Таруно
Еким
- Член од
- 9 јуни 2010
- Мислења
- 2.610
- Поени од реакции
- 2.505
Се познавам со девојката која стана недолжна жртва на „правдата“ на Албанците и нашиот посран правен систем. Со нејзе го неам правено муабетот, оти не сакам да и враќам спомени, ама од заедничка другарка го разбрав случајот.ај те молам кажи му ја, ќе се изнервирам ако почнам јас да му ја пишувам..
Живееја во Чаир, знам и каде живееја, оти често и идев и на гости. Пред зградата секогаш си ја паркираа колата, не е скапа кола, не е битно, сепак кола е. Еден ден другарката искача на тераса која гледа накај колата и гледа како некои Албанци седат на колата и нешто муабетат. Им вика дечки тргнете се од колата. Тие ја пцујат. Искача и мајка и им вика да се тргнат, не сакаат и почнуваат да ја удираат колата. Се симнуваат другарката и мајка и пред зграда и овие почнуваат да ги тепаат. Кога видел татко и како овие му ја тепаат жената и ќерка му, земал пиштолот и се симнал пред зграда. Видел, не видел, дека со овие не можеш да се разбереш, пукнал пиштолот. Уште вечерта сам се пријавил во полиција и го осудија на затвор (незнам на колкав период). После неколку месеци, го пуштаат за викенд поради одредена причина и „сограѓаниве“ ги начекуваат во Ѓорче и ги прават решето со калаши. Со две коли ги блокираат и празнат по 2 шаржера. Среќа другаркава не била во колата, ама настрадуваат татко и чичко и, а мајка и и тетка и едвај преживуваат после незнам колкав период на интензивна нега.
Вака го знам јас случајот, а од заканите од дотичните „сограѓани“ ни е преку глава.
Јашар, Дарданиа или како и да си, знај дека Македонецот може да истрпи многу, додека не му прелие, е кога ќе му прелие... нема враќање.