додека нашиот тим има, во Рома по завршувањето на ланската сезона и ова лето се случија неопходни драстични промени, се смени сопственикот, се смени управата од тренер па до лицата кои ги чистат копачки на фудбалерите, што е најбитно имаше огромни промени во играчкиот кадар, значи буквално се се смени во нашата екипа, па аналогно на тоа и очекувано беше да немаме некој си перфектен старт сезонава ... затоа треба да бидеме стрпливи, можеби оваа година нема да обезбедиме пласман во ЛШ, но не е крај на светот, вреди да се жртвува оваа година, сепак на крајот од сезоната ќе видиме што ни фали за да бидеме подобри, односно кои играчи треба да ги продадеме, кои треба да останат, кои се за во пензија а кои треба да ги купиме и со веќе воигран состав наредната година не ни бега некое од првите три места, затоа само трпение и трпение, овој тим го чека светла иднина !!!

Форца Рома, Форца Ди Бенедето, Мерда лазио !!! :)
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.293
Поени од реакции
3.328
Се знае кај е грешката ама тоа е ,бидна веќе...Ни ја не би го фаулирал Броки али ете тоа е од големата желба и притисок да се допре секој напад...Судијата можеше жолт да му даде али овој директен црвен со не пресече...Наредна дома со Палермо се надевам дека ќе се поправиме и ќе се вратиме во победнички ритам..Форца Рома !
 

thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.010
Поени од реакции
2.043
Утре се собираме пак навивачите на Рома, ќе ја гледаме утакмицата во еден кафич, па ако има заинтересирани да дојдат, нека ми пишат на ПП.

Ќе биде утакмица со многу голови ..
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.926
Поени од реакции
8.803
Тандемот за успех !! Овие двајца можат да предаваат на цела Ромина бивша управа на чело со Росела !!

--- надополнето: Oct 22, 2011 7:37 PM ---
И дали конечно ќе го видиме Ламела, изгледа нашето скоро 20 милионско засилување ќе го има своето деби :vozbud::vozbud:

ROMA: 4-3-1-2: Stekelenburg – Cassetti, Juan, Burdisso, José Ángel – De Rossi, Pjanic, Gago – Lamela – Osvaldo Bojan.
PALERMO: 4-3-1-2: Tzorvas – Pisano, Silvestre, Migliaccio, Balzaretti – Barreto, Acquah, Della Rocca – Illicic – Pinilla, Hernandez.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.926
Поени од реакции
8.803
Пјанич во последен момент се повредува и е надвор од комбинација, а Бојан Кркич изоставен наместо Марко Бориело, сепак Бојан е на клупа, а Ламела од прва минута :vozbud:

еве ги:
Roma (4-3-3): Stekelenburg; Cassetti, Burdisso, Juan, Josè Angel; Pizarro, De Rossi, Gago; Lamela, Borriello, Osvaldo.
A disposizione: Curci, Heinze, Taddei, Bojan, Perrotta, Borini e Simplicio.
Allenatore: Luis Enrique.

Palermo (4-3-2-1): Tzorvas, Pisano, Silvestre, Migliaccio, Balzaretti; Acquah, Barreto, Della Rocca; Ilicic, Zahavi; Pinilla.
A disposizione: Benussi, Mantovani, Cetto, Bertolo, Alvarez, Miccoli e Hernandez.
--- надополнето: Oct 23, 2011 1:53 PM ---
Ламелаааааа каков голллл :vozbud::vozbud::vozbud:
--- надополнето: Oct 23, 2011 3:44 PM ---
Добро е, после поразот од лацио победа над незгоден противник, не игравме перфектно добро, одбраната на моменти спиеше, Хуан можеби е време да се раздели од Рома, Хајнце кога влезе повторно имавме стабилна одбрана ... бековите не беа на ниво, посебно Касети, но и Ангел не беше нешто подобар, Бориело дрвце невидено :) .. се надевам во зимо ќе го продадеме и земеме некоја пара од него ... Освалдо секогаш опасен, тоа ти се вика напаѓач во форма ... и големо БРАВО за Ламела, момчето на своите 19 години во своето деби постигна гол каков што поединец во Рома нема дадено со години, алал му вера, се гледа дека е многу талентиран и многу надежен, сега уште да стекне искуство и ќе имаме играчиште, морам да го пофалам и Гаго, одличен на средината на теренот и да напоменам, кога влезе Бојан Кркич се осети свежина во тимот, значи наредната против Џенова сакам да ги видам Ламела, а пред него Освалдо и Кркич
--- надополнето: Oct 23, 2011 5:14 PM ---
...........................................Стек..............................................

Касети.................Кјаер/Хајнце......Бурдисо.................Ангел
........................................Де Роси...........................................
...............................Гаго................Пјанич...............................

........................................Ламела/Тоти...................................

...................Кркич..........................................Освалдо..........

-Овој состав треба да се воигра, плус оваа зима да донесеме еден квалитетен десен бек, покрај Роси и Касети, е тогаш ќе може да се надеваме на некое од местата кои водат во ЛШ :)
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.293
Поени од реакции
3.328
Moмците беа одлични посебно Ламела и Стекеленбург кој фати све живо и диво ...За Ламела деби од соништата нека продолжи само во тој стил,интересно 8 број носи и во 8 минута го даде победничкиот гол:vozbud: Уште нешто незнам зошто секогаш така паѓаме наеднаш во играта,каде на противникот му оставаме многу простор за игра,голем ризик е тоа а и срцево ми застануваше неколку пати :( следна е Џенова на нејзин терен во среда 20:45 ...
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.926
Поени од реакции
8.803
Стек и Де Роси во тимот на колото !!! Стек почна да брани ѕверски, за Де Роси не сакам да коментирам, оваа година убедливо најдобар италијански играч и најдобар средњак во Калчото !!!
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.293
Поени од реакции
3.328
Зимска трансфер желба на Рома е Тевез...Тевез кој пред да премине во Вест Хем беше многу блиску до потпис со Рома.Поради комплицираниот договор што го имаше Тевез со својот поранешен клуб, и големата сума на пари што требаше Рома да ја достави немаше среќен крај , Рома тогаш немаше пари...Сега со г-дин Бенедето Рома е блиску до позајмица а после може и откуп, ако се знае и пријателството што постои помеѓу Бенедето и Шеикот..
 
Член од
31 октомври 2008
Мислења
265
Поени од реакции
41
Зимска трансфер желба на Рома е Тевез...Тевез кој пред да премине во Вест Хем беше многу блиску до потпис со Рома.Поради комплицираниот договор што го имаше Тевез со својот поранешен клуб, и големата сума на пари што требаше Рома да ја достави немаше среќен крај , Рома тогаш немаше пари...Сега со г-дин Бенедето Рома е блиску до позајмица а после може и откуп, ако се знае и пријателството што постои помеѓу Бенедето и Шеикот..
Заедно со Тевез и Рио Фердинанд :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom