Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Син, одговорност паѓа врз некого за тоа што Интер бил во загуба со 150-200 милиони на годишно ниво. Дали тоа било поради трансфери, поради претерани трошења, поради немање стадион е најмалку битно, се се тоа прашања кои немаат големо влијание од надворешните фактори.
Единствено даночната политика(која не ја знам) може да се земе како релевантен надворешен фактор.
Даноците во Италија не се нешто поразлични од оние во другите држави. Сега со овој solidarity tax станаа земја со најголем данок, иначе претходно Англија имаше највисока даночна стапка. Ама и овој solidarity tax е само кризна мерка а и плус нема да има ефект за клубовите зш фудбалерите сами ќе си го плаќаат, односно нема да имаат плус трошоци ради него. Пример, Франција и Германија имаат исти стапки како Италијанците, едино Шпанија има поволности ама само за странци.
Проблемот воопшто не е во данокот. Разликата меѓу најдобрите клубови во Англија, Германија и Шпанија и оние од Италија (финансиски) е во парите од маркетингот и средствата што ги добиваш од свој стадион, иако по мене првото е таму каде вистински се прави разлика. По мое мислење ради тоа си се делумно виновни и самите сопственици зошто кај нив има култура на третирање на клубовите како домашни миленичиња. Половина си ги користат за да си го подобрат угледот во јавноста, а на некои и за на избори им помагаат :)

Мој мал придонес на жустрава тема :)

Иначе незнам за вас, ама јас ако Морати изгради стадион сите грешки што ги направил до сеа му ги опростувам. Ма и у иднина ако сака уште 5 години грешки нека прави, све му е простено( не дека него го боли што мисли некој навивач за неговата работа, али ај да се почуствувам битен за нешо:D). Па дури и 4 тренери у сезона да имаме :D
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.321
Поени од реакции
15.576

I couldn't agree more ;)
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
ај нека ми појасни некој како можи интер да има расходи од 420 милиони евра во сезоната кога ја освои тројната круна?
Премногу просто и едноставно..ако размислиш поубаво расходите само за премии и за рати со платите што клубот зема кредит од банките го прекирваат целиот годишен приход на тимот...ами плус другите милиони трошоци што се собираат за различни работи во клубот и високиот данок во Италија сосе плаќањето кририја за стадионот е доволно да се собери огромен расход..
 
N

Nicky Santoro

Гостин

абе 420 милиони знаеш која цифра е?
еве со бројки појасни како се потрошени тие пари? даноците колку и да се големи се далеку од 400милиони
за плати интер моментално има нешто повеќе од 120 милиони годишно
останатите 300милиони?
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
абе 420 милиони знаеш која цифра е?
еве со бројки појасни како се потрошени тие пари? даноците колку и да се големи се далеку од 400милиони
за плати интер моментално има нешто повеќе од 120 милиони годишно
останатите 300милиони?
Другар не знам потпочно ама сето тоа си оди спонтано..не е мала работа да водиш голем клуб..не е се така едноставно..во кратки црти од прилика ти објаснав каде се трошоците е сега сигурно тие што се во клубот се поспособни до нас и повеќе ги знат нештата !
 
hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
Мене не ме интересира колку загуби има Морати.Јас како навивач на Интер, очекувам резултати, големи трансфери, пред се очекувам голем тим, кој во иднина ќе освојува трофеи. Со Морати или без него не ме интересира.
пс. Факт е дека Морати ги има едни од најнеспособните луѓе во Италија кои работат за него во овој клуб. Такви загуби е невозможно да имаш, можда тие пари ги надоместува со местење натпревари:pos:.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.762
Така мислите вие. :LOL: Сигурно добива нешто инаку би го продал клубот, секако он за разлика од арапите и го сака Интер, ама сигурно не е во некоја голема загуба(лично), така да и он ќе сака да си ги поврати парите.
Teшко дека не е во некоја голема загуба кога за 15 години има дадено повеќе од 800 милиони евра негови пари само за покривање на загубите, а покрај ова и во други работи гарант инвестирал, ко носење на играчи и слично ...
Капак на Се ќе дава и пари за стадионот, некаде околу 150 милиони евра па не верувам дека повеќе заработил од ова што го потрошил.

Се што е голем успех на Интер е поврзано со фамилијата Морати, првите 2 титули во ЛШ се освоени кога татко му бил претседател на тимот, третата кога он е претседател на тимот, се на се, со оваа фамилија Интер има освоено 8 скудета, 4 титули од Супер Купот на Италија, 4 титули од Купот на Италија, 3 титули во Лигата на Шампионите, 3 светски клупски титули, една титула во УЕФА Купот, односно, од вкупно 39 титули на тимот, со ова семејство се освоени 23,со тоа што само со нив трофеите од ЛШ биле донесени во Интер.
Така да профитот од клубот за Морати е на последно место, на прво е секогаш успехот, а доказ дека нема намера да го напушти тимот у пакет со цела фамилија е фактот што и една од неговите ќерки лани беше внесена во бордот на директори, а неговиот син, кој моментално е потпретседател тука е и негов наследник во иднина.

Во моментов Морати работи на тоа конечно да ја поправи финансиската слика на Интер, да изгради нов стадион и во перфектни услови да го остави тимот на неговиот син.
--- надополнето: Oct 10, 2011 8:21 AM ---
пс. Факт е дека Морати ги има едни од најнеспособните луѓе во Италија кои работат за него во овој клуб. Такви загуби е невозможно да имаш, можда тие пари ги надоместува со местење натпревари:pos:.
Барселона ги има истите загуби.

Мене не ме интересира колку загуби има Морати.Јас како навивач на Интер, очекувам резултати, големи трансфери, пред се очекувам голем тим, кој во иднина ќе освојува трофеи. Со Морати или без него не ме интересира.
Успесите тимот ќе продолжеше да ги има доколку човекот кој беше донесен токму од Морати останеше во Интер, не е крив Морати што Мурињо по само 2 години си отиде а имаше договор до 2012 ако не се лажам, или 2013, не е ни битно.
Не беа достапни Фергунсон, Гвардиола или Капело, луѓе кои на некој начин гарантираат успех, се што беше достапно во последниве 2 години во ниту еден случај не гарантираше титула ко Мурињо, а тренерот колкав удел има во 1 тим сите знаеме.
Точно е дека згрешија со Гасперини, али како и да ја вртиме по Мурињо останаа десеткувани грдо, кој и да дојдеше во екипава да биде тренер ќе беше упола од она што е Мур за Интер, дупло послаби се без него а ко него достапен нема и прашање е кога повторно ќе има, најблиску до такво нешто е Гвардиола.
 
hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
--- надополнето: Oct 10, 2011 8:21 AM ---

Барселона ги има истите загуби.
Можеби ги има тие загуби, но за разлика од Интер, има и повеќе профит, ако нема и двојно повеќе. Така да не се споредувај со Барселона, барем не на финансиски план.

Успесите тимот ќе продолжеше да ги има доколку човекот кој беше донесен токму од Морати останеше во Интер, не е крив Морати што Мурињо по само 2 години си отиде а имаше договор до 2012 ако не се лажам, или 2013, не е ни битно.
Не беа достапни Фергунсон, Гвардиола или Капело, луѓе кои на некој начин гарантираат успех, се што беше достапно во последниве 2 години во ниту еден случај не гарантираше титула ко Мурињо, а тренерот колкав удел има во 1 тим сите знаеме.
Точно е дека згрешија со Гасперини, али како и да ја вртиме по Мурињо останаа десеткувани грдо, кој и да дојдеше во екипава да биде тренер ќе беше упола од она што е Мур за Интер, дупло послаби се без него а ко него достапен нема и прашање е кога повторно ќе има, најблиску до такво нешто е Гвардиола.
Па Мурињо не е глуп, знаеше дека ако остане во Интер уште една година ќе требаше да се задоволи само со еден трофеј а тоа е Сериа А, а знаеме сите дека тој човек сака да освојува се живо и диво. Отиде во Реал бидејќи знаеше дека клубот стои добро финансиски и може да склопи солиден тим, и за домашната лига па и за ЛШ. Мурињо ова годнина сигурно зима еден трофеј ЛШ, или Ла лига, но зборот ми е, дека Интер не треба сеа да чека уште 20-30 години да се роди уште некој Мурињо па да ни гарантира успеси.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.762
Ти мислиш дека Интер се тоа што се Ренџерс или Селтик во Шкотска, ко да не постојат Наполи, Јуве, Милан, Рома.
Вечно прв никогаш не можеш да бидеш, сите сакаме тука Интер да е шампион али прашање на време беше кога другите тимови ќе бидат далеку поконкурентни а без Мурињо и без достапна адекватна замена во тренерскиот свет епилогот се насетуваше каков ќе биде со оглед дека тренерот е 50% oд екипата.
Со одењето на Мурињо за СЕКОЈ кој ќе дојдеше ќе важеше оноа '' од коњ на магаре '', а дека Мурињо си отишлол зашто не е глуп ти е погрешна констатација, сите знаеме зашто Мурињо замина а тоа нема никаква врска со Морати и финансиската состојба на Интер.

Инаку муабетот за Барса ми е дека они ги имаат истите загуби со тоа што имаат далеку поголеми приходи, приходи кои Интер може да ги сонува со оглед на фактот во каква земја играат, земја каде просечно има по 20-30 000 публика, каде нема модерни стадиони и каде квалитетот на првенството е значително опаднат.

Градењето на нов стадион не е чисто ради реда, уште еден нов поклон од Морати, со новиот стадион по автоматизам приходите дупло ќе се зголемат и тоа е единствениот излез за клубот од оваа финансиска криза.

И гледај малце реално, што требаше Интер да направи по ненадејното заминување на Мурињо, сите бараа тој да остане, од играчи до Морати и фановите, по неговото заминување останаа со врзани раце, лимитирани беа, не дека они чекаат нов Мурињо, погледни само што се случуваше со сите тимови од каде Мурињо заминувал, колку тренери само биле менувани за да се најде она вистинското решение.
Морати и Бранка направија гадна грешка со Гасперини, тоа е факт, но за Бенитез никогаш нема да им замерам, изборот и тогаш а и ова лето беше тенок, со тоа што летоска можеа да удрат ако ништо друго на тренер кој форсира нормална формација на теренот, а не со тројца во одбраната.
 
hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
Тоа дека вечно прв никогаш неможеш да бидеш е факт, не го негирам тоа, и се согласувам. Потоа ја би бил и среќен ако ја изгубиме титулата на крај од силен Милан, Наполи, Јуве, Рома, но немој само да ми кажеш дека лани Милан беше силен, па затоа дојде време да ја изгубиме титулата од силен Милан, те молам Алегри на тренер ли ти личи? Бенитез пред некој ден рече дека Морати прави многу грешки, и да знаеш иако човекот го мрзам имаше право. Знам секој човек може да згреши али нашиот претседател многу. Тоа што дава пари од својот џеб за клубот не треба да не радува, напротив, тоа значи дека клубот сеуште зависи од еден човек, Морати.

Ја многу реално ги гледам работите, но ти нешто многу го браниш Морати, па и Бранка. Значи ти треба пореално да ги гледаш работите, и да ги критикуваш некогаш и нив, бидејќи они се најзаслужни за настанатата ситуацијта после триплете. Не знам за тебе, но јас не сакам на секои 40 години да освојуваме ЛШ. Не е само Мурињо кадарен тренер кој може да не однесе пак до ЛШ, има многу други тренери кои го сториле тоа и го можат тоа пак.
 
TheOther1

Interista Per Sempre!
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.346
Поени од реакции
484
Изгледа и Мунтарчо се сели во Наполи од Јануари (само не разбирам дали на позајмица или целосно откупен договор) клик - клик

Ќе ми недостига ... :P

Не знам зошто ил Пацо не го ставиме лев бек ... имал претходно искуство на таа позиција. :pos:
Early career

Pazzini started his career at Atalanta, with whom he made his professional debut in 2003, and quickly emerging as a promising youngster. He spent two seasons with Atalanta, playing 51 league games and scoring 12 goals (of which 3 of them at Serie A level). He switched from a left back to a striker.
:)

il Pazzo! :cuc:
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.762
.Тоа дека вечно прв никогаш неможеш да бидеш е факт, не го негирам тоа, и се согласувам. Потоа ја би бил и среќен ако ја изгубиме титулата на крај од силен Милан, Наполи, Јуве, Рома, но немој само да ми кажеш дека лани Милан беше силен, па затоа дојде време да ја изгубиме титулата од силен Милан, те молам Алегри на тренер ли ти личи? Бенитез пред некој ден рече дека Морати прави многу грешки, и да знаеш иако човекот го мрзам имаше право. Знам секој човек може да згреши али нашиот претседател многу. Тоа што дава пари од својот џеб за клубот не треба да не радува, напротив, тоа значи дека клубот сеуште зависи од еден човек, Морати.

Ја многу реално ги гледам работите, но ти нешто многу го браниш Морати, па и Бранка. Значи ти треба пореално да ги гледаш работите, и да ги критикуваш некогаш и нив, бидејќи они се најзаслужни за настанатата ситуацијта после триплете. Не знам за тебе, но јас не сакам на секои 40 години да освојуваме ЛШ. Не е само Мурињо кадарен тренер кој може да не однесе пак до ЛШ, има многу други тренери кои го сториле тоа и го можат тоа пак.
Бенитез може што сака да каже, он е гневен на Интер бидејќи тоа за него беше последна шанса во кариерата да води голем клуб и си ја прокоцка, па сега зашто ни Реал Сосиедат не го сакаат за тренер се труди да се испере од гомната у кои самиот влезе. Што кажа он ? Кажа дека не бил крив за повредите и упорно вината ја префрла кај Интер, иако играчите друго говорат ( имаш интервјуа на Станкович, Матераци, Милито, Снајдер ), иако и Мурињо друго говореше, иако и фитнес тренерот кој е редовна пратња на Мурињо друго говореше, иако и Морати друго говореше.

Сега ако паѓаш на овој беден и очајнички обид на Бенитез кој сега се сити на неуспесите на Интер и сеуште верува дека е добар тренер, тоа е твој проблем, ја сепак ќе верувам на оние кои во тимот се подолго време, од играчи, до поранешни фитнес тренери кои успешно си ја вршеле својата работа.

Сега за грешките .. ако не гледаше површно на работите, ќе почнеше од Мурињо, а не од Морати.

Ја ги критикувам Морати и Бранка за тоа што заслужуваат да бидат критикувани, а тоа е изборот на Гасперини за тренер на Интер што се покажа ко катастрофална одлука, ама за лани вие што сте заслепени од Мурињо па не гледате дека он всушност го сврте грбот на Интер тоа е друг проблем, зашто одлуката Мурињо да замине е лично негова, поради неговата пуста желба во животот да го води Реал ( знаеше и сам дека прашање е дали во иднина повторно ќе има таква шанса ) со што Интер го остави со врзани раце, тимот загуби класа тренер а бираа помеѓу фаци ко Бенитез и Михајлович, односно со други зборови, од коњ идеа на магаре, така да, Дап, тој Милан лани за Интер со Defeatez беше јак, дури и со играч помалце ко гостин. ;)

На темава освен ја, и мислам Менхетен, никој не се дрзнал кон Мурињо нешто лошо да каже иако реално ако се гледа на работите, се тргна удоле кога он реши да замине и да удри тешка рецка на фановите кои месец дена уназад пееа Jose Mourinho resta con noi, нели, ветуваше дека ќе го испочитува целиот договор што значи до 2012 Интер '' имаа обезбедено '' класа тренер што значи под дифолт, имаа шампионска екипа.

И сега ако пак, реално ги перцепираш работите, ќе видиш што се случува во тим од кој Мурињо заминува, тим кој е граден по негови замисли и тим кој очигледно може да функционира само со него или евентуално друг тренер кој припаѓа на неговата класа. Челзи имаа големи проблеми и до ден денес не се стабилизирани, а истото се случи и во Порто до доаѓањето на Боаш.

Како Морати да ги поправи работите кога од една страна клубот не може да си дозволи расфрлање со пари, а од друга немаа достапна варијанта во тренерскиот свет која гарантираше дека тимот ќе продолжи да го негува оној победнички менталитет кој го имаше со Мурињо.

И уште една работа, во фудбалскиот свет НИКОЈ не е безгрешен, Ферги на времето мислеше дека Џемба Џемба е кадарен за Јунајтед, Барса го дадоа Ето за Ибра и плус 50м евра платија, има ред други примери на очајни грешки и од самите тренери и од самите клубови, Интер не е исклучок со тоа што нештата се искомплицираа не по нивна вина, туку по вина на оној кој се реши да не го почитува договорот и ветеното со што Се се сруши ко кула од карти.

p.s. Ставовите на Бенитез и неговата работа во Интер се исти ко и ставовите за невиност на Моџи ... кои доаѓаат токму од него. Што очекувате вие Бентиез да каже, он никад не признал дека греши, така беше и во Англија, на што му замеруваа и медиумите, така беше и во Италија, така ќе биде и во неговиот нареден клуб.
 
hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
Сега ти од целиот мој пост за Бенитез се фати. Сите знаеме кој е Бенитез, а кој Мурињо, не мора да се повториме, тука сме читаме се, го спомнав затоа што исто ко него и јас мислам дека Морати греши премногу, сеа незнам точно Бенитез за какви грешки зборува, можеби не мислиме на истите.

Викаш Милан бил јак за Интер со Бенитез, а од друга страна викаш дека го критикуваш Морати и Бранка само за Гасперини, па добро бе кој го донесе Бенитез, ја ли? И ја ли сум крив што Морати кога си отиде Мурињо не направи ниту еден трансфер, па мораше тогаш на зимскиот трансфер период да го донесе Ранокиа.

Јас не се сложувам со тебе дека Мурињо е крив повеќе од Морати. Мурињо сите знаеме дека не е тренер кој практикува да остане на тренерската позиција во еден клуб на подолго време. Човекот сака нови предизвици, сеа друго е тоа што ти си се надевал Мурињо да остане цел живот во Интер. Јас секогаш знаев дека овој човек не останува во Интер на подолго време. Потоа он ја мразеше Италија. Значи он на неколку даваше изјави дека и недостастасува животот во Англија. Морати е тој што трбаше да размисли, што после Мурињо, не јас или ти, бидејќи немаме ние ингренции, ништо во тој поглед, освен да тепаме време тука на форумот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom