Препорачливо е прво да се обидете да направите инсталација на виртуелна машина со VirtualBox, па така ќе знаете дали одредена дистрибуција на Hackintosh ќе одговара на Вашата конфигурација. Секоја инсталација си носи свои разлики во зависност од конфигурацијата на компјутерот и избраната дистрибуција па така не постои универзална постапка за сите компјутери. Битно е да се знае дека доколку инсталацијата заврши успешно односно сте дошле до фазата да имате отворен десктоп на Mac тогаш сите други проблеми се најверојатно решливи преку користење на соодветни kext-ови (драјвери).
Јас во моментов користам iAtkos s3 ver.2 дистрибуција инсталирана на VirtualBox 4 со Windows 7 Ultimate како домаќин, на лаптоп Асус К52Ф-507, таквинг има илустриран туторијал за инсталацијата
http://www.takwing.idv.hk/tech/virtual/iatkos_s3/index.html , со единствена разлика (после повеќе неуспешни обиди и повторувања на истата со мали измени) што наместо обичниот кернел употребив qoopz 10.3.0 модифицирана верзија која исто така е составен дел од дистрибуцијата. Можам да потврдам дека работи успешно, користам вифи, интегрираната звучна малку прави проблеми ама имам екстерна која има мек драјвери така што тоа не е проблем во мојот случај, дури и Logic 9 Pro успеав да инсталирам (со мали хакнувања на сетапот).
Највеќе помош во врска со Hackintosh може да најдете на форумот на
www.insanelymac.com, можам ако е потребно и тука да споделам некое искуство ако е потребно...(се разбира не можам за секоја конфигурација)