Бугарски пасош - Да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата DANI_M
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
со партиска книшка оди и партиско бацување газови и лепење плакати и величење на постапките на партијата и лидерот иако човек е и сам свесен дека нивните постапки/идеи/срања се погрешни.

порадо би земал бг пасош и би чистел вециња на запад, одколку да го правам тоа наброеното погоре

Хахахаххаах од првиот дел, ама баш ништо не правам. Стереотип, јебига, таков ни е народот, малограѓанштина.

Јас не би земала бг пасош ни за да бидам шеф на катедра. Словенечки би земала и за собарка да бидам, ако не си најдам работа тука.
--- надополнето: Oct 6, 2011 6:11 PM ---
nancy-grace-u-mad-5265-1309901990-9.jpg

Кажи ми само, дали прекршиле некој закон, и да завршиме со твоето верглање на оваа тема.

Тешко дека ти ќе ми го завршиш ,,верглањето,,.
Зборуваме за закон, или патриотски чувства?

Патриотите не вадат бг пасош.
Оние кои уво не ги боли за својата татковина, вадат.

Немам намера да убивам луѓе зошто се предавници.
Не прават нешто ново де. Од таквите секогаш страдала оваа земја.
 
Јас пак сега се мислам(не дали да вадам БГ пасош) туку дали да и служам на бугарската држава т.е во Бугарската Армија.

Аз си бев солдат,
в Блгарска армија,
верно и служев,
на мајка Блгарија...

:pos:
 
Јас за себе не би рекла дека сум партиски војник. Не правам ништо за партијата, освен што гласам. А партијата не верувам дека знае дека постојам. Одам во штаб само и само кога морам, а морам заради обврски кои не ги правам за пари, кои ги правам бесплатно.
Убо за тебе. Барем се надеваш и чекаш еден ден да дојде до...
Има партиски вработувања од 1991 до ден денешен. Не е нешто ново тоа, и не знам кој се прави лудак дека не е така.
Никој не рече дека не е така (освен тие што рекоа).
 
Што им недостига?
Море? Бутици? Базени, игралишта.....
Ало луѓе. Тргнуваме. На кој не му се чека, нека оди.
Јас имам големи потреби, и guess what, не ми треба нечиј пасош да си ги остварам.

Прашај си.
Имаш 140.000 такви во земја во која 1,3 милиони се кажуваат за македонци.
U mad?
 
Уффф...треба од нула да се почне, објаснување на основни поими...:icon_lol:
:pos:искрено, јака ти душа за трпеливоста.

Овде не се работи за некаков патриотизам кон државата, се работи за вас лично, да се пазариш со тоа кој си и што си, пострашно и од тоа да си го продаваш телото за пари.
Државата? Токму државата односно нејзините претставници го доведоа народот до степен да буричка по канти и да се проституира. Што е трчањето по штабови за попишување? Што е рамковниот? Што е секојдневното примање со книшка во администрација? Што е ако не е класично продавање на душата (при што душата изгледа му е кај задниот дел од телото)...постојат различни начини на проституција, некои пред Бристол и МРТВ, некои во ефтино беемве или џип, некои...тоа е лично право, личен избор, како и земањето друг пасош. Кога ќе ми текне дека за 1 место економист во една фирма се имаа пријавено 200 и кусур души... :confused:
Објаснете му на девојчето зошто мора да е патриот, зошто не смее да земе бугарски документи, да се надева на подобар живот.
Сиромашна студентка фалсификувала уплатници за да не ја избркаат од студентски дом

А тврдењето дека 1991 барале книшки е сосем неточно, освен за членови на влада...мене никој не ми бараше, нит ме праша за кого и за што сум. Тој калабалак, тоа проституирање настана од негде 1997-1998.
 
Прашај си.
Имаш 140.000 такви во земја во која 1,3 милиони се кажуваат за македонци.
U mad?

Аха ами и овие се делат сега на антички или славјански.

Џабе е-немаш точна бројка ајде оди си од темава оти е само за патриоти.
 
Убо за тебе. Барем се надеваш и чекаш еден ден да дојде до...

Никој не рече дека не е така (освен тие што рекоа).

Хахахах не ми ги извртувај зборовите, можеш и подобро од тоа.
Оди прошетај до Дом и Семејство, и ќе знаеш што мајка барам јас во штаб. Оти додека вие трчате по добриот ви живот, јас трчам по оние кои се клоцнати и од сопствените родители.

Не ми треба партиско вработување.
Не сум неспособна.
Моите родители немаат книшки и имаат добро работно место.
Зошто не и јас?
Само бескичмењаци трчаат со книшките. Додека има кој да бара работа со книшка, ќе има и кој да ја даде.

Тоа што го поддржувам Аце, и неменувањето на иметно, не значи дека поддржувам се што (не) се прави од страна на власта.
Утре опозицијата да видам дека има подобар план, можеби за нив ќе гласам.
--- надополнето: Oct 6, 2011 6:22 PM ---
А тврдењето дека 1991 барале книшки е сосем неточно, освен за членови на влада...мене никој не ми бараше, нит ме праша за кого и за што сум. Тој калабалак, тоа проституирање настана од негде 1997-1998.

Тоа е точно, како што кажуваш. Реков дека татко ми работи во државна институција уште од пред 91. До ден денешен никој го нема чепнато, а нема ничија книшка. Ниту некогаш имал.
 
Девојко јас заработувам многу повеќе од просечната плата тука и мене ми е доволно за да си дозволам на мои години што сакам, така да не се работи ова за мене.

Ама што праиме што просечната плата е 200 евра? Зарем на сите не им сече и неможат да се снајдат? Знаеш колку луѓе познавам што завршиле факултети а работат како келнери/ки и продавачи по бутици?
Не е се така розево како што сакате да го претставите и никако во никој случај неможам да му замерам на некој што гледа во бугарскиот пасош како начин како да отиде да заработи повеќе за своето семејство...

А што мислиш ти кај живеам јас, смешно е целово ова живописно претставување на состојбата и реалноста во Македонија, ко да сме некои странци кои абер немаат што се случува. Во право си, не да не е се така розево, туку не е ич розево, ниту за мене, ни за секој друг ко јас кој пробува без партии и политики да фунционира во оваа земја. Тоа не е спорно, и сите овие елаборати на темава за тоа каква е економската состојба се непотребни и офтопик малкуцка. Има други теми каде се дискутира за тоа зошто сме на ова дереџе ко држава, зошто ни е економијата тапа, зошто е све исполитизирано, немора и овде тоа да се потенцира, ок ја знаеме нашата реалност, таква е каква што сме си ја наредиле. Друга е темата овде, ама ок, џабе се сите напори натаму да се сврти муабетот, секој си ја врти како му одговара, а јас се што гледам у мислењава е ОПРАВДУВАЊЕ и ништо повеќе.
 
Друга е темата овде, ама ок, џабе се сите напори натаму да се сврти муабетот, секој си ја врти како му одговара, а јас се што гледам у мислењава е ОПРАВДУВАЊЕ и ништо повеќе.

Ако сите стриктно се држат до темата, постовите ќе изгледаат вака:

Да

Не

Не

Да

Тоа, ќе се сложиш, не е баш стимулирачки за самата тема..

;)
 
Тешко дека ти ќе ми го завршиш ,,верглањето,,.
Во право си, јас не можам да те натерам да престанеш да пишуваш, ама партијата те издаде во еден од претходните постови.

Зборуваме за закон, или патриотски чувства?
Зборуваме за чувства и наредби, патриотизам за некои членови се и навредите упатени до соговорникот. ;)

Патриотите не вадат бг пасош.
Ќе се изненадиш кога ќе сфатиш дека и дел од твоите претпоставени имаат одамна пасош од друга земја.

Оние кои уво не ги боли за својата татковина, вадат.
Својата татковина е интересно терминче, друга дискусија е тоа.

Немам намера да убивам луѓе зошто се предавници.
Уште наредба ти фали, па можеш да почнеш и тоа. :D

Не прават нешто ново де. Од таквите секогаш страдала оваа земја.
Исто и за тебе, душо. Пријатна вечер.
 
Луд ли си ти ? Или сакаш мене да ме направиш луд.. Извадиле бг пасош за да купат кола ? Да ги ебам сите што за кола гзот си го даваат и после тие таквите ја треба да ги жалам,зашто ваделе пасош од што биле гладни..Гниди оросписки, да можат и немиен ќе го примат за 2 нови гуми со бандажи..ете толку им сече на таквите

Prijatele ako si ti olicetvorenie na portokalovata revolucija i nejzin tipicen proizvod, togas sto pobrzo neka se vraka pusto tursko:tapp:

Kakov narod, takva drzava. So vakvi ko tebe i Balkanov ni e mnogu, ne pa Evropa kje ja barame.
 
Јас би ве замолил да не го закачате Цитро. Тој фер и коректно си ги одработува своите 300 денари на ден плус бесплатен интернет, се разбира во согласност со неговите интелектуални капацитети...
 
Во право си, јас не можам да те натерам да престанеш да пишуваш, ама партијата те издаде во еден од претходните постови.

Зборуваме за чувства и наредби, патриотизам за некои членови се и навредите упатени до соговорникот. ;)

Ќе се изненадиш кога ќе сфатиш дека и дел од твоите претпоставени имаат одамна пасош од друга земја.

Својата татковина е интересно терминче, друга дискусија е тоа.

Уште наредба ти фали, па можеш да почнеш и тоа. :D

Исто и за тебе, душо. Пријатна вечер.

Не забегувај, разочаран Македонецу.
Јас немам претпоставени во партија и не знам што тоа партијата ме издала. Јас гласам таму не од финансиски, социјален, итн аспект, исклучиво национален. Мене тоа моментално најмногу ме интересира.
Додека се борат за зачувување на ова име, јас нема да се интересирам за друго.
Продадени души има секаде, не гледам зошто и јас би била дел од нив.
Биди промената која сакаш да ја видиш во светот.... е јебига, светот е мрзлив за промени.
Да ми нареди никој ништо не може, јас прво одам по мои принципи, потоа почитувам туѓи.
Ако во мојата свест нешто сум зацртала.... нит партија, нит родител можат против тоа.

И како што се изјаснив, мудрецу што ми ги извртува постовите, ниту една партија, функционер, човек, не е поважен и поголем од името и земјата Македонска.

Веќе лично сме зборувале, и знаеш дека јас дури и да имам ,,далечна,, љубов, ќе се откажам од неа .......... добро знаеш зошто нели, ама поубаво е да ме правиш партиски полтрон, отколку да признаеш дека твојата вистина има и друга страна.
 
Не забегувај, разочаран Македонецу.
Јас немам претпоставени во партија и не знам што тоа партијата ме издала. Јас гласам таму не од финансиски, социјален, итн аспект, исклучиво национален. Мене тоа моментално најмногу ме интересира.
Додека се борат за зачувување на ова име, јас нема да се интересирам за друго.
Продадени души има секаде, не гледам зошто и јас би била дел од нив.
Биди промената која сакаш да ја видиш во светот.... е јебига, светот е мрзлив за промени.
Толку и од лажниот патриотизам. :D

Има разлика помеѓу тоа што го нарекуваш патриотизам и ова твоето, национализам.

За промена на името, има тема, има движење, има работа. А седејќи дома и мрчејќи за пасоши/државјанства и одлив на умови, нема да пидонесеш да остане името, ако решат други да менуваат.
И јас сум против менување на името, ама не е до мене, мене нема да ме праша никој.
Веќе лично сме зборувале, и знаеш дека јас дури и да имам ,,далечна,, љубов, ќе се откажам од неа .......... добро знаеш зошто нели, ама поубаво е да ме правиш партиски полтрон, отколку да признаеш дека твојата вистина има и друга страна.
За тоа никој друг не ти е крив, сама си го побара. Почна со провокации, кои преминуваат полека во навреди.

Утре опозицијата да видам дека има подобар план, можеби за нив ќе гласам.
Сончогледи ги нарекуваа таквите луѓе порано. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom