Бугарски пасош - Да или не?

Статус
Затворена за нови мислења.

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ама не ги осудувам. ИЧ ИЧ ИЧ. Само не го оправдувам нивното дејствување. Има разлика!
Знаеш, можеш од се да бегаш, освен од својата кожа.
Мојава, некако, се истрпува, освен предавство - кон било што.
Ете, бидејќи ме знаеш, знаеш дека сум последната личност што може некому лошо да мисли. И додека овде ме убедуваат дека сум идиот што не му е гајле за другите, на една друга тема, ако памтиш, ми викаа дека сум идиот оти ,,сум бањала циганчиња,,.
Доблест, енибади? Доблест е да му кажам браво на некој што мисли само и само на себе, Мики?
Па посебно вие, повозрасните, каде ви е една трошка од тоа братство единство? Имате на кого да мислите, а зарем останатиот дел од овој народ не треба да го мислиме? И сега сум пак за нешто виновна, оти сум поддржувала некоја партија, замисли, а никој не гледа како се издејствувани многу работи за многу луѓе, кои живееле на улица, цели семејства, оти полесно е да кажеш дека некој ти е крив, отколку да се фатиш за работа и да ја подобриш.
Да, вистина е, дете сум во споредба со повеќето од вас. Ама проблемот е кај тие што не разбираат, дека на нас ќе ни остане оваа земја, и што ќе правиме со неа е наш избор. Нема да си ја земат БЦ,НГ и остала фела. Нам ќе ни остане.
Те цитирам тебе, ама не мислам дека ти лично ги осудуваш. Но постојат такви тука. Затоа сфаќај го мојот пост во множина.

ТОа што за тебе предавството е најголем грев е твој став и го почитувам, иако треба да се сложиме околу поимот предавство :)

Околу болдот. Јас често пати пишував дека ја почитувам вашата генерација, и дека да Македонија ви останува вам. Тоа е неспорно, и мислам дека сме се сложиле околу тоа:)

Поимите Братство и Единство значеле нешто друго во СФРЈ. Но тоа е друга тема.

Јас само се обидувам да укажам на луѓето кои размислуваат импулсивно дека некој земал БГ пасош и готово предавник е и крај, толку,дека можеби постои и друга страна на вистината и пред се постапката.

Се обидувам да живеам и да ги гледам луѓето околу мене како индивидуи без разлика на национална и верска припадност.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Кога ќе дојде крајот на месецот и ќе видиш дека немаш пари да платиш сметки и кирија, патриотизмот некако бледнее.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Мики, остави на страна лични чувства.
Си постои документ, кој е многу повеќе од лични чувства.
Ете тебе не ти е важна националноста, мене ми е.
Како што кажа Вивиан, ако не им е важна, нек си земат пасошите и нека не се прават македонци - затоа што не се!
Токму со болдот не се сложувам:)
Но секој со своите размислувања.

Ниеден документ не е поголем од личните чувства. Такво нешто не постои.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.278
Поени од реакции
26.154
Ниеден документ не е поголем од личните чувства. Такво нешто не постои.
Овде се согласувам, ама проблемот со источниве е историски. Тие секогаш наоѓале начини да ни понудат да потполниме документ во кои ќе се пишеме Бугари. После 50-тина години ги користат документите за нивната покварена кампања. Од тука е толкав анимозитетот кон БГ пасошот.
--- надополнето: Oct 14, 2011 1:14 PM ---
Жити се кажи колку те плаќаат за да ги браниш по форуми?

Од минатата година има издадено наредби главниот штаб во скопје до сите унии на млади сили вмро дпмне да се пишува по форуми и коментира на тв сајтови. Особено имаше наредби да се коментира на а1 страната. Сум бил неколку месеци во партија знам како работите.
Си бил неколку месеци во партијата и тврдиш дека тешко се живее во Македонија? Па нели плаќале за бранење по форуми? Зошто не си заработуваш така. Ете алтернатива на БГ пасошот. Гледаш дека не е толку лошо во Македонија. :D
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.725
Токму со болдот не се сложувам:)
Но секој со своите размислувања.

Ниеден документ не е поголем од личните чувства. Такво нешто не постои.
Мики, како не е важно?
Па во тој правец гледано, егејски македонци кои не се потпишаа како грци, ги протераа. Овие што се декларираа како грци, до ден денес си зборат по дома македонски, дома македонци се, ама грците ги водат како грци - и од каде после македонско малцинство? Од каде бре македонци во егејска?
Па што ќе ги спречи бугарите да бараат права во оваа земја?
Малце ни се западниве, уште источните недостигаат?
На наша сметка, тие менуваат идентитет. Зошто ние кои не менуваме, утре ние ќе плаќаме за нивното добро.
Затоа реков - со пасошите, најдобро е да не ги користат за коли и одмори. Ако им е за работа и за отселување, нека се селат, па Бугарите нека бараат малцинства после по др земји, не тука.
Зошто навистина, не ни е потребно тоа. Навистина.
--- надополнето: Oct 14, 2011 1:17 PM ---
Те цитирам тебе, ама не мислам дека ти лично ги осудуваш. Но постојат такви тука. Затоа сфаќај го мојот пост во множина.

ТОа што за тебе предавството е најголем грев е твој став и го почитувам, иако треба да се сложиме околу поимот предавство :)

Околу болдот. Јас често пати пишував дека ја почитувам вашата генерација, и дека да Македонија ви останува вам. Тоа е неспорно, и мислам дека сме се сложиле околу тоа:)

Поимите Братство и Единство значеле нешто друго во СФРЈ. Но тоа е друга тема.

Јас само се обидувам да укажам на луѓето кои размислуваат импулсивно дека некој земал БГ пасош и готово предавник е и крај, толку,дека можеби постои и друга страна на вистината и пред се постапката.

Се обидувам да живеам и да ги гледам луѓето околу мене како индивидуи без разлика на национална и верска припадност.
Како што те цитирав предходно.
Арно што го земале.
Ама поголемиот дел од нив не го земале оти било неопходно. Како што кажаа, за коли, за одмори, за бог-знае-што-веќе, за се, освен за да работат и живеат во било која европска земја.
Тие што земаа пасоши за да работат на друго место, одамна не се во овој замислен ентитет.
Мене ме нервираат тие што имаат пасош, а седат тука и се прават Македонци. Што ќе им е пасошот, ако не го користат?
Не само што немаат корист, туку на нас останатите штета ни прават.
--- надополнето: Oct 14, 2011 1:17 PM ---
Кога ќе дојде крајот на месецот и ќе видиш дека немаш пари да платиш сметки и кирија, патриотизмот некако бледнее.
Секој месец тоа се случува во моето семејство.
Секој.
Сеуште никој нема бугарски пасош.
--- надополнето: Oct 14, 2011 1:20 PM ---
Овде се согласувам, ама проблемот со источниве е историски. Тие секогаш наоѓале начини да ни понудат да потполниме документ во кои ќе се пишеме Бугари. После 50-тина години ги користат документите за нивната покварена кампања. Од тука е толкав анимозитетот кон БГ пасошот.
--- надополнето: Oct 14, 2011 1:14 PM ---

Си бил неколку месеци во партијата и тврдиш дека тешко се живее во Македонија? Па нели плаќале за бранење по форуми? Зошто не си заработуваш така. Ете алтернатива на БГ пасошот. Гледаш дека не е толку лошо во Македонија. :D
Не знам како сум го утнала постов, да му реплицирам. Ај вака.
Мене ме плаќаат знаеш колку? ИЧ.
А прв пат од тебе слушам дека имало потреба по форуми да се зборува и лобира.
Да требало, немало мене да ме викнат, оти доволно какам против одредени функционери, на пример, градоначалникот на град Скопје.
Не сум од некаква корист, ако е до фалење нечие работење ;) Почесто ме караат оти ги плукам, од што викаат браво дека ги фалам ;)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.725
Жити се кажи колку те плаќаат за да ги браниш по форуми?

Од минатата година има издадено наредби главниот штаб во скопје до сите унии на млади сили вмро дпмне да се пишува по форуми и коментира на тв сајтови. Особено имаше наредби да се коментира на а1 страната. Сум бил неколку месеци во партија знам како работите.
О, ете си.
Татко ми не е директор, зима 20 000 плата. Тоа некако не е директорска. Поради долгогодишно искуство, е шеф на одредена група. Нема партиска книшка, ничија, нит имал некогаш. Човекот е југоносталгик, не е баш по нашиве партии.
--- надополнето: Oct 14, 2011 1:23 PM ---
Болдираното е интересно избран збор.
Точно.
Како можам да знам што ќе направи некој член на моето семејство за 10 години? Ти знаеш?
Сеуште нема. А бидејќи им е касно за бркање работи по странство, тешко дека ќе има.
Јас нема да имам, а сестра ми ја учам да ја сака македонштината пред се. Со такво учење, тешко ќе посегне по нешто антимакедонско.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.278
Поени од реакции
26.154
Не знам како сум го утнала постов, да му реплицирам. Ај вака.
Мене ме плаќаат знаеш колку? ИЧ.
А прв пат од тебе слушам дека имало потреба по форуми да се зборува и лобира.
Да требало, немало мене да ме викнат, оти доволно какам против одредени функционери, на пример, градоначалникот на град Скопје.
Не сум од некаква корист, ако е до фалење нечие работење ;) Почесто ме караат оти ги плукам, од што викаат браво дека ги фалам ;)
Абе батали ги. Овие што имаат аверзија кон партии, „знаат“ повеќе за ВМРО-ДПМНЕ и неговото функционирање и од мене и од тебе заедно. Гледаш А1 се им кажал.:pos:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.725
Абе батали ги. Овие што имаат аверзија кон партии, „знаат“ повеќе за ВМРО-ДПМНЕ и неговото функционирање и од мене и од тебе заедно. Гледаш А1 се им кажал.:pos:
А најинтересно е што мислат дека партиски определените колат се живо околу себе.
Мојот најдобар пријател, цел живот сум со него, е од опозиција.
Се смеевме на избори, сите се дерат, пцујат, колнат... ние на пола пат со кутлеш цигари пушиме... :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Кога ќе дојде крајот на месецот и ќе видиш дека немаш пари да платиш сметки и кирија, патриотизмот некако бледнее.
Па свиткај кичма и земи бугарски пасош... И парите по афтоматизам ќе ти идат дома. Ти само излежавај се и прчи го. Кој е будала, нека работи.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Овде се согласувам, ама проблемот со источниве е историски. Тие секогаш наоѓале начини да ни понудат да потполниме документ во кои ќе се пишеме Бугари. После 50-тина години ги користат документите за нивната покварена кампања. Од тука е толкав анимозитетот кон БГ пасошот.
Пријателе, многу ми е јасно од каде и зошто доаѓа нетпрливоста кон Бугарите:)

Само мое лично мислење е дека е жално да се оптоварува целата нација со тоа имагинарно прашање, посебно младите.

Тоа треба да го решат политичарите.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Па свиткај кичма и земи бугарски пасош... И парите по афтоматизам ќе ти идат дома. Ти само излежавај се и прчи го. Кој е будала, нека работи.
По тој автоматизам, парите идат дома, ако си со „книџуле“.

Инаку, луѓето многу често вадат таков блгарски пасош оти сакаат да работат.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Инаку, луѓето многу често вадат таков блгарски пасош оти сакаат да работат.
Не гледам кој им брани да работат ако го немаат пасошот.... засукај ракави и бујрум да те видиме шо можиш да покажиш. За чукање по гради особено на форум, сите можиме.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Па свиткај кичма и земи бугарски пасош... И парите по афтоматизам ќе ти идат дома. Ти само излежавај се и прчи го. Кој е будала, нека работи.
Не, туку ќе извадам бг пасош и ќе заработувам месечно колку што ти ќе земаш за две години! :cool:

Не гледам кој им брани да работат ако го немаат пасошот.... засукај ракави и бујрум да те видиме шо можиш да покажиш. За чукање по гради особено на форум, сите можиме.
Ајде пробај со македонски пасош да работиш и врати се да споделиш искуства овде.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom