Не ми е јасно што бара Бунева и Александров тие се бугари .
За споменативе, како и за многу други личности има соодветни теми овде на подфорумов за ИСТОРИЈА.
Повели таму ако имаш нешто да кажеш.
Elena92 напиша:
Cento bese zrtva na imaginacijata vo koja ziveese prasanjeto za Egejot i Pirinot e zavrsena rabota .Mislam deka i Ljubco potpisa nekakov dogovor ( na steta na Makedonija ) toa e zavrsena rabota Makedonija treba da se fokusira na EU so site sili vo sprotivno ce ostane i bez Zapadna Makedonija.
Мене па ми се чини дека си ти жртва на промајата меѓу твоите уши, која изгледа со заладувањето на времево малку посилно ти дува.
Имаме тема и за Ченто, бујрум таму да се објасниме кој кому и каква жртва бил.
Ако ти се дрочи дневна политика, ЕУ или за љуБчо на погрешно место си дошла.
Valkyrie напиша:
Па нормално сите сепаратисти биле сметани за државен непријател,исто и во хрватска,словенија....они неќеа да разберат дека се бореа за заедничка држава.
На тебе треба да ти се забрани пристап до подфорум наречен ИСТОРИЈА зашто очигледно имаш основни непознавања и проблеми со поимање на термините простор и време, а во конкретниов случај--што е пресудно за бавење со историја дури и на почетничко ниво--со поимање на ХРОНОЛОГИЈА на настаните.
Ченто и другите искрени македонски патриоти не се бореа за никаква "заедничка држава" која во тој момент НЕ ПОСТОЕШЕ па тие да бидат некакви си нејзини "сепаратисти", освен ако не мислиш на краљевината Југославија..?!?
Ама па тогаш си во уште поголем FAIL со коментарчево...
Valkyrie напиша:
Македонците предводени од КПЈ влегоа во борба против фашизмот но и во борба за своја држава,признавање и етаблирање понатамошно што и се случи,ниедна жртва од втора светска војна не била залудна!!!.
Титово пионерче, Ченто НИКОГАШ не стана член ни на КПМ, ни на КПЈ, сега што правиме..?!?
КПЈ и Тито уште на почетокот испраќаше свои емисари во Македонија за да се осигура дека ќе успее да ја задржи Македонија во рамките на некаква идна Југо-славија која во тие почетни моменти не беше ни на повидок, а камоли реалност.
Elena92 напиша:
...medjutoa Egej i Pirin se zavrsena rabota nivnoto reklamiranje se koristi samo za partiska promocija na VMRO .Dali Makedonija se otkaza od Pirin ...prasaj go Ljubco .Makedonija ako se otkaze od EU ce dozivee totalen raspad na Albanski,Srpski,Bugarski i Grcki del .
Детуле, ти кажав и погоре, ако си наумило да мрчиш за политика и да продаваш овде пуфки за "единствениот избор" (коешто е своевиден оксиморон, каков е тој "избор" ако е единствен?!?) си го згрешила подфорумот.
Elena92 напиша:
Da se spori faktot deka partizanite ja gledaa Makedonija kako sostaven del na Jugoslovenskata federacija e cisto samo zalazuvanje .Sudbinata na Makedonija bese resena na Jalta i sekakva konfortacija bi vodela vo direkten sudir so Anglo-amerikanskata koalicija .Cento bese pogolem del vo Cycligovo i eden den mu tekna deka treba da odi na Solun .
"Чучулиго" престани да лажеш и да продаваш басма овде, туку кажи како твојот возљубен Јосип од Кумровец го лажеше Ченто летото 1944 дека ќе стори се за да се обедини Македонија, притоа давајќи му своја слика демек како аманет и залог, за ако лаже да има Ченто да кажува и покажува по светото кој го излажал.
Кој македонски партизан знаел за Јалта или решенијата за поделбата на сфери на влијание тогаш?
Или и ти како овој Valkyrie си имаш проблеми со поимот ХРОНОЛОГИЈА и течење на времето, па аплицираш и импутираш денешни сознанија врз луѓе и настани кои немале поим за тоа тогаш?
Elena92 напиша:
Aleksandrov Pop Orusev si bese bugarin clen na bugarskoto bratstvo kao i da e toj se sluzese so mahinacii zboruvase za nekakva "avtonomna makedonija" vsusnost toa bese i pozadinata na site probugarski sili bez razlika dali bea protugerovisti ili vanco-mihalovisti .Mara Bunave e bugarka koja so uste edna licnost kumuvase vo ubistvoto na Prelic.
Ти реков дека има соодветни теми за овие и за многу други овде, бујрум таму да го видиме твоето знаење за истите.