Поентата е многу едноставна. Некој што има партиска книшка или врски е фаворизиран на сметка на некој што нема, нешто што често се случува, особено во јавната администрација. Толку, тоа што некој мал број успеал и без книшка е ирелевантно и надвор од поентата.
Па тоа е да речеме исто, против што повеќето жени се бунат во оваа земја.
Оти нели, мажите ги плукаат жените дека касно се мажеле, касно деца раѓале...
Кога аплицираат две жени за едно работно место, да претпоставиме дека се двете еднакво квалитетни.
Првата има деца.
Втората нема, ниту е во брак.
Работата ќе ја добие втората, оти има помалку обврски.
Секогаш е фаворизирана жената која нема семејни обврски.
Но тоа не е нели страшно.
Нормално дека ќе те фаворизира со книшка во општество каде што на секои 2 години има избори.
Но ако си подобар од тој со книшка, а не полош или еднаков, тебе ќе те одбере.
Пак ќе кажам, освен за некое квази работно место кое постои колку да постои, нели демек имаме поголема вработеност.
Ами како во време на Тито, работно место кафекуварка, каде што нема потреба од кафе правење...
На работното место на татко ми, поточно неговиот сектор, пред некоја година вработуваа нов кадар, имаше потреба.
Вработуваа 25 нови лица. Околу 5-6 влегоа со книшки, оти беа нечии синчиња, и секако тие само земаат плата и дремат на нет на работа, но останатите беа квалитетни луѓе и тие богами работат, земаат плус дневници, и секоја работа која што се доплаќа тие ја добиваат (татко ми дирекно ја распределува работата).
Овие партискиве си ќутат, зимаат плата и не се бунат.
Затоа и овие непартискиве не се бунат, секој бонус или плус работа тие ја добиваат.
Тоа нема да се смени, кој сакаш донеси го на власт.
Ние можеме со кој сакаме да се споредуваме, но во систем каде што имаш избор меѓу 2 партии, чија што работа до сега беше кој кого ќе победи, така е.
Со тоа што денес едниве се фатија со оживување на антика, другиве со мачење да си го избркаат лидерот, верувам дека полека полека работите ќе се средат.
Знаеш зошто?
Зошто не се тие вечни. Ќе си заминат.
Ама ова младинава треба да ги наследи.
Мене повеќе ме загрижува што младина ќе застане таму и колку ќе бидеме ние способни да се избориме против квази работни места и вработување полтрони без образование.
И мене утре некој ќе ми земе работно место, немам намара да покажам книшка, зошто тогаш ќе си го згазам зборот што си го имам дадено сама себе.
Јасно ми е тоа.
Ама нема да земам БГ пасош за да ја дувнам во странство.
Иако ми е многу криво што е така, мојата 1ва братучетка со 9.80 просек во РМ не најде работа каква што заслужува, најде некаква си бош. Поднесе документи, односно CV во 1000 ординации во Словенија, и моментално работи во Љубљана.
Ама нема бугарски пасош, со македонски си работи. Си има трајна виза дека работи и си седи таму.
Да криво ми е што не е дома, ама покриво ќе ми беше да се декларираше како бугарка за да најде работа.
Значи може и без бугарштината, ама оди потруди се, ако ти е целта да работиш надвор.