Навика

  • Креатор на темата Креатор на темата Forrest Gump
  • Време на започнување Време на започнување
Најлоша навика ми е дека на секој 10 мин праам круг со враттот :pos:
 
Соблакање на патиките со нозе, оставање на масата лом после јадење, возење на точакот нон стоп во 18-та брзина, соблекување на алиштата и фрлање на подот до креветот пред легнување, пред да почнам да читам некоја книга обавезно ја читам последната реченица од книгата. Се е тоа некој вид на навика .. :ROFLMAO:
Се препознав,буквално во се
 
Кога се туширам,сунѓерот секогаш го оставам така фрлен во када. Мајка ми стално ми црка, ама секогаш го заборавам. :) Исто и грицкањето нокти :D
 
Имам навики за :
- Пукање прсти...т.е целата си се распукувам
- Лижење на уста и гризење на внатрешноста
- Соблакање на патики со нозе
- Фрлање на алиштата на стол или кревет ( е за ова мајка ми најмногу се нервира)
- Не затварање на врата од ВЦ o_O
- Е исто и јас кога читам книга обавезно после неколку прочитани страни го литам и крајот
- А исто и јас весниците од последна ги читам ( не дека читам многу весници, ама кога ми е досадно и ќе фатам , обавезно од позади си го почнувам)
 
Ах да имам навика и патиките без чорапи да ги носам па после ми се прават жуљеви. -.-
 
Навика ми е да ги ставам сите во мислачки баш пред да си заминам/т.
 
Еве нешто за одвикнување на лошите навики

Тие се движат од обично грицкање нокти до хронично доцнење. Лошите навики, мали мани кои толку им одат на нерви на другите, можат некој пат...

...да ни ја загрозат работата, пријателството, љубовта, па дури и бракот...
Еве 5 најлоши навики и совети како да се ослободиме од нив:
Доцнење. Ако секогаш доцните значи дека се преценувате, а личноста на која и доцните, ја потценувате. Направете роковник за да не заборавите на договорените состаноци и ослободете се од лошата навика. И уште нешто – не ветувајте нешто што не можете да го остварите.
Обвинување на другите. Кога ги обвинувате другите поради проблеми и разочарувања во вашиот живот, вие всушност признавате дека не го контролирате вашиот живот. За решавање на најважните проблеми на работа и во односите со луѓето треба време, но можете да си помогнете така што ќе почнете да ги решавате малку по малку, чекор по чекор.
Себичност. Себичните луѓе често се скриваат зад „презафатеноста“ или „уморот“. Ако самите се доживувате како личност која е премногу зафатена за да му помогне било кому, замислете се пред да останете без пријатели. Почнете така што ќе направите нешто ситно што не е корисно само за вас, а потоа обидете се да направите нешто навистина великодушно.
Грицкање нокти. Нокти изгрицкани „до корен“ делуваат многу одбивно. Најдобар начин да се ослободите од таа навика е длабоко да дишете за да се релаксирате и да ја намалите напнатоста. Во моментите која би ги грицкале ноктите едноставно стиснете ги дланките.
Одолговлекување. Одолговлекувањето е повеќе поврзано со почетокот на некоја работа или обврските отколку со нејзиното завршување. Обидете се да направите попис на работите кои треба да ги завршите тој ден, а при тоа најтешката работа ставете ја прва. Прецртувајте ја листата како што ги завршувате обврските.
 
Имам една многу лоша навика, во градот на секоја жена кога ќе помине до мене секогаш од позади и гледам во задникот
ај кажете дали има некој лек за оваа навика, вратот веќе ми се искриви секоја жена ја гледам од позади.
 
Ах да имам навика и патиките без чорапи да ги носам па после ми се прават жуљеви. -.-

И во ова се пронаоѓам и во погорното мислење на Теааааа ... Значиии идентичните навики ги имам и јас... Одвика неверувам да има !!
 
хм навика..:)
за секоја навика има одвика..
иначе како и секој и јас имам навика.
кога правам мобет со другар или со било кој секогаш гледам настрана..(во некоја бандера,кукја,камен и сл)
 
хм навика..:)
за секоја навика има одвика..
иначе како и секој и јас имам навика.
кога правам мобет со другар или со било кој секогаш гледам настрана..(во некоја бандера,кукја,камен и сл)

офф исто , ич не можам да ги гледам во очи луѓето :confused:
 
Имам една многу лоша навика, во градот на секоја жена кога ќе помине до мене секогаш од позади и гледам во задникот
ај кажете дали има некој лек за оваа навика, вратот веќе ми се искриви секоја жена ја гледам од позади.
Јаоооо,иста мука делиме,ИСТА (n)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom