Terra Nova

Ја гледам Тера Нова и цело време си викам: серијава има потенцијал, има материјал да се работи и да се развива во добра серија, ама реализацијата не ми се допаѓа и како тече дејството. Не знам зошто. Нешто ко да ми фали, некоја поврзаност на епизодите или на дејството.
Ај да видиме како ќе заврши првава сезона.
И се согласувам со некој погоре што рече дека споредната приказна со синот и девојката, бла бла тинејџерски работи, некако слабо се вклопува во приказната, и некако е исфорсирана таа половина од серијата.
 
Ми беше на листа за симнување и конечно си дојде на шалтер. Ќе ги изгледам првиве 4 епизоди па ќе споделам мислење дали ја бива или не. Што се однесува до Lost, прочитав дека некои членови се крајно вљубени во таа серија, јас ќе кажам дека не ме поттикна да ја гледам серијата. Нема да коментирам за Lost, но ќе коментирам за Terra Nova.

Со понов пост, покасно. :D
 
До кај дојдоа, како оди, има напредок? Продолжи да ја следи некој?
 
Ги прегледав првите четири епизоди, и можам да кажам дека не се лоши, а не се ни најдобри. Сепак има уште многу да се гледа и да се очекува, но сеуште е почеток за да давам ригорозни критики. Од аспект на визуелни ефекти давам оценка 9/10.
 
До кај дојдоа, како оди, има напредок? Продолжи да ја следи некој?
Во понеделникот немаше нова епизода бидејќи имаше бејзбол.
Јас ја гледам.Последната епизода ми се свиѓаше.Посебно разговорот на Џим и Мира.
 
Добра е новата епизода.Ми се допаѓа тоа што во секоја епизода се решава некој случај но во позадина се развива мистерија.Баш ме интересира што ќе биде со Џош и Сиксерсите.Колку само ме нервира тоа дете.Заради една девојка ја ризикува сигурноста на цела колонија.Ај да беа повозрасни, ама имаат едвај 19 и сигурен сум дека немале толку силна врска за да ризикува.
Само ме плаши рејтингот на последната епизода, 2.1.:( Ама беше Halloween, можеби затоа е низок.:D И ме нервира бејзболот, го уништи рејтингот на две епизоди.
 
До сега имам 1 опис за серијава - Криминалистичка серија во праисторијата.
 
слободно теши си се ти дека е поради празникот и слични такви работи...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom