^^GoRiLLaZ^^
Happiness...?
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 5.771
- Поени од реакции
- 8.034
Ја би те советувал да го послушаш другаров со цитатов. Сексот не е се, сепак нели? Пробај со самозадоволување, а на крај краева кога ќе се дружиш со другари / другарки, можеби и ќе се умрсиш и ти од некојаТочно знам во што е проблемот.
Премногу се грижиш за нејзините потреби на сметка на твоите. Тоа што треба да го направиш, е да си ги ставиш твоите потреби на прво место. Да станеш себичен. Наместо да се обидуваш со петни жили нејзе да ја доведеш до оргазам (знам дека го правиш ова иако не го имаш напишано), фокусирај се да се доведеш сам до оргазам.
Но и надвор од креветот, наместо да се обидуваш секогаш да ја задоволуваш и да бидеш добар сопруг, обиди се да си се задоволиш себеси. За првпат прави го тоа што ти го сакаш, иди на пецање со другарите, иди на утакмица, планинарење, незнам ти најдобро си знаеш што ти прави највеќе мерак. Живеј го животот. Батали молење за еден подпросечен секс.
Еве пример рецимо седите двајцата и она те замара за некои глупости од работа. Наместо да се замараш со нејзини глупости, кажи и дека си уморен и дека несакаш да ја слушаш.
На почеток ќе ти биде љута затоа што си себичен, али по некое време ќе се изненадиш како ќе се промени. Само да се разбереме, нема да бидеш себичен за да ја манипулираш, биди себичен -- за себе да си удоволиш. Ако ти се слушаат нејзините проблеми... што да ти кажам, слушај ги.
А, и уште нешто. Ако идеш со ова, иди до крај. Немој после првата караница да се упичиш и да се вратиш пак на лижењето стапала.
Некој спомнаа развод... сфатете, не е лесно, има дете човеков. Мора да мисли и за него.
Обиди се друже на овој начин, па потоа сигурно таа ќе те бара да разговарате. Кога она може да оди со пријателки на шопинг, ти можеш да си идеш пак со другари и другарки на планина.
И то, среќно!