Отворам дискусија за "лајковите".
Дали сте навлечени на форумот и на (а)социјалните мрежи како Facebook и Twiter и колку ви значат "лајковите" во животот?
Дали "лајковите" сe знакови на невербална комуникација како гест или мимика и дали искрено им се радувате и станувате зависни од нив?
Дали "лајковите" ги сметате како начин на комуникација и едноставен метод да се додворите некому ако му мавнете лајк или пак барате да ви мавнат лајк како поддршка за вашите мислења и изнесени ставови на зададена тема?
Колку "лајковите" можат да бидат (зло)употребени како средство за напад од страна на т.н. "искусни аватари" кои во меѓусебен договор намерно игнорираат одредено мислење од некој "неискусен аватар" и го лајкуваат мислењето на неговиот неистомисленик?
Колку "лајковите" можат да креираат multi-personality и дали постојат членови на форумот со повеќе аватари со цел да си маваат "лајкови" самите на себеси?
Дали некои членови едноставно се досадни и дури и безобразни што постојано го лајкуваат секое ваше мислење без да го прочитаат и маваат "лајкови" само затоа што имаат симпатии кон вас, т.е. кон вашиот аватар?
Дали сте зависници од "лајкови" и поради тоа станувате насабајле и го пиете утринското кафе пред компјутер или пак седите до ниедно време?
И на крај, дали сте загрижени за иднината на вашите деца и дали на вашето дете во иднина наместо да го удрите по газот додека е детенце или подоцна да му удрите и шамар како воспитна мерка, вие едноставно ќе го казнувате со тоа што нема да му мавнете "лајк"?