ВИДЕО: Еве како во Скопје се пере „Мерцедес“ CLS 350 - нова мода

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
побарај колку кошта таа кола и ќе сватиш..
а не се изнервирав туку само си кажав ја како би изреагирала да е тоа мое количе ..
Тоа што кошта за нас, за него е гола вода. Сигурно има причина зашто некој би полнел кола со вода.
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Тоа што кошта за нас, за него е гола вода. Сигурно има причина зашто некој би полнел кола со вода.
па да има причина... или е глуп или е ретардиран па не сваќа ... или сакал да испадне звезда за youtube ... како и да е .. заслужува добар ќотек за воа
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
ја не го гледам ретардиран или глуп, баш напротив ми изгледа супер, он не ги терал да снимаат, а сигурно не размислувал дека ке има тема на кајгана за него :)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
го гледав на мотика клипов... ретардирана работа... мислам дека тој што снима со камерата е тој што е сопственик на мечката.. по извиците и реакциите:
-“немој на воланот“
-“доста е више ке го преполниш“
а можда е и колава донесена за продавање од оние увезените....

е сега како си дозволил да се прска вака во него алал да му е, мада од друга страна, се е тоа кожа и добро задихтувано. нема да му биде ништо на мечето, и нема да се намократ седиштата, а и електрониката не е баш така водопропусна... едино теписонот доле ама и тој се решава со вакум правосмукалка... така да кајганџии наљутени на типов, не се секирајте мечката ке си биде во ред...:icon_mrgr:
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
мечкава колку што можам да видам има странски табли(можда италијански) па има неколку опции. Или му е за шиткање, или е на неговиот газда кој му ја дал на поверење:P или е дебил
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Ништо не му е на мечето, само не ми е јасно како мие внатре автомобил од 2011, тоа уште на ново мириса
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
СКОПЈЕ
ВИДЕО: Еве како во Скопје се пере „Мерцедес“ CLS 350 - нова мода




Сакајќи да го испере неговиот автомобил сопственикот на Мерцедесот CLS 350 решил да посети една од скопските авто-перални надевајќи се дека таму ќе му излезат во пресрет и ќе ги исполнат неговите барања.

Но, вработените во авто-пералната останале вчудоневидени кога слушале какви впрочем биле неговите барања. Сопственикот на екстремно скапиот автомобил сакал со вап да го исперат ентериерот на Мерцедесот, но тоа негова желба не сакал да ја исполни никој од вработените во скопската авто-перална.

Кога видел дека никој не сакал да се нафати и да го испере автомобилот, сопственикот на Мерцедесот се решил работата да ја превземе во свои раце и со вапот го испрал ентериерот на CLS 350.

i ova go ima vo ova nasa makedonija :)
Еј дај вратете го у Бардовци.Има распишано потерница по него ,тој што ќе го однесе ќе добие награда
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
можда му повратил некој црвено вино, мешано со скара знае да биде доста гадно и смрдливо
 
V

Vollstandig

Гостин
Од коментарите на јутуб, видов оти типот бил ром, што секоја година рентал коли од италија, кај шо таму живеел и работел и во шутка се курчел со колите и општо низ скопјето.
Е сеа ништо чудно да сака малце да се искурчи и со ова, како од типот богаташи коа да се загреат ќе запалат 1000ка...
 

merlin

Мадридистика...
Член од
29 јуни 2006
Мислења
543
Поени од реакции
119
го гледав на мотика клипов... ретардирана работа... мислам дека тој што снима со камерата е тој што е сопственик на мечката.. по извиците и реакциите:
-“немој на воланот“
-“доста е више ке го преполниш“
не, :) тој шо снима е од пералната... нели вработените нејќеле да му прскаат внатре, и овој си презел сам :D Му се чудат на кретенизмот ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom