Бугарски пасош - Да или не?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Ми се свиѓа бројот на странава, затоа ќе пишам нешто :icon_mrgr:
Далечната ‘98ма за прв пат ја посетив Бугарија, Софија поточно. Кога се симнав на автобуска, за правец кон адресата каде требаше да одам прашав полицаец. И откако дозна дека сум од Македонија, ми рече дека такво нешто не постои, дека се‘ тоа е Бугарија. WTF?
Друг пример, се запознавам со бугарка во Берлин, пред 3 години, на англиски се запознаваме, во моментот кога и кажав дека сум од Македонија, отворено цурата си преврте очи и суптилно се одалечуваше од мене како лепра да имам, ама изгледа дека многу поубава од неа бев :icon_lol: Македонско девојче де.
Е сега, да не ги кажувам и работите што татко ми ми ги има кажано од Втора Светска Војна, и факт е (признавам) дека тоа е причината што не ги можам како народ. Признавам и дека обожавам на нивна сметка да фаќам сеир, јебига, македонец сум :icon_lol:
Но, да осудувам некој, или да убедувам дека не треба да зема бг пасош, да го понижувам (не дај боже) или што и да е друго во прашање, ми е ван секаква разумна дискусија. Највеќе што мразам е неосновано етикетирање. Еве пак ќе го повторам Тоукатер (извини младичу) се‘ е ствар на перцепција. А јас лично со тоа немам ама баш никаков проблем.

Едит: Ах, многу сте пишале, ми отишла страната :icon_lol:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Не, туку ќе извадам бг пасош и ќе заработувам месечно колку што ти ќе земаш за две години! :cool:

Ајде пробај со македонски пасош да работиш и врати се да споделиш искуства овде.
Прво, јас работам во Македонија, и на крај памет не ми паѓа да одам странство. Второ, од кај знајш колку пари земам годишно? Еве ти пример, работам со недвижнини. Купувам стара куќа, ја реновирам и ја продавам. Ми се случува месечно да извадам 10.000 евра. Чисти. Сигурен си дека ќе извадиш двапати по толку за 2 години црнчење во странство? Ти таа цифра за 2 години ако ја вратиш назад, треба да си пресреќен.

Сериозен си? Не можам да си објаснам самиот себе си колку глупост има во оваа реченица, а неочекувано од тебе.
Јебига... или јас сум глуп, или има нешто што можам да го видам... а ти не го гледаш.

Илјадници луѓе во Македонија кои трпат секакви повраќаници од „тој надредениот“ само за да можат на детето да му дадат 50 денари кога ќе му побара, а тој во животот се нема пиво напиено од пустата негова плата од 6 илјади денари..
Е тука те чекав... Јас викам многу му се тие 6000 денари за повраќаниците што ги трпат. Треба уште помалку да заработуваат за да им текне дека сите в град неможиме да успејме... и дека некој треба да се врати в село.

Па за 6.000 денари не одам да работам воопшто. 3 прасиња да израниш во 1 година повеќе пари ќе заработиш отколку некој да ти трие сол над глава 8 часа во денот, 5 дена во неделата. Ама треба да живееш во село, нешто што за македонската малограѓанштина е испод ниво. А то шо ќе чистиш штали во странство, тогаш ако.

а ти ми викаш бујрум нека покаже што знае?
Добро бе, свесен си ти кај живееш?
Мислиш лесно е некој обичен физички работник да замине во странство и да зема плата?
Бујрум ќе му направа з да им покаже како се растовара цименто во стовариште?
треба да засука ракави кога ќе го депортираат преку граница?
За да се врати тука пак за шес илјади, иако знае дека за истиот труд некаде далеку ќе му дадеа иста плата, ама во евра?

Добро бе, арни сте?
Дури вака размислувате ќе си го продавате достоинството за бугарско лифче... Ако тебе ти е полесно да се снајдиш во странство, терај си го бизнисот. Така нека ти биди. Само од носот неможиш да видиш подалеку ако не ги отвориш очите.
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
Кои погрдни имиња?
Употребив две до сега, предавници (и ако реално гледаме - тоа се, жалосно што НГ и БЦ им се поголеми од македонштината), и бугарофили (исто што е и ЉГ... нали).
Сосила ги правам? Како тоа сосила?
Јас ли ги натерав бугари по националност да бидат?
Немој така....
Ова веќе почнува загрижувачко да е со тебе... Ти дали воопшто познаваш некој со бугарски пасош????? Јас од сите што ги познавам такви НИКОЈ не вели дека е бугарин, такви ги прават, само персони како тебе, кои чисто од завист и љубомора зборуваат се и сешто за нив, а не заради некакви каузи, идеологии или незнам што:tapp:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.278
Поени од реакции
26.154

Никој не вели дека е Бугарин, само се потпишал на лист на кој пишува дека е Бугарин и дека неговите предци се Бугари. Не е тоа ништо.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.725

Мора да е љубомора во прашање. Знаеш, како жена, имам неколку опции на лесно стигнување до било каков пасош. Ќе се омажам со некој од некаде, пих, многу тешка работа...
Од друга страна, јас знам дека малку од нив се чувствуваат како бугари. Не реков дека сите до еден свесно работат за бугарска кауза. Но во бугарска статистика, има бугари во Р.М. и за да извадиш бугарски пасош мораш да се декларираш како бугарин. И утре кога бугарите ќе си ги бараат правата свои тука, имаат црно на бело документи.
Дали ти е појасно?
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
Никој не вели дека е Бугарин, само се потпишал на лист на кој пишува дека е Бугарин и дека неговите предци се Бугари. Не е тоа ништо.
Епа ај ти сега земи лист и на него напиши дека твоите предци биле марсовци... Дали со тоа си ги направил марсовци?:tapp:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Епа ај ти сега земи лист и на него напиши дека твоите предци биле марсовци... Дали со тоа си ги направил марсовци?:tapp:
Aко утре некој марсовец дојде и ти го удри од глава листот... ДА, си ги направил марсовци.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.725
Епа ај ти сега земи лист и на него напиши дека твоите предци биле марсовци... Дали со тоа си ги направил марсовци?:tapp:
Не, ама ако дојдат утре марсовците во Македонија ќе кажат дека имаат свое малцинство, ќе бараат права, федеративна република, отцепување на територија....
Некако не ти влага логикава во глава, а?
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
Мора да е љубомора во прашање. Знаеш, како жена, имам неколку опции на лесно стигнување до било каков пасош. Ќе се омажам со некој од некаде, пих, многу тешка работа...
Од друга страна, јас знам дека малку од нив се чувствуваат како бугари. Не реков дека сите до еден свесно работат за бугарска кауза. Но во бугарска статистика, има бугари во Р.М. и за да извадиш бугарски пасош мораш да се декларираш како бугарин. И утре кога бугарите ќе си ги бараат правата свои тука, имаат црно на бело документи.
Дали ти е појасно?
Пак продолжуваш како навиена... Кои бре бугари кога се осеќаат како македонци:confused:
--- надополнето: Oct 14, 2011 4:37 PM ---
Не, ама ако дојдат утре марсовците во Македонија ќе кажат дека имаат свое малцинство, ќе бараат права, федеративна република, отцепување на територија....
Некако не ти влага логикава во глава, а?
Хахахахахахахах, ПАРАНОЈА:vozbud:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.725
Пак продолжуваш како навиена... Кои бре бугари кога се осеќаат како македонци:confused:
Дали имаш ти некаков проблем?
И јас се чувствувам како Македонка, па грците ми ја мешкаат кашата, и како што гледаш, им успева.
Има егејци што се чувствуваат како Македонци, ама ради нивните браќа кои се почувствуваа грчки, денес во егејска Македонија ,,не постои скопиа малцинство,,.
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
Aко утре некој марсовец дојде и ти го удри од глава листот... ДА, си ги направил марсовци.
Шо ви е бе луѓе, еми и тебе ќе те напишам сега на листот дека си марсовец, така да мислимуја кога ќе дојдат марсовците:pos:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.725
Хахахахахахахах, ПАРАНОЈА:vozbud:
Да бе, да, параноја, исто како што ги примивме косоварите, па денес имаме 30 посто малцинство, па се граѓани од втор ред се.... а се беше пред само 12 години.
За 12 години, викаш нема да има иста ситуација со бугариве?
Навистина, немав никогаш таков пример, се си измислив јас.. на сон...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.278
Поени од реакции
26.154
Епа ај ти сега земи лист и на него напиши дека твоите предци биле марсовци... Дали со тоа си ги направил марсовци?:tapp:
Не е битно дали си ги направил или не. Битно за 50 години, откако ќе почине лицето што го ставило потписот (и Бугарите се свесни дека пасошите се земаат поради интерест) ќе го искористат тој лист за да тврдат дека тоа лице е Бугарин. Тогаш ќе нема кој да каже дека пасошот е земен заради интерест.
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
Дали имаш ти некаков проблем?
И јас се чувствувам како Македонка, па грците ми ја мешкаат кашата, и како што гледаш, им успева.
Има егејци што се чувствуваат како Македонци, ама ради нивните браќа кои се почувствуваа грчки, денес во егејска Македонија ,,не постои скопиа малцинство,,.
Јас немам, ама очигледно ти имаш, и тоа голем...
Прво, коментарот што го даде нема никаква смисла... второ во Грција нема никакво малцинство ради самите грци, а не ради македонците таму. Најверојатно ќе треба да ти се нацрта за да разбериш, вака повеќе не можи:tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom