Како се спасуваат луѓето кои се надвор од Црквата?

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Јас пробав да ти објаснам, но старо правило е дека со инка не се турва. Твојот став е дека "будноста", "свесноста" се подобри од алчноста и материјализмот затоа што се подобри.

Тоа е одличен доказ...:icon_lol:

Јас не велам дека се подобри или полоши. Јас велам дека нема разлика, во недостаток на етички или аксиолошки стандард. Не знам како поинаку да ти објаснам. Ти си тој што доаѓа и морализира, будноста ова, алчноста она...
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Man Somehow Overcomes Alcoholism Without Jesus

August 18, 2011 | ISSUE 47•33


CHICAGO—Despite a lack of divine intervention by the Son of God or any other higher power, area man Tom Wendt has somehow managed to overcome his alcoholism, sources confirmed Friday. "It was causing so many problems at work and with my family that I decided to stop drinking before it ruined my life," said Wendt, who credited his own willpower, a desire to better himself as a human being, and not Jesus Christ for the otherwise inexplicable recovery. "It hasn't been easy, but I took a hard look at myself and made some important lifestyle changes. I'm sober almost three months now, and I never could have done it without [wife and non-supernatural-entity] Susan." Reached for comment, Wendt's aunt Clara, who spent years praying for her nephew, remained steadfast in her insistence that Jesus most likely had something to do with it.


http://www.theonion.com/articles/man-somehow-overcomes-alcoholism-without-jesus,21146/
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ништо не бидна Мики. Овие протестантиве се први кога треба да се напаѓа Православието, а кога треба да одговорат на нашите прашања нигде ги нема. Штета, оти може и ќе научивме нешто за нив, што всушност прават освен „..не прават тоа што го прават православните...„
Да, за беља, а темава ја отворив токму за нив, од личен интерес, да видам што друго имаат да кажат за начинот на кој се спасуваат, освен критиките кон Црквата и „онаа„ славната: „....ние не правиме тоа што го прават православните...„.
--- надополнето: Oct 8, 2011 1:18 PM ---
Веројатно и оние малкуте на форумов одбиваат да навлегуваат на темава, се разбира, целосно свесни оти токму за нив е отворена, или нивно понижување од... ваша страна?
Никој не ги спречува да навлезат во темава, јас понајмалку, оти погоре веќе напишав со која цел ја отворив темава.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Ништо не бидна Мики. Овие протестантиве се први кога треба да се напаѓа Православието, а кога треба да одговорат на нашите прашања нигде ги нема. Штета, оти може и ќе научивме нешто за нив, што всушност прават освен „..не прават тоа што го прават православните...„
Кој рече дека ги нема? Еве го одговорот кој што ви го даде еден од протестантите, само ве мрзи да ги прочитате:

Тешко му на оној што верува дека некаква институција наречена „црква“ ќе го спаси. Бог е Тој што спасува, преку Својот Син Исус, а не МПЦ, СПЦ, ГПЦ, католичка, протестантска црква и сл. Неговото високо преосвештенство и великодостојништво господин господин Стефан (простете ако пропуштив некоја титула, бидејќи многу се) НЕ МОЖЕ да ве спаси. Само Господ Исус може да ве спаси. Името „Исус“ (на еврејски Јешуа) токму и тоа значи: Спасител.

Како што седењето во гаража нема да те направи автомобил, така и седењето во црква нема да те направи христијанин.

„ Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.“ (Исус, ев. Јован 14:6, Библијата)

„Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст и многумина влегуваат низ неа. Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот и малкумина го наоѓаат.“ (Исус, ев. Матеј 7:14, Библијата)

Луѓето не можат да направат ништо за да се спасат. Обидите на секој човек да се спаси самиот себе се како пливач кој се обидува да го преплива Атлански океан.
Никакво добро дело не може да го спаси човекот, затоа што ние сме грешници по природа. И затоа единствено се спасуваме преку Божјата милост (благодат), преку вера во нашиот Спасител Исус Христос:

„Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој.“ (Ефешаните 2:8, Библијата)

Но што треба да веруваме за Исус? Само дека постоел и дека бил добар човек? Не, туку дека е Божјиот Син и наш Господ Кој умре (се жртвуваше) за нашите гревови и со тоа ни обезбеди вечен живот.

„Сите (луѓе) згрешија и лишени се од Божјата слава“ (Римјаните 3:23, Библијата)
„Заслуженото за гревот е смрт“ (Римјаните 6:23, Библијата)
„Но Бог ја покажа Својата љубов спрема нас, со тоа што Христос умре за нас додека уште бевме грешници“ (Римјаните 5:8, Библијата)
„Христос умре за нашите гревови...“ (1 Коринтјаните 15:3, Библијата)
Итн.

Но дури и демоните, не само што веруваат, туку и знаат дека Исус е Божјиот Син Кој на крстот умре за гревовите на луѓето.

„Ти веруваш дека има само еден Бог. Добро правиш; и демоните веруваат и треперат.“ (Јаков 2:5, Библијата)

Дали тоа значи дека и демоните ќе се спасат? Не, не е доволно само со разумот да разбереме и да се согласиме дека Исус е Божјиот Син и дека умрел на крст поради нашите гревови. Не е доволно ни да имаме некое емоционално доживување. Ние мораме лично да го примиме и прифатиме Исус Христос во нашите срца преку вера, како дело на нашата воља.

„А на сите што го примија им даде право да станат Божји деца - на оние кои веруваат во Неговото име“ (ев. Јован 1:12, Библијата)
„та преку вера да се всели Христос во вашите срца“ (Ефешаните 3:17, Библијата)

Христос го примаме преку лична покана како свој Господ и Спасител:
„Еве, стојам пред вратата и чукам; ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај него “ (Исус, Откровение 3:20, Библијата)

Исус Христос можете да го примите во вашите срца со вера преку молитва (молитвата е разговор со Бог). Бог го познава нашето срце и за Него поважен е ставот на нашето срце, отколку нашите зборови. Доколку никогаш не сте се молеле, еве ви еден предлог молитва како можете да се покаете од гревовите и да го примите Исус Христос како ваш Господ и Спасител:

Господе Исусе, ми требаш. Јас сум грешен. Те молам прости ми ги моите гревови. Ти благодарам што умре на крстот, ја плати казната за мојот грев и ми прости. Спремен сум со Твоја помош да се одвратам од моите гревови. Ја отворам вратата на моето срце и Те примам како мој Господ и Спасител. Те молам преземи ја контролата над мојот живот и направиме онаков каков што Ти сакаш да бидам. Ти благодарам што ми ги прости гревовите и ми подари вечен живот. Амин.
Подобар одговор од ова - АМИН!!!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Кој рече дека ги нема? Еве го одговорот кој што ви го даде еден од протестантите:

Подобар одговор од ова - АМИН!!!
Tи им се воодушевуваш на постовите на Чорбаџијата, тој на твоите, супер ви е...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Tи им се воодушевуваш на постовите на Чорбаџијата, тој на твоите, супер ви е...
Исто како што ти им се воодушевуваш на вашите, така и јас на нашите!
Што значи, на сите „супер ни е“...;)
 
S

smexy

Гостин
Никој не ги спречува да навлезат во темава, јас понајмалку, оти погоре веќе напишав со која цел ја отворив темава.
Можеби е така како што велиш,а и немам право да судам.Но сепак имам право на сомнеж во сечии мисли, предни и задни.
На крај краева, искуството на форумов ми вели дека голем број од темите на форумов се отворени
со причина различна од онаа спомната во отворачкиот пост.
Но веќе навлегувам во бесполезни реторики, а мојот одговор на темава е даден.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Исто како што ти им се воодушевуваш на вашите, така и јас на нашите!
Што значи, на сите „супер ни е“...;)
Да, само што ова нашите кај тебе некако шизофренично ми звучи...

;)

Never mind...
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
И сега како ке се спасат?
Само христијаните ке бидат спасени, а оние кои се муслимани или хиндуисти или будистиили или...?
И тие мислат дека само тие ке бидат спасени. Кој е во право, и дали воопшто некој е во право?
А зошто би се спасиле само христијаните кога сите иситите грешки ги правиме?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Да, само што ова нашите кај тебе некако шизофренично ми звучи...
Е тоа, како ти звучи е твој проблем, тука не можам да ти помогнам. Најверојатно си „анти - слухист“ па затоа така ти се слуша! :(
 
S

smexy

Гостин
И сега како ке се спасат?
Само христијаните ке бидат спасени, а оние кои се муслимани или хиндуисти или будистиили или...?
И тие мислат дека само тие ке бидат спасени. Кој е во право, и дали воопшто некој е во право?
А зошто би се спасиле само христијаните кога сите иситите грешки ги правиме?
Нема сите христијани да бидат спасени.Само оние кои припаѓаат на Православната Црква.Само тие ги обавуваат светите тајни дадени од Бога низ Црквата.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Нема сите христијани да бидат спасени.Само оние кои припаѓаат на Православната Црква.Само тие ги обавуваат светите тајни дадени од Бога низ Црквата.
Ок. Сега ми е многу јасно. :)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Нема сите христијани да бидат спасени.Само оние кои припаѓаат на Православната Црква.Само тие ги обавуваат светите тајни дадени од Бога низ Црквата.
А ако познаваш некои такви христијани - православни? Ако ти се другарчиња?
Ко на пример в диско ко ќе има забава а не си поканет али некој таму од забавате ќе дој до вратата и ќе те пикне, ќе му каже на тој ќелајо набилданио на врата “Овој е со мене“....
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
А ако познаваш некои такви христијани - православни? Ако ти се другарчиња?
Ко на пример в диско ко ќе има забава а не си поканет али некој таму од забавате ќе дој до вратата и ќе те пикне, ќе му каже на тој ќелајо набилданио на врата “Овој е со мене“....
А може и тоа, само треба да сималку фаца и нешто скапичко да си облечеш, ако сакаш да те примат у друштво. Во Македонскиот рај све се со врски примени.
 
S

smexy

Гостин
А ако познаваш некои такви христијани - православни? Ако ти се другарчиња?
Ко на пример в диско ко ќе има забава а не си поканет али некој таму од забавате ќе дој до вратата и ќе те пикне, ќе му каже на тој ќелајо набилданио на врата “Овој е со мене“....
Мислам дека верата е индивидуална.Нешто како СИДА бе.Јас ако имам, не мора да значи дека и другар ми има.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom