Награди, зошто?

B

Black Guard

Гостин
Поимањето за добро и зло е исто во општеството, неговите припадници може да си поигруваат со тоа, но ако еден припадник дејствува непожелно, другите ќе го осудат. Тоа е казна.

.
Да како полицаецот кој брутално го претепа мартин.-ќе го осудат по 10 години и оп таман за на слобода.

И не станува збор за натпреварувачки карактер (биди со сите петки не е исто што и биди подобар од петко). Тоа е воспитување, и така се воспитуваат сите деца, сите единки во едно општество.
Не се воспитуваат сите деца исто во едно општество тоа е факт а уште повеќе да ја додадеме и нивната перцепција(на тогашна возраст) ќе видиме дека правиме систем на роботизација и нивна деменција(оглупување) на деците дека оглупуваат народот доказ е зголеменото членство на УМС на партииве.

За еден човек возрасен, награда е општественото признание, а производ најчесто се парите
Која е математикава:)

Трајко не трча цел ден за признаница(хех општествена) туку за пари,значи парите се мотив тоа е профитен мотив кој проклето се вгнездува кај секоја индивидуа и ужасен е оти нема КРАЈ нема доста е она разбираш домаќинке:)
--- надополнето: Oct 15, 2011 1:27 PM ---
., .vrednosniot sistem sosema e izmesten....
Е УНИШТЕН и тоа е еден тажен факт за Македонија-готово,моралот етиката отидоа неповрат-следува хардкор его-трипови и трчање по профит+лижење г'зови.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Да како полицаецот кој брутално го претепа мартин.-ќе го осудат по 10 години и оп таман за на слобода.

Не се воспитуваат сите деца исто во едно општество тоа е факт а уште повеќе да ја додадеме и нивната перцепција(на тогашна возраст) ќе видиме дека правиме систем на роботизација и нивна деменција(оглупување) на деците дека оглупуваат народот доказ е зголеменото членство на УМС на партииве.

Која е математикава:)

Трајко не трча цел ден за признаница(хех општествена) туку за пари,значи парите се мотив тоа е профитен мотив кој проклето се вгнездува кај секоја индивидуа и ужасен е оти нема КРАЈ нема доста е она разбираш домаќинке:)
--- надополнето: Oct 15, 2011 1:27 PM ---

Е УНИШТЕН и тоа е еден тажен факт за Македонија-готово,моралот етиката отидоа неповрат-следува хардкор его-трипови и трчање по профит+лижење г'зови.
Види очигледно сум многу постручна од тебе во темава, а ти намерно не сакаш да сфатиш или прифатиш нешто. Ова не го измислувам јас, постои наука за истото. Јас знам дека не секој може да знае или да го интересира, но ако те интересира, тогаш научи, ако не знаеш прашај. Не се инаети, немам намера да се инаетам на ваква тема.

Инаку, почни да разликуваш морална казна, од затворска казна. Голема е разликата.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Да се надоврзам, точно така дека нема ни морал ни етика ништо сите се најпаметни најубави сите све знаат,епа баш поради таквиот став на луѓето мислам дека се виновни наградите што ги добиваме за било што... Пред 15-20 години пример да ти купат систем било ваааууу денес никој не се ни радува на тоа,пример исто Сони пууу јас кога го добив Сони 1 пред 10 год плачев од радост денес да добијам ќе ми биде нормално појава ,за таа разлика зборам. За завршено средно почнаа да поклонуваат и коли и триста чуда тоа е више забегано ,никој не разбира дека одење на школо или факултет е обврска исто како одење на работа и не би требало да има такви поклони за тоа пошто ако на 19 години некој добие кола како што добиваат тогаш за завршен факултет треба да очекува стан а нема ни 1 ден стаж а веќе све има за живот.. Кој мотив за работа понатака ќе го има еден 25 годишњак кој веќе добил кола и стан ??
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Наградите се поткуп, следи го патот по кој ти кажуваат другите и ке бидеш награден, следи го патот по кој ти сакаш да одиш и ке бидеш казнет. Значи тоа е поткуп за да бидеш послушен.
Единствен човек што одбил нобелова награда е Никола Тесла, запрашајте се зошто?
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Ова може да се види насекаде околу нас. Проблемот мислам дека си има корења уште од детството, кога за најосновни работи во воспитувањето тие се наградуваат. Еве пример, ќе го пушти детето во маало со другарчиња и ќе му каже врати се до 9 детето можеби ќе се врати, а можеби и ќе се заигра па ќе заборави. Доаѓа дома родителите го караат, утре ден истото се случува. Наместо да седнат да разговаат со него, да му објаснат дека е опасно за негови години да е до толку доцна надвор, најчесто методата што ја употребуваат е ќотек. Со ќотек велат ни животните не се учат, а не па децата. Детето пак повторно ќе дава отпор, се додека не посака мобилен или слично (во мое време беа тетриси, чипи-чан :D), овие ќе му кажат може, ама само ако не доцниш дома. И ете ти, родителот станува жртва на своето невнимание за цел живот.
Мене ова со наградите ми изгледа како дресура на животно, ама животните немаат разум, туку живеат на инстикт, детето т.е. човекот е разумно суштество (горе-доле)
Моментот кога ќе го видиш сјајот во очите на родителите и најблиските кога ќе направиш нешто добро, кога ќе постигнеш нешто во животот е непроценлив и вреди повеќе од секоја награда.
 

starfish

Зрно грашок
Член од
16 октомври 2011
Мислења
15
Поени од реакции
23
Од моја гледна точка за секоја добра завршена работа не треба да се наградува,затоа што самото тоа е награда за таа личност бидејки се потрудила единката да успее во она што го наумила.Што ке се случи тогаш доколку направам некое добро дело а не бидам наградена (автомобил,патување во саканата дестинација,шопинг во Милано-градот на модата)бидејки моите родители немаат доволно финансиски средства.Треба ли да бидам разочарана ако не добивам секогаш награда за тоа што сум го сторила?
Овде го гледам проблемот во родителите зошто и за најмало сторено дело тие ги наградуваат своите најблиски а тие секогаш ке бараат повеке и повеке.Давањето на финансиски средства или подароци не треба да ти биде мотивација да продолжиш со твоите успеси во животот и да ја градиш твојата иднина.
 

џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
Za poefektivno da deluvaat kaznite.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.216
Поени од реакции
34.484
Темата е промовирана на почетната страна на Кајгана.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Наградите се поткуп, следи го патот по кој ти кажуваат другите и ке бидеш награден, следи го патот по кој ти сакаш да одиш и ке бидеш казнет. Значи тоа е поткуп за да бидеш послушен.
Единствен човек што одбил нобелова награда е Никола Тесла, запрашајте се зошто?
Имаше еден русин што одби милионче скоро :)
 
Член од
16 октомври 2011
Мислења
80
Поени од реакции
22
Точно е тоа дека со самото наградување човекот, еве да споменам од почетоците, на детето е делумно погрешно. Се спомена во темава дека сите различно ги воспитуваат своите деца, што е потполно точно. Исто така е точно кога низ разговор, самото размислување на детето се моделира, дека треба да ги цени работите такви какви што се, а не да бара награда за нештото што успеал да го направи, или казна дека не успеал. Тоа е точно дека самата добро завршена работа (положен испит, одобрен проект, унапредување во работата) се награди сами по себе.
Од друга страна гледано, самото воспитување на децата, е резултат кога ќе наполни да речиме 20-тина години и повеќе. Имам видено луѓе кои се задоволуваат со едно просто „благодарам“, или „добро сторено“, а има и многу повеќе кои на едно од овие „благодарам“ или „браво“, само беззначајно и презирно ќе се насмевнат, единствено поради тоа што постанал лаком, односно материјалист.
Според мене, купување кола или стан дека завршил факултет е чиста глупост. Беше споменато дека факултетот е обврска (доколку можи да си го дозволи поради трошоците) со што потполно се согласувам, и од тука веќе дипломецот е потполно подготвен сам да си заработи и да си купи кола или стан, што би било уште една награда дека сам успеал да се вдоми, и да си приушти задоволство да се развозува низ Македнонија.
Значи наградите самите по себе можат негативно и позитивно да рефлектираат на самата инфивидуа, во зависност од тоа како научил да ги цени материјалните нешта. Да направам лична компарација во однос на темава, мене за секој положен испит ми рекле „ајде честито и така продолжи“, а за секој неположен испит „ајде, седни и разработи на грешките што си ги направил, и следниот пат нема да бидеш неподготвен“. - разговорно мотивирање :D
Да го сублимирам постов: Купувајте подароци, и давајте награди тогаш кога е најмногу потребно, се друго е самодокажување и самонаградување!
 

Mason_Petrarka

Servant of Morgoth
Член од
19 декември 2009
Мислења
157
Поени од реакции
23
Прашањето ми е зашто добиваме награди за се и сешто? Пример порано нашите мајки татковци,дедовци добивале награди ретко и ги добивале во посебна прилика за разлика од денес каде награда од родителите можеш да добиеш за било што,за добиена 5-ка ,за завршување на годината одличен,за положување на испит,за исчистена година,за матура, полуматура за сешто буквално се чека на било каков мал повод.Не зборам за награди(подароци) ситни туку за оние како кола,стан, акции,патувања( одмор од завршената година на факултет) што не прави тоа нас,неспособни? Зар нашите мора да не мотивираат за да мрднеме од мртва точка?Што кажува тоа за нас? ...Пред некоја недела гледав емисија каде баш збореа за наградиве (странска емисија) каде дете завршува факултет и водителот го прашува таткото Што му купивте по овој повод,Тактково вика ништо тоа му е обврска .Баш ме зачуди таа изјава, кај нас ќе има прослава 3 дена за тој повод.. Потоа еден говореше за најскапиот поклон што го добил од таткому и вика дека тоа било саат.Кај нас саат за поклон е како да не си добил ништо:)нели? Во кој правец одиме ние со добивање на такви награди? Мислите ли дека е добро тоа за нас или не? Што ќе се случи ако некогаш во животот завршиме добра работа а не добиеме награда?
Еми са, ако некој научен е да биди стално награден од мама и тате ко ќе нема мама и тате да го гледат поќе, пошто нормално еден ден ќе работи ќе се снаоѓа сам за себе и нема да го гледа никој друг, ко ќе заврши некоја добра работа, а види нема награда туку има само пофалница за навремено вршење на обврските ќе се разочара ко магаре.. има да се самозапали одма.. јас ко за пример не сум учен да добивам материјални награди ако не ги заработам сам за себе.. мојте ме учеја од стално, шо и сметам дека е многу паметно секој родител да го научи своето дете, дека школото е само спремање за понатамошниот живот, макар шо школите денес спремат за многу непотребни работи... и ти викам, стручноста е битна оти ти ако немаш образование, нема работа, нема пари, нема живот, а пак ако некој е образован као шо треба и све така натаму, сам за себе ќе знај дека после само за себе си работи и работата му претставува задоволство пред се и си зема парички поштено како шо треба.. е сине, тука треба да следат наградите, а не на 18 години некој на цело лежење кола и стан да ти купи ( не зборам директно за тебе да не ме сфатиш погрешно само, онака се обраќам ) можи е стереотипно да речиме моето мислење до некој степен ама јас така учен сум, ако нема работа нема сабота.. цел живот си го редам летото сам, си тргам парички си берам преку зимата и на лето ќе си поработам малце од малце па после иам одмор достоен xD и сеа последно време како ми има тргнато си зедоф еден Спектер убаф-шубаф бас да ми грми низ дома.. уште јачало асолно ми фали и летаме xD епа во глобала, моето мислење беше: ако те научиле за секоја мачна работа да следи награда, те заебале xD

pozzzzz
 

vlay_markoman

r3k1NNz0R.mp3
Член од
24 септември 2012
Мислења
176
Поени од реакции
43
nagradite na decata ili na samite nas porano bi dosle kako pottik kako da ideme ponataka kako da ti vikat teraj taka dobro e no ne sekogas pa tie nagradi gi terat decata za nekoja zavrsena rabota da bara nagrada sepak toa e neizvodlivo primeri da ti donese casa voda i da mu dades 50 den ne treba da se preteruva so nagradite dali paricni dali kje bidat toa igrachki...vo umereni kolicini so nagradite na komsijata decata bea taka dodeka oni si igraaa so se i sesto mojte ne pravea taka retko mi kupuvaaa igraci da kazam na rodenden imenden i epten ako se zapnam po nekoja :P mislam deka nagradi ne treba da se zaucuvat taka mnogu spored mene
 

Kajgana Shop

На врв Bottom