Музеј Македонска Борба - предлози и впечатоци

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.870
Поени од реакции
2.752
Денеска го посетив музејов,феноменален е!!Неможев да сликам ништо ..заради камериве..
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Во мадам Тисо е дозволено сликање затоа што тоа е музеј на восочни фигури. Во руските музеи беше дозволено сликање но без блиц затоа што една убава фотографија во боја на некоја слика или артефакт, може да се употреби (злоупотреби) за различни цели. Некој може бесплатно и без дозвола да си прави монографии, рекламни (за туристичките агенции) брошури, флаери, разгледници и сл. - тоа е најбезазлената работа што може да произлезе. За добро да ги фотографираш треба да побараш дозвола со оправдана причина (а можеби и се плаќа за тоа).
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
И Лазар Колишевски го има, но не видов дека некој се буни за тоа.
Сам без водич не те пуштаат. А водичот убаво објаснува за секоја слика, за секоја личност, за секој настан во музејот. Водичот нема да пропушти да каже дека Михајлов бил крвник, нема да пропушти да каже дека Лазар Мојсов, Панта Марина и Коле Чашуле го осудиле Ченто... Музејот мора да се посети за да се коментира, мора да се слуша за да се коментира.
Може да се даваат коментари при разгледувањето , а после разгледувањето може и подетално да се разговара со водичот. Јас добив можност да зборувам за Христо Узунов за време на разгледувањето :)
Инаку музејот е преубав.
E така.Тоа е затоа што овие кои си ги набројал имаат сеуште свои симпатизери.Јас се кладам утре или кога и да е нека се смени власта истиот тој водич ќе зборува поинаку.Кај нас се можно.Да не те чуди утре како некој водич ќе ти кажува како Колишевски е народен херој,а Мојсов и компанија морале за доброто на Македонија да го осудат Ченто....
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
се убаво во музејов многу е добар ептен се се топ ама има 2ца албански фигури кој што немаат ама апсолутно никаква врска со македонската борба се гледа дека се со сила стаени и тоа ИЧ не ми се допаѓа
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
E така.Тоа е затоа што овие кои си ги набројал имаат сеуште свој симпатизери.Јас се кладам утре или кога и да е нека се смени власта истиот тој водич ќе зборува поинаку.Кај нас се можно.Да не те чуди утре како некој водич ќе ти кажува како Колишевски е народен херој,а Мојсов и компанија морале за доброто на Македонија да го осудат Ченто....
Ова е веќе пишување од инает. Не се нарекува за џабе тој дел од музејот „жртви на комунистичкиот режим“ а таму го нема само Ченто, туку ги има сите жртви.
И да сигурен сум истиот тој водич дека нема да зборува поинаку.
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Ова е веќе пишување од инает. Не се нарекува за џабе тој дел од музејот „жртви на комунистичкиот режим“ а таму го нема само Ченто, туку ги има сите жртви.
И да сигурен сум истиот тој водич дека нема да зборува поинаку.
Во ред ајде не пишувам повеќе од инает.Темава за мене е завршена но времето ќе покаже дека сум бил во право земаќи го во предвид омаловажувањето на музејот од некои пол.курфактори уште пред да се отвори.:sleep:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Ти не појден во музејот се фрли на плукање по него. Нити сега а нити во иднина нема да бидеш во право.
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Ти не појден во музејот се фрли на плукање по него. Нити сега а нити во иднина нема да бидеш во право.
Jас веќе видов дека сум во право.Музејот нее омаловажен од мене.Јас при првата посета на Скопје ќе го посетам и како што велиш можеби ќе бидам воодушевен.Но како што реков музејот е веќе омаловажен од некои политички структури кои жртвите на македонската борба сеуште не ги признаваат.Па тоа и јавно го кажаја.Мислам дека знаеш на кого мислам.Иначе штом толку посетители се воодушевиле од посетата сигурно сте во право.Само ќе те потсетам на Пелинце.Дали виде во каква состојба беше?Кај нас не зависи од тоа дали е нешто добро смислено и направено,кај нас зависи дали ќе и се допадне на едната или другата политичка опција.
 
Пак пишување од инает. Само да те потсетам за музејот правиме муабет. Во него има дел кој се вика „Жртви на комунистичкиот режим“.
Во него ги има скоро сите евидентирани жртви на тој режим.
Инаетџијо оди види како е прикажан тој дел од музејот, види како се прикажани Ченто, Шатев, Шишков, Брашнаров... види се што има налепено по ѕидовите, па после дојди и кажи кој бил во право.
 
Јас веќе реков.Ќе дојдам.Но повикај ги соросоидите кои мислат дека Скопје е силуван па види тие што ќе ти кажат.Нормално ако не слушна што кажаја тие.А за мене?Биди сигурен дека ќе ми се допадне.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.780
Во прва можна прилика одам да го посетам.
Се изначитав на темава, позеленев од завист! :)
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Баш ќе го посетам деновиве па ќе ви кажам впечатоци и како посетител а и од попрофесионален агол :).
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Го посетив музејот и ако дадам комплетна анализа ќе зафати 5 страни така да ќе бидам краток :).

Нешто ново е кај нас, добар е ама можел да биде и многу подобар.

Позитивно е што тоа што фали (а фалат доста работи) може да се додаде односно корегира без нешто да се исфрла што е веќе таму.

Објаснувањата од водичот се штури и кратки и оставаат многу празнини како и целата приказна. Има експонати, супер е замислен ама наместо фигурите и сликите да ја следат приказната е обратно. Фали една нишка која се тоа го поврзува во непрекинат континуитет.

Таванот не е по мој вкус а и целиот музеј е премрачен, така да натписите на куклите и сликите едвај се читаат, односно најчесто не се читаат.

Осветлувањето е генерално лошо решено и треба да се подобри.

Постои огромна разлика во квалитетот на одредени слики, некои се одлични а некои многу слаби, требало да биде поизедначен квалитетот.

Многу од куклите и сликите воопшто немаат табли така да за Ванчо Михајлов ќе чуете дека формирал една ВМРО фракција и ништо повеќе а како и зашто нема објаснување. Исто е и за многу други личности, ептен кратко објаснување од водичот, овој бил војвода таму, овој онаму ама нешто повеќе за нив нема да дознаете зашто нема табли со објаснување.

Делот за жртвите на комунизмот потресува и трогнува посебно кога ќе видите истакнати борци за македонската кауза на Голи Оток или во затвор или внуците на познати војводи убиени веднаш по војната од УДБА и влезот во СФРЈ.

Супер е почнато но треба да се доврши и докорегира за да стане музеј на светско ниво.

Можам уште многу работи да коментирам но нема потреба, за некој што не шетал по странски музеи ова ќе биде откровение а за тие што се профи ќе знаат и сами каде и кои делови треба да се довршат и подобрат.

Пс. Земете си блуза, внатре по кратки ракави ќе се скочаните, студено е ради восочните фигури :).
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Не се жртви на комунизмот. Тоа е премногу воопштено (исто има жртви и на капитализмот). Нивните џелати имаат име и презиме...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom