Зависници од "лајкови"

  • Креатор на темата Креатор на темата D-Imperator
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 септември 2011
Мислења
374
Поени од реакции
663
Локација
McLean,Virginia, US
Отворам дискусија за "лајковите".
Дали сте навлечени на форумот и на (а)социјалните мрежи како Facebook и Twiter и колку ви значат "лајковите" во животот?
Дали "лајковите" сe знакови на невербална комуникација како гест или мимика и дали искрено им се радувате и станувате зависни од нив?
Дали "лајковите" ги сметате како начин на комуникација и едноставен метод да се додворите некому ако му мавнете лајк или пак барате да ви мавнат лајк како поддршка за вашите мислења и изнесени ставови на зададена тема?
Колку "лајковите" можат да бидат (зло)употребени како средство за напад од страна на т.н. "искусни аватари" кои во меѓусебен договор намерно игнорираат одредено мислење од некој "неискусен аватар" и го лајкуваат мислењето на неговиот неистомисленик?
Колку "лајковите" можат да креираат multi-personality и дали постојат членови на форумот со повеќе аватари со цел да си маваат "лајкови" самите на себеси?
Дали некои членови едноставно се досадни и дури и безобразни што постојано го лајкуваат секое ваше мислење без да го прочитаат и маваат "лајкови" само затоа што имаат симпатии кон вас, т.е. кон вашиот аватар?
Дали сте зависници од "лајкови" и поради тоа станувате насабајле и го пиете утринското кафе пред компјутер или пак седите до ниедно време?
И на крај, дали сте загрижени за иднината на вашите деца и дали на вашето дете во иднина наместо да го удрите по газот додека е детенце или подоцна да му удрите и шамар како воспитна мерка, вие едноставно ќе го казнувате со тоа што нема да му мавнете "лајк"?
 
Не ми значат ништо лајковите... а сега дај ми еден, атер за муабетов;)
 
Непишано правило е тој што ја отвора темата прв да каже за себе :)

Иначе не сум зависен ама служат некогаш да си видиш колку души го имаат истиот став за некое конкретно мислење :)
--- надополнето: Oct 9, 2011 9:55 AM ---
Едит: Зашто темава во психологија и филоСофија?
 
Непишано правило е тој што ја отвора темата прв да каже за себе :)
Докторот не треба да зборува за себе и да дава одговор на прашање од пациентот :P
 
Ова е еден начин за добивање признание.
А сега запрашајте се, дали ви значат лајковите ако можеш да ги видиш само ти, односно ако беа скриени?
Искрено мене да.Ете гледаш јас не ни знаев дека и други можат да гледаат дали некој ме лајкувал(зборам за форумов)

Муабетот е дека коа ќе напишеш нешто сепак ти значи ако некој се согласил со твоето мислење или го дели делумно истото со тебе зашто во некој момент си мислиш "Да не сум изрод зашто само јас размислувам вака ама ај сепак ќе го напишам"
Потсвесно мислам дека некој чим стаил лајк го прочитал мислењето и тоа ти значи зашто јас секогаш на прочитано сум ставал?
На некој начин сепак добиваш малку самодоверба за понатака на други теми,па да не се лажеме на кој не му годи?
Некој може ќе рече само несигурните луѓе сакаат или као на девојка коа ќе и речеш убава си она иако знае дека е убава и милион и кажале сепак и годи секој комплимент.
А мислам и зашттедува коментари од типот "Eј брао,хахаха топ,леле кај ти текна ова и слично.
 
unledzfo.jpg
 
Докторот не треба да зборува за себе и да дава одговор на прашање од пациентот :P
Па токму затоа. Нели сакаш да кажеш дека пациентот треба да зборува? Ондак почни :)
 
Ја префрлив зависноста од facebook на форумов.Барем ќе знам кој ми се истомисленици па можит и партија ќе оформам.
 
Дали темава ја отвори за да бидеш интересен и да собираш лајкови?
 
Ако на форумот не пишеше кој колку лајкови има, ако не пишеше кој колку постови има нема никој да пишеше, зошто да пишам ако не гледаат сите дека имам напишано 10.000 постови, зошто да му помогнам на некој ако не постои лајк, или зелено (во стариот old school форум), порано кога на форумот ги рестартијаа зелените и кога сите имаа исто, ќе се отепаа луѓето пишување се со цел да дојдат први до висока репутација.
Ете ти одговор колку ни значат лајковите и бројот на постови. А особено во последниот baby boom период кој се случува на форумот.
Сето ова е на штета на квалитетот на форумот и многу е јасно дека стари и искусни членови си заминуваат од форумот.
 
Искрено мене повеќе ми значи лајк на форумов, отколку лајк на ФБ.Поточно воопшто не ми значи лајк на ФБ.
Барем на форумов ке знаеш дека си напишал нешто интересно, корисно, си помогнал некому... а на ФБ само се копираат статусите и се моли во чат да лајкнете некоја слика или статус, одвратно ми е тоа:cautious:
 
Back
На врв Bottom