Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 26.159
- Поени од реакции
- 34.694
Темава ја постирам тука а не во форумот „Животни„ затоа што се работи за дискусија за потреба од закон или правна легислатива.
Дали има потреба од закон или некаква правна легислатива за регулација на опасни раси на кучиња?
Ова не е никаков повик на омраза против човековиот најдобар пријател.
Зборувам за раси на кучиња, кои се специфично селективно генетски селектирани и одгледувани (размножувани) повеќе генерации наназад за да се добијат животни што се агресивни, силни и физички предодредени за борба. Ова се однесува пред се на питбулот и неговите подраси иако во овој круг можат да се набројат уште неколку раси.
Знам дека ваквата тема е секогаш болна за нивните сопственици, кои во најголем број воопшто не се стереотип на гето криминалци кои одгледуваат кучиња за нелегални борби. Сепак сакам да го наведам фактот дека вакви закони/легислативи има во многу земји.
Земји каде постојат вакви легислативи:
Зошто ваква легислатива нема во Македонија?
До кога покрај кеј ќе се разминуваме со питбулови без маски и често и неврзани на ланец? Децата се најранливи и не случајно најчесто смртно фаталните напади се токму врз децата.
Вистина е дека често ваквите раси не се толку агресивни кон луге (колку кон други животни) освен ако не се дресирани за тоа. Но сепак се работи за животни генетски селектирани за агресивност и борба. Регистрирани се многу случаи на напад без видлива провокација. Не се сите информирани дека нагли движења, наведнување, приближување па дури и едноставен контакт со очи, во одредени случаи некои кучиња можат било што од ова да го протолкуваат како агресија.
После се чудиме кога ќе се случат вакви ситуации, како оваа вчера:
http://www.trojka.rs/vesti/18518-pitbul-odgrizao-uvo-trogodisnjoj-devojcici.html
(ова беше и непосреден повод да ја почнам темава)
Јас лично немам ништо против кучињата, кога би имал услови и време со задоволство би набавил лабрадор или златен ретривер. Ама колкава е разликата помеѓу такви кучиња и животни што се физички способни да растргнат човек?
Во урбана средина за мене е нормално да се чува куче како ова:
Ама искрено, која е потребата да се чува вакво нешто:
Често повторуван мит е оној дека „проблемот е сопственикот а не кучето„. Ова е само делумно точно, има многу регистрирани случаи каде фатален напад бил извршен од куче долгогодишен член на семејството. Два такви случаи:
http://blog.dogsbite.org/2011/08/2011-fatality-pregnant-pacifica-woman.html
http://blog.dogsbite.org/2011/08/61-year-old-tucson-man-near-death-after.html
Овде имате ги имате сите смртни случаи во USA годинава:
http://www.dogsbite.org/dog-bite-statistics-fatalities-2011.php
Сите кучиња понекогаш касаат и често се работи за провокација од страна на каснатиот. Но генерално кај повеќето кучиња се работи за едно предупредувачко касање. Кога питбул каса, касањето е „гризни, не пуштај и движи се лево десно„. Како ајкула кога каса, целта е да е откине парче месо. Затоа и повредите се така ужасни а кога нападниот е физички неспособен да се одбрани (најчесто деца и постари луѓе), нападот продолжува до смрт. Едноставно таква е генетската предиспозиција на овие животни.
Повторувам, не повикувам на омраза.
Само ве прашувам дали е нормално да во близина на нас и нашите деца да има вакви нестабилни животни?
Од илјадници раси на кучиња, мали или големи, од чивава до шарпланинец или бернандинец... зошто да се чува баш питбул (било која подраса)?
Верувам дека најголемиот број на нивните сопственици навистина ги сакаат и се грижат за нив, но дали се способни да сфатат дека мало невнимание е доволно да се предизвика несреќа.
Не се случајни донесени законите кои ги има во повеќе земји, мое мислење е дека треба да се донесе ваков закон и во Македонија.
За крај, линков ве молам да не го отварате освен ако 100% не сте спремни да видите како изгледаат жртвите на најтешките напади.

Тука не се наведени USA заради различните закони во различните федерални држави кај нив, ама подетални информации има тука:
http://en.wikipedia.org/wiki/Breed-specific_legislation
Worldwide
NationLocalityDateType
Australia 2010-09-02 Banned for Importation
Bermuda July 21, 2003 Banned
Denmark Banned
Ecuador March 2009 Banned
France April 30, 1999 Restricted
Germany February 2001 Banned
Ireland, Republic of 1998 Restricted
Malta February 17, 1998 Restricted
New Zealand November 17, 2003 Restricted
Norway August 20, 2004 (First law against American Pit Bull Terrier came July 4, 1991) Forbidden
Poland 1997 Restricted
Portugal Banned
Puerto Rico July 23, 1998 Banned
Romania April 26, 2002 Restricted
Singapore June 4, 1991 Restricted
Spain 2002 Restricted
Turkey 2004 Restricted
Ukraine 1998 Restricted
United Kingdom August 12, 1991 Banned
Venezuela 2014 Banned
Зошто ваква легислатива нема во Македонија?
До кога покрај кеј ќе се разминуваме со питбулови без маски и често и неврзани на ланец? Децата се најранливи и не случајно најчесто смртно фаталните напади се токму врз децата.
Вистина е дека често ваквите раси не се толку агресивни кон луге (колку кон други животни) освен ако не се дресирани за тоа. Но сепак се работи за животни генетски селектирани за агресивност и борба. Регистрирани се многу случаи на напад без видлива провокација. Не се сите информирани дека нагли движења, наведнување, приближување па дури и едноставен контакт со очи, во одредени случаи некои кучиња можат било што од ова да го протолкуваат како агресија.
После се чудиме кога ќе се случат вакви ситуации, како оваа вчера:
http://www.trojka.rs/vesti/18518-pitbul-odgrizao-uvo-trogodisnjoj-devojcici.html
(ова беше и непосреден повод да ја почнам темава)
Јас лично немам ништо против кучињата, кога би имал услови и време со задоволство би набавил лабрадор или златен ретривер. Ама колкава е разликата помеѓу такви кучиња и животни што се физички способни да растргнат човек?
Во урбана средина за мене е нормално да се чува куче како ова:
Ама искрено, која е потребата да се чува вакво нешто:
Често повторуван мит е оној дека „проблемот е сопственикот а не кучето„. Ова е само делумно точно, има многу регистрирани случаи каде фатален напад бил извршен од куче долгогодишен член на семејството. Два такви случаи:
http://blog.dogsbite.org/2011/08/2011-fatality-pregnant-pacifica-woman.html
http://blog.dogsbite.org/2011/08/61-year-old-tucson-man-near-death-after.html
Овде имате ги имате сите смртни случаи во USA годинава:
http://www.dogsbite.org/dog-bite-statistics-fatalities-2011.php
Сите кучиња понекогаш касаат и често се работи за провокација од страна на каснатиот. Но генерално кај повеќето кучиња се работи за едно предупредувачко касање. Кога питбул каса, касањето е „гризни, не пуштај и движи се лево десно„. Како ајкула кога каса, целта е да е откине парче месо. Затоа и повредите се така ужасни а кога нападниот е физички неспособен да се одбрани (најчесто деца и постари луѓе), нападот продолжува до смрт. Едноставно таква е генетската предиспозиција на овие животни.
Повторувам, не повикувам на омраза.
Само ве прашувам дали е нормално да во близина на нас и нашите деца да има вакви нестабилни животни?
Од илјадници раси на кучиња, мали или големи, од чивава до шарпланинец или бернандинец... зошто да се чува баш питбул (било која подраса)?
Верувам дека најголемиот број на нивните сопственици навистина ги сакаат и се грижат за нив, но дали се способни да сфатат дека мало невнимание е доволно да се предизвика несреќа.
Не се случајни донесени законите кои ги има во повеќе земји, мое мислење е дека треба да се донесе ваков закон и во Македонија.
За крај, линков ве молам да не го отварате освен ако 100% не сте спремни да видите како изгледаат жртвите на најтешките напади.
Повторно ве предупредувам дека следуваат ужасни слики.