Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Штета што од следните квалификации нема да имаме противничка репрезентација од рангот на Андора.
 
ЕЕЕ мафиози ми иде да полудам кога ќе ми текне на Босна Романија Унгарија Белгија Словачка истите тие ќе играат бараж до кога намќорите ќе имаат образ да ја водат федерацијава треба со петиција да се бара оставка да се попишат 1 милион граѓани ова веќе нема крај.
 
Штета што од следните квалификации нема да имаме противничка репрезентација од рангот на Андора.

Не знам дали да ти реплицирам "штета" или "фала Богу" :pos:
 
Кое ниво бе момчета?На кое ниво сме биле ние?Секогаш сме биле вакви,мизерни.Некогаш ќе сме блеснеле само на некоја утакмица и тоа.Македонија немала фудбал никогаш,особено на репрезентативно ниво.Да не се лажеме.
Слаби сме биле да одсекогаш, никогаш не сме биле конкурентни за настап на првенство, али волку мизерни ко сега никогаш не сме биле
 
Не знам дали да ти реплицирам "штета" или "фала Богу" :pos:
штета брат. Само таа ни беше шансата да не сме последни во група,ама сега и таа замина :D
 
Ќе те сфати Џену на мене мислиш ќе ме банира, јас затоа ти стајв лајк, над тебе пишав :pos:.

Ајде ние да се пријавиме, мислам подобро ќе изиграме :pos:.

Секој ден кога ги гледам ми е криво што сум немал шанса да живеам Скопје и да играм за некоја екипа таму ако оние наши дрва играат секаде странство па брате ја Четвртокот видов луѓе со 2х поголем капацитет од целава наша репрезентација.
 
Јас сум сериозен ние да комбинираме екипа од црвени и плави со набиена кондиција за 90 мин подобро ќе изиграме, гарантирам :pos:.
 
Дечки не е до играчите.НЕМАВМЕ СРЕЌА ДЕНЕС,ТАА НИ ГО СВРТЕ ГРБОТ!!!
 
Морав набрзинка да ја напраам :D

drva2.jpg
 
Без нервоза. македонија-словачка 2-2 и 3+ . :vozbud:

Ај уште со Словачка и пауза скоро цела година од официјални мечеви. Ќе се изнаодмориме психички . Не утепаа овие антиталенти од нервози.
 
Јас сум сериозен ние да комбинираме екипа од црвени и плави со набиена кондиција за 90 мин подобро ќе изиграме, гарантирам :pos:.
Брат што збориш ти бе...кај можеме ние со Мирко Ивановски и друштвото?Јас сепак сум да пишеме порака до ФФМ во Расадник повредени да им играме 6v6...и тоа да се мењаме на гол.:D
 
Го продавам Македонскиот идентитет, Македонската нација, држава, јазик, вера, традиција и обичаи, го продавам дресот на оваа света земја Македонија, нејзината чест, идеали и својот народ кој верува во мене, имам кладилници и се кладам против светото сонце на Кутлеш...Со мене се г-динот Ташак, и моите 11 марионети, презервативи и полтрони (никако вредни за именување), Се викам Харалампие Хаџиристески, барајте ме во ФФМ...

Од утрешниот оглас во Дневник
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom