Лазаров доби „Volkswagen“ на подарок
Најдобриот стрелец на Атлетико Мадрид, Кире Лазаров, е еден од деветте ракометари на овој тим што се офајдија од новиот спонзорски договор што шпанскиот клуб го потпиша со германската автомобилска компанија „Volkswagen“. Според овој договор, германската компанија им додели атомобили од своите најнови модели на девет ракометари, со кои што членовите на Атлетико Мадрид ќе важат за заштитни лица на „Volkswagen“ во Шпанија.
Покрај Лазаров, до нов автомобили на денешната презентација дојдоа и Лук Абало, Николај Маркусен, Арпад Штербик, Роберто Гарсија Парондо, Јонас Калман, Дидие Динар, Мариуш Јуркиевиц, како и вториот тренер Раул Гонзалез.
„
Горди сме на овој спонзорски договор што го потпишавме уште во август, а кој што сега станува уште поконкретен. Името на вашиот бренд ќе биде гордо носено од страна на нашите спортисти, како низ Шпанија, така и низ цела Европа при нашите настапи во Лигата на шампионите“ - изјави на денешната прес-конференција генералниот менаџер на Атлетико Мадрид, Луис Мигел Лопез.
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=1970