Камерунскиот репрезентативец во дресот на Барселона, Семјуел Ето во интервју за една локална телевизиска станица потврди дека би сакал да остане на Ноу Камп и по истекот на договорот во 2010 година.
"Јасно е дека сакам да останам во Барселона, тука минав прекрасни години и успеав да стигнам до самиот врв. Среќен сум во Барселона и затоа немам причина да размислувам за заминување. Би сакал да го продолжам договорот на што е можно подолг период", изјави Ето.
На прашањето дали некогаш би прифатил понуда од Реал Мадрид, Ето одговори:
"Ако некогаш се случи да заминам од Барселона, следната дестинација во никој случај нема да биде Сантијаго Бернабе. Никогаш не би сакал да ги навредам навивачите на Барселона", заврши Ето.
Според неофицијалните информации Барселона на Ето е подготвена да му понуди договор до 2014 година со плата од девет милиони евра по сезона.