Погодете го градот

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Локација
Скопје
Да поставуваме градови со слики и да погодуваме кој е градот на сликата. Може да ставите и Македонски и Европски градови (може и градови надвор од Европа, но некои попознати). Можете да дадете и малку инфо за градот, секако без името на градот. Тој што ќе го погоди градот е следен...и така натака. LET'S FUN!!!

Grad.jpg Палатата на Комуникациите
Grad1.jpg

Ова е единствениот град во Европа низ којшто не поминува река. Има 3.3 милиони жители. Кој е градов?
 
Град во америка
boston_skyline.jpg

читај потпис и мојт ке ти текнит
 
Добро, мора малце со потешки градови. Овие ви се лесни. Ај да ве видам погодете го овој:

gjg.jpg

Името на градот е?
-Еден од најстарите градови во Источна Европа. (би било пожелно некое инфо да напишете за градовите, ем ќе научиме нешто за нив ем ќе се забавуваме-името на градот не го спомнувајте пред да го погодат).
 

Attachments

  • dhdf.jpg
    dhdf.jpg
    42,2 KB · Прегледи: 2
Добро, мора малце со потешки градови. Овие ви се лесни. Ај да ве видам погодете го овој:

Прегледај го приврзокот 35045

Името на градот е?
-Еден од најстарите градови во Источна Европа. (би било пожелно некое инфо да напишете за градовите, ем ќе научиме нешто за нив ем ќе се забавуваме-името на градот не го спомнувајте пред да го погодат).
Киев.

Киев е еден од најстарите градови во Источна Европа и одиграл голема улога во развојот на средновековната источнословенска цивилизација, како и во современата украинската нација.

Се смета дека градот бил основан во 482 п.н.е. За потеклото на градот постојат неколку легенди. Според една легенда, градот бил основан од страна на лидерот на едно племе, кој се викал Киј, заедно со неговите браќа и сестра. Сепак, во практика не се знае кога точно бил основан градот. Се смета дека на територијата на денешниот град Киев постоела словенска населба од 6 век, но не е познато нејзиниот развој. Во 8 век биле изградени првите утврдувања во една населба која била напуштена претходно. Денеска не е познато дали ова утврдување било изградено од страна на Словените или Хазарите. Доколку тоа било изградено од словенските народи, тогаш не е познато кога градот паднал во рацете на Хазарите. Главен извор на информации за раната историја на областа потекнува од началникот Асколд. Како и да е, денеска од страна на поголемиот дел на историчари е потврдено дека градот во текот на 8 век или почетокот на 9 век бил под власта на Хазарите. Една тврдина, која се нарекувала Самбат (високо место) била изградена за одбрана на областа. Во текот на доцниот 9 век, градот паднал под власта на Варагинците, станувајќи еден од главните центри на Рус, подоцна Киевска Рус. Заземањето на градот станало од страна на Асколд, а подоцна со него управувал Олег.
Златната доба на градот се случила во времето на Киевска Рус. Во 968 година, Печенегите го ставиле градот под опсада. Периодот на развој на градот се случило во времето на кнезовите од Владимир. На 8 март 1169 година градот бил разрушен од страна на Андреј Богољубски, при кое се случил голем грабеж на црквите и манастирите. Киев за долго време ја изгубил значајноста во земјата, на сметка на големите центри како Владимир, Новогород и Москва. Градот во 1230-тите бил на неколку пати ограбуван од страна на неколку кнезови. Во 1240 се случила инвазијата на монголците предводени од Бату Хан, кој целосно го разрушил Киев, настан кој имал големо влијание за иднината на градот и источната цивилизација. Пред да биде разрушен, градот бил познат како еден од најголемите во светот, со население од 100.000 луѓе.

Ставете друга слика, јас ќе погодувам само :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom