Donald Sikert
Jane Vitington
- Член од
- 28 ноември 2008
- Мислења
- 8.283
- Поени од реакции
- 5.614
Те цитирам тебе, ама не мислам дека ти лично ги осудуваш. Но постојат такви тука. Затоа сфаќај го мојот пост во множина.Ама не ги осудувам. ИЧ ИЧ ИЧ. Само не го оправдувам нивното дејствување. Има разлика!
Знаеш, можеш од се да бегаш, освен од својата кожа.
Мојава, некако, се истрпува, освен предавство - кон било што.
Ете, бидејќи ме знаеш, знаеш дека сум последната личност што може некому лошо да мисли. И додека овде ме убедуваат дека сум идиот што не му е гајле за другите, на една друга тема, ако памтиш, ми викаа дека сум идиот оти ,,сум бањала циганчиња,,.
Доблест, енибади? Доблест е да му кажам браво на некој што мисли само и само на себе, Мики?
Па посебно вие, повозрасните, каде ви е една трошка од тоа братство единство? Имате на кого да мислите, а зарем останатиот дел од овој народ не треба да го мислиме? И сега сум пак за нешто виновна, оти сум поддржувала некоја партија, замисли, а никој не гледа како се издејствувани многу работи за многу луѓе, кои живееле на улица, цели семејства, оти полесно е да кажеш дека некој ти е крив, отколку да се фатиш за работа и да ја подобриш.
Да, вистина е, дете сум во споредба со повеќето од вас. Ама проблемот е кај тие што не разбираат, дека на нас ќе ни остане оваа земја, и што ќе правиме со неа е наш избор. Нема да си ја земат БЦ,НГ и остала фела. Нам ќе ни остане.
ТОа што за тебе предавството е најголем грев е твој став и го почитувам, иако треба да се сложиме околу поимот предавство
Околу болдот. Јас често пати пишував дека ја почитувам вашата генерација, и дека да Македонија ви останува вам. Тоа е неспорно, и мислам дека сме се сложиле околу тоа
Поимите Братство и Единство значеле нешто друго во СФРЈ. Но тоа е друга тема.
Јас само се обидувам да укажам на луѓето кои размислуваат импулсивно дека некој земал БГ пасош и готово предавник е и крај, толку,дека можеби постои и друга страна на вистината и пред се постапката.
Се обидувам да живеам и да ги гледам луѓето околу мене како индивидуи без разлика на национална и верска припадност.