Хип хоп културата во Македонија

Де некој да ми каже по колку пари се дуксерите у шопот на Тони, Токсикологија или како и да се вика? Е фала.
 
охх брат, болно прашање е тоа :/ колегата мој напиша брзо на fan pageот пред неколку дена еден статус за моменталната ситуација, ќе цитирам:

Чек дис аут... малце апдејт во врска со наредниот проект на Титаниум!
Искрено абер неаме кога ќе излези новиот албум, затоа рано е да ви го кажиме името но можат да се кажат некој интересни податоци во врска со него. Имено знајте како одат злите сили на образованието така да моментално сме многу далеку од студио, но тоа не значи дека не се работи. А се работи со полна пареа и се надевам дека ќе бидите задоволни од исходите.... како на пример трака со човекот од кого прв пат слушнав за поимот мак рап а тоа е АГО... или пак со трака со LD Pistolero... али се во свое време, траките се готови, се чекаат уште неколку песни да се завршат а за тоа време секако ќе има уште некој мрсен сингл.... на пример на бит од Fundament... не се знае ;)
Чувајте и слушајте прав звук!

и друг проблем, не живеам јас во мкд и групата ни е буквално на пола :)
али не се откажуваме, побрзо или покасно ќе има и спот . . . макар и да биди последното нешто шо ќе го напраиме :)
 
можам, ама би ти предложил еден дечко шо е мн. подобар од мене во праење битој од ваквов стил. нема да бидиш разочаран, гарантирам :)

http://www.facebook.com/icedofficial

пиши му, ќе те очекува
позз :)

Океј, ќе разговарам со човекот, па ќе видиме што како

фала
 
“Instrumentals For Sale Vol.2” е пакет од единаесет инструментали продуцирани од Nin Vibe за сите рап артисти кои се љубители на корените на хип хоп културата. Во оваа 10мин. “трака” можете да уживате во музиката создадена од правта на прекрасните soul песни, како и мрснотијата на тврдите ритмови семплувани за вашиот mixtape, Ep или каков било друг проект во кој сакате да учествуваат битовите. Како што знаете и слушате, инструменталите не се миксани или мастеризирани па затоа не судете од таа гледна точка. Исто така, ова не е единствениот начин да се купат битови од Nin Vibe, тука се и порачките, па затоа доколку имате некоја поразлична идеја за бит од овие, слободно пишете и споделете.

http://soundcloud.com/vibe-2/nin-vibe-instrumentals-for-1
 
Браво, браво ептен јаки има, највеќе ми се допадна Soul Amusement, Le cigarette, потоа Before the rap game, Hidden feelings и Show. Секоја чест за типот.
 
Фала брат, ценам.:)
Инаку мои се.

Епа тогаш браво за тебе. Инаку на Soul Amusement стопати вратив, да ја преслушам. Многу лесно лепи за уво и те тера да рецитираш.

Инаку студио имаш нешто или ?!
 
Епа тогаш браво за тебе. Инаку на Soul Amusement стопати вратив, да ја преслушам. Многу лесно лепи за уво и те тера да рецитираш.

Инаку студио имаш нешто или ?!
Не, PC оnly, a студио е во план, инаку моеш на каналот да чуеш дел од моја продукција и од албумот на Raw N Wicked.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom