Бабини деветини, суеверија

  • Креатор на темата Креатор на темата ogi_bt
  • Време на започнување Време на започнување
уше една бабина деветина... оние малите куќни гуштерчиња никако не се тепале.. затоа шо биле уствари луѓе кои починале.. и ете ја чувале куќата од лоши работи..
така да .. не тепајте гуштери :D

исто така има и една друга глупост.. ако околу куќата видиш да се мотка смок.. не требало да се тепа.. демек бил заштитник на куќата..
 
Ако пееш/збориш додека јадеш, ќе земеш циган/ка.
Исто имам слушнато дека на полноќ точно не смееш да се бањаш оти вампири искачале и ќе те удавеле (како мене секогаш ми се случува да влезам у 10 до 12 под туш па уште сум жива?)
За ова со змијата/смокот и јас имам слушнато и стварно ми е чиста глупост.
После тоа, ако некој од блиските почине а меѓу блиските роднини има бебе до 1 година, за времето додека го изнесуваат мртовецот од дома па се додека не го погребаат не чинело да заспие демек и бебето ќе умрело :tapp: Така ја кога чував едно внуче мое кога почина баба му (вујна ми) пред искачање ми рекоа никако да не го успивам и дека ќе ми ѕвонеле кога ќе сум смеела да го заспивам.

Ма какви све глупости сум слушала не ми ни текнуваат сеа. Еее, све ова од пуста досада порано во зимскиот период, па вакви работи измислувале жените додека плетеле поред огниште и откако ќе им се истрошеле сите трачарски муабети... :icon_mrgr: :icon_mrgr: :icon_mrgr:
 
1.Мене и на еден другар еднаш црна мачка ни го помина патот...и ја згази кола(знам дека воа звучи у стилот на Чак Норис,ама вистина е жими се,веројатно он ја урочил,ја не сум толкав малер:pos2:)
2.Крвава Марија повикуевме,со книги и со огледало и све тоа,ама не испадна....валјда има нешто против транс музика и марихуана,од кај знам...
Suma summarum,бабини деветини се баш тоа...приказни шо ги измислуат бабите,за внуците да не одат сами по темница оти може да се спрепнат и да паднат....

За Крвавата Мери викаат дека стварно постоела таа девојка и сеа да не ја тупам со неа...Само да ти кажам се појавувала ако на полноќ го изговараш нејзиното име и се вртиш во круг ( мада ја не верувам ама тое е )
 
ima edno vika
da ne vleguvame doma tocno vo 00:00 bidejki togas iskacale samovilite i ako vlegle so tebe ke si imal doma problemi.
zimi na babami suklijacot :).
 
или на пример да не се гледаш навечер во огледало...:pos2: не чинело затоа што ќе сум била курва хаха
така и велеше баба и на една другарка
живи глупости
Јас пак за ова имам слушнато да не се гледаш навечер во огледало,оти брзо ќе си остарел.
За ова твоето прв пат слушам.
--- надополнето: Sep 29, 2011 3:29 PM ---
абе, не се викаше "бабини деветини" за некои сумљиви лекови и тревки.
Баш така.
 
Еве една бабина деветина:
Кога ќе се разбудиш да не погледнеш одма во прозор зашто одма ќе заборавиш што си сонувал.
Не знам дали има некоја вистина во ова :eek:
 
Eве некои бабини деветини:
Зошто 23.45 до 00.15 не се излегувало од дома?

Ги лажеле така за да си легнат порано за сабајле да се способни да станат за да рмбаат на нива, да ги пасат гојдата итн...

Ако не излегуваш од 23.45 до 00.15 надвор па тоа не значи дека ќе те следат среќа и бериќет во животот или пак дека ќе излегвиш во тоа време па тоа не значи дека во животот ќе ти се случуваат малери.

Еве јас колку пати сум излегувал тоа време па еве жив и здрав сум.
А ако снемаш цигари, а ужасно ти се пуши? :D
 
За Крвавата Мери викаат дека стварно постоела таа девојка и сеа да не ја тупам со неа...Само да ти кажам се појавувала ако на полноќ го изговараш нејзиното име и се вртиш во круг ( мада ја не верувам ама тое е )

пробај па кажи ни...(y)
 
Им се чудам на паметот ...

Еднаш одев накај веро со моите бивши "другарки " и одеднаш кога рипнаа наназад и спискаа ко да виделе убиец со нож и несакаа да продолжат пошо пред нив имање црна мачка. Ме натераа прва да сум идела -,- После идеме натака и мачкава пак им се избацува и овој пат беа решени да кружат иако верото ни беше само на 3 чекора ако јас не поминам прва...Бог да чува
- Исто и една ми викаше дека мразела мачки пошто кога некое бебе ќе се родело мачките викале бебето да умре, а јас да живеам, а кај кучињата било обратно :tapp:
 
Едноставно е...не верувам ,ова за мене се глупости,ако верував во се ова кај ќе ми беше крајот не знам...мој став.
:love:
 
Секојдневно слушам по некоја зелена, една од поглупите ми е; навечер не било добро да сечеш нокти, а кога прашувам што е значењето, одговорот: епа не чини :tapp:.

Ташната на земја ако ја ставиш бегале парите, кога бегаат
ќе бегаат и кога ташна немаш, особено во ова турбулентно време и светска криза е скроз нормална појава.

А тоа за црната мачка баш летово неколку ми пресекоа пат ништо не ми се случи фала на златен Господ.

Ептен глупа и бапска работа се овие суеверија, со која се занимава бадијалџиски народ како македонскиот, нормално кога нема што да работи, ќе се занимава...:pos:
--- надополнето: Oct 6, 2011 2:58 PM ---
уше една бабина деветина... оние малите куќни гуштерчиња никако не се тепале.. затоа шо биле уствари луѓе кои починале.. и ете ја чувале куќата од лоши работи..
така да .. не тепајте гуштери :D

исто така има и една друга глупост.. ако околу куќата видиш да се мотка смок.. не требало да се тепа.. демек бил заштитник на куќата..

да ова за смогот е вистина глупа работа, тој недај боже да намириса млеко абе влегува и те дави Господ не може да те спаси, глупи бабини деветини.
 
да ова за смогот е вистина глупа работа, тој недај боже да намириса млеко абе влегува и те дави Господ не може да те спаси, глупи бабини деветини
и навистина кај баба ми во село тоа се деси... имаа едни пријатели бебенце и таков демек куќен смок..
влегол некој ден и ..
страшна работа.. го отепаа тогаш... али џабе од коа ќе напраи беља ..
 
Им се чудам на паметот ...

Еднаш одев накај веро со моите бивши "другарки " и одеднаш кога рипнаа наназад и спискаа ко да виделе убиец со нож и несакаа да продолжат пошо пред нив имање црна мачка. Ме натераа прва да сум идела -,- После идеме натака и мачкава пак им се избацува и овој пат беа решени да кружат иако верото ни беше само на 3 чекора ако јас не поминам прва...Бог да чува
- Исто и една ми викаше дека мразела мачки пошто кога некое бебе ќе се родело мачките викале бебето да умре, а јас да живеам, а кај кучињата било обратно :tapp:

најмногу ме иритира кога ќе слушнам дека младите веруваат во бапски работи, ајде старата генерација разбирам во заостанато време живееле, но денес млад човек да верува во тоа ми е селски.
 
Живи глупости кажуваат,од- не седи во коше нема да се омажиш/ожениш до- не се бањај ако има мртовец во твоја комшилук(додека не го погребат) демек ке
ти излегло мртва коска:nesvest:

хмм а во школо немирните ученици ги казнува со седење во ќош 1 саат.:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom